Веројатно е така како што пишуваш, ама не е проблем толку удобноста на седиштето, колку просторот што го има колата за комотно да седиш. БМВ 3ка и 5ка се мали за мене и мојата фамилија, исто и X5, нема доволно простор и нема повеќе простор од тоа што сега го имам.
Од кога го пишав постот, искочи во меѓувреме и Mazda CX-6e, пробана, возена 40тина км, задоволува критериуми, има повеќе простор и за возач и за патници позади, па е многу веројатно да биде моето следно возило.