Автор Тема: Мислења/совети/помош за нова кола  (Прочитано 56686 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30901
    • CARclub.mk
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #360 на: 20 Октомври 2026, 19:16:00 pm »


И неколку милијарди инвестиции во енергетската мрежа која е дотраена веќе 20 години и не може да го поднесе ни постојниот терет, а пак тек сите идни приклучоци. Ама никој не го ни спомнува тоа во јавност. Нашиве ставаат нов тепих на скапан под.

This!

Нашата електрична мрежа нема теоретска шанса да го издржи тој притисок.

Според мене една од главните причини зошто немаме субвенции за електрични возила и plugin хибриди е токму тоа.

Моментално имаме нешто над 2000 возила (https://www.carclub.mk/2026/07/07/kolku-elektricni-vozila-ima-vo-makedonija/).

Ако се либерализира увозот на електрични возила (доволно е само да се укине ДДВ-то како во Бугарија да речеме) и ако се регистрираат отприлика 40000-50000 електрични возила (што е сосема реално и возможно), енергетскиот систем ќе колабира.

Или поедноставно

40000 возила, со тајмер (што се мести во settings на колата) почнуваат да полнат струја во 22:01 (евтина тарифа).

Домашен полнач 11KW, отприлика почнува во просек да влече околу 7.5KW - во превод околу 300MW струја.

Тоа е целиот капацитет на РЕК Битола кој работи во тој момент (или два блока одеднаш).

Немаме „резерва“ да го избалансираме тој пик, макар и да се разреди на подолг период од 10-15 минути.

Муабетов на прва изгледа како држи вода, заради тоа што правиш една претпоставка - претпоставуваш дека сите електрични возила би се полнеле во исто време. Ама нема да се полнат во исто време, исто како што не одат сите коли со МВС на бензинска во исто време.

Електрични возила се полнат еднаш или два пати неделно. Можеби се дополнуваат почесто, ама тоа се кратки сесии од саат-два. Краткотрајно дополнување.

Плаг-ин хибриди можеби се полнат/дополнуваат почесто, ама со новиве поголеми коли што имаат поголеми батерии и имаат поголема автономија на струја, и тие веќе се дополнуваат еднаш на 2-3 дена. Плус, на домашен полнач тие се полнат со 2-3 kW. Не повеќе.

Да не се разбереме погрешно, дека треба инвестиции во електрична мрежа, треба. Ама дека 40-50.000 електрични возила одеднаш ќе ја оптеретат мрежата - нема. Прво, со никакви субвенции (или даночни олеснувања) нема бројката толку брзо да стигне 40-50.000 возила, а второ - нема сите тие да се полнат во исто време.

Едит: Да дополнам. Полнењето не функционира така како што кажуваш. Сите не почнуваат во 22:01, дури и да им се тајмерите така подесени. Обично ако штелуваш полнење меѓу 22:00 и 07:00, полнењето е на „интервали“, односно се полни, па престанува, па се полни, па престанува, итн, за да дојде до саканиот процент (да речеме 80% или 100%) во 07:00. Која е поентата да почне да полни во 22:00, да ја наполни батеријата до 100% до 02:00 (да речеме) и да ја држи на 100% до 07:00? Таквото полнење е штетно за батеријата, колку подолго стои на 100%, толку повеќе се деградира.

Панели да, ама имаш еден проблем - само преку ден „работат“.

Нека работат само преку ден. Ти преку ден цело време си во кола? Секако дека не. Реално, колата ти/ми/ни е паркирана 95% од времето. Нормално, ако имам можност евтино и преку ден да полнам, со задоволство би полнел. Понекогаш полнам во дневниот блок на евтина струја. Не дополнува многу, бидејќи полначот е само 2.3 kW, ама нека има.
« Последно менување: 20 Октомври 2026, 19:27:41 pm zeroSignal »

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7943
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #361 на: 20 Октомври 2026, 23:46:06 pm »
Панели да, ама имаш еден проблем - само преку ден „работат“.

Нели има опција за складирање на струјата преку батерии?

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5562
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #362 на: 21 Октомври 2026, 07:03:15 am »
Toa e toj magicen krug: paneli, baterii, e koli nema kraj..... magepsan krug koj se servira kako ekologija i sto ti jas znam....

Sent from my SM-S938B using Tapatalk


Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4269
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #363 на: 21 Октомври 2026, 08:41:52 am »
Далеку сме ние од 50к електрични возила. Да не се лажеме самите себе.

Можеби во Скопје каде што има многу нови згради е изводливо да се има полнач во паркингот, во другите делови од Македонија тоа е научна фантастика која што наредни 20 години нема да се смени.

Пробал некој од тука по легален пат во ЕВН да добие дозвола за зголемување на моќност на саат и поставување на уште еден кабел на постоечкото броило за да може да постави полнач на физички друго место(подрум, гаража), а истиот да е врзан на броилото од станот?

Не е само да теоретизираме, така изгледа се бајно. Во пракса е многу подруго да се постигне масовно лесно користење на електрични возила на територија на цела држава како што е нашава.
« Последно менување: 21 Октомври 2026, 08:52:15 am Sase_91 »
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15361
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #364 на: 21 Октомври 2026, 09:16:38 am »
2026 година можда сме далеку, ама ако се направат услови, како во сите земји кај што има полначи на секој чекор, зошто да не.

Што се однесува за полнењето, ова е груба симуалција, ама може да е доста реална, бидејќи зборував за „ударна“ сила кога ќе се уклучат сите полначи, без разлика колку кратко ќе трае.

Нормално дека полнењето е модулирано.


Батерии: Да, ова е спасот. Моментално тренд е да се земаат амортизирани батерии пример Nissan Leaf, стари Тесли и слично, вишокот струја акумулиран во денот си ги складираат во тие батерии, па навечер ја користат таа струја.

Има опции сега, а во блиска иднина ќе биде сето ова доста достапно за сечиј џеб вклучувајќи и кај нас.


Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4473
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #365 на: 21 Октомври 2026, 09:20:38 am »
Koлку што гледам од извештајот на МЕПСО некој веќе го снабдува системот со струја од голем батериски систем поврзан на ФЕЦ.

https://www.mepso.com.mk/files/mk/dnevni/%D0%98%D0%BD%D1%84%D0%BE%D1%80%D0%BC%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%B7%D0%B0%2018.10.2026.pdf
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3547
  • Хюндай Тюсон
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #366 на: 21 Октомври 2026, 09:24:11 am »
2026 година можда сме далеку, ама ако се направат услови, како во сите земји кај што има полначи на секој чекор, зошто да не.

Што се однесува за полнењето, ова е груба симуалција, ама може да е доста реална, бидејќи зборував за „ударна“ сила кога ќе се уклучат сите полначи, без разлика колку кратко ќе трае.

Нормално дека полнењето е модулирано.


Батерии: Да, ова е спасот. Моментално тренд е да се земаат амортизирани батерии пример Nissan Leaf, стари Тесли и слично, вишокот струја акумулиран во денот си ги складираат во тие батерии, па навечер ја користат таа струја.

Има опции сега, а во блиска иднина ќе биде сето ова доста достапно за сечиј џеб вклучувајќи и кај нас.



Батерии од стари возила не е решението.

Вака се прави тоа.

https://www.dw.com/en/how-bulgaria-become-a-global-leader-in-battery-storage-and-what-this-means-for-the-countrys-grid-and-energy-market/a-79428289

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6464
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #367 на: 21 Октомври 2026, 09:42:47 am »
Демек буарија паметна е ? EU funds е проектот. Сите знаат со туѓи пари како. Плус уште повеќе простор се има за дубари со земјишта итн :) Мајче имаат ебано :)
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30901
    • CARclub.mk
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #368 на: 21 Октомври 2026, 10:00:37 am »
Далеку сме ние од 50к електрични возила. Да не се лажеме самите себе.

Многу сме далеку. Многу многу. И многу причини има за тоа - од инфраструктурни, до културолошки.

2026 година можда сме далеку, ама ако се направат услови, како во сите земји кај што има полначи на секој чекор, зошто да не.

Да се дрзнат нашиве да намалат комплет даноци, моја груба претпоставка е дека ќе треба да поминат околу 10-тина години за да стигнеме до некоја бројка од 50.000 ЕВ.

Демек буарија паметна е ? EU funds е проектот. Сите знаат со туѓи пари како. Плус уште повеќе простор се има за дубари со земјишта итн :) Мајче имаат ебано :)

Конкретно за ова? Да, многу паметна. Без разлика од каде се парите и какви дубари се направени. Она што го направиле со батериите е долгорочно одлично за државата.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6464
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #369 на: 21 Октомври 2026, 10:10:34 am »
Еми во европска се им следуваат, и ние да не бевме кочени од нив за тсму, ќе беше Рек гасифициран пред 10 години како и сите електрани што се на истаа линија со рек во Гр и ќе имавме право за вакви пари да цицаме.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3547
  • Хюндай Тюсон
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #370 на: 21 Октомври 2026, 10:16:36 am »
Влегуваат и кај нас европски пари за разни зелени енергии. Само ние не купуваме батерии туку цели флоти електрични возила за такси компании на приватни лица со нив. Или топлински пумпи на хотели и слични ствари. Немате претстава колку вакви приватни проекти се направени со европски пари..

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7294
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #371 на: 21 Октомври 2026, 10:38:06 am »
Немојте да мислите дека би имало било какви субвенции за ел. возила. Секоја субвенција/ослободување е намалување на прилив.
А ние сме константно во минус.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9620
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #372 на: 21 Октомври 2026, 10:38:52 am »
Ke zemat kredit nemaj gajle

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4473
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #373 на: 21 Октомври 2026, 10:39:25 am »
Па веќе има субвенција со тоа што се ослободени од ДМВ при увоз.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9620
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #374 на: 21 Октомври 2026, 10:40:47 am »
Batalete toa go biva li Bigster so 1.8 Hybrid motorot?