Како нова кола свети.
Не осети никакви диоптрии од кои се плашат сите што мислат да полираат стакла?
Не нема никаква диоптрија. Една од линиите беше доста длабока и требаше доста полирање за да ја извади Даме, и покрај тоа пак си остана малку да се познава линијата. Не е семоќна пастата, ако брисачот стругал со метал по стаклото.
Штосот е да полираш поголема површина околу оштетувањето за да немаш burn in момент и да ти се јави диоптрија.
Со здравје да се служи !!!
Него после сите преправки и поправки, не ти беше поефтино да купиш друго возило
Било која кола што ќе ја купев на старо на местото на Цитроенот пак ќе го поминеше истиот третман. Исто ќе ми излезе математиката во секој случај. Колку сака нека е "коска" добра, здрава колата што ти ја продаваат, секој гледа да се ослободи од неа без да инвестира во било што. Никој не продава кола на старо целосно сткомена како што сакаш ти или јас.