Се укажа прилика вчера саботно да прошетаме со сопругата низ неколку салони и да разгледаме што се нуди за да се подновиме.
Примарно ми е да земам покомотно возило од Golf Sportsvan-от што го имаме сега, кој е од 2019та.
На првичната листа ми беа: Audi A6, VW Tiguan, VW Tayron, Skoda Octavia, Skoda Superb, Citroen C5 Aircross, BMW 5.
Со метрото во рака ги проверив следниве коли:

Мерењето го правев со седиштето за возач до крај, ширината е мерена од раконаслон на лева врата до десна врата (сега се пошироки раконаслоните, затоа коли се потесни од мојата), позади мерец растојание од крај на предно седиште до почеток на задно седиште, и за крај од крај на задно седиште до местото каде се среќаваат рамниот дел од задното седиште и наслонот за грб.
А6ката ме разочара, а претходно многу и се радував, дека од сите во табелата најубава ми е, плус внатре дисплеите се топ, за разлика од другиве каде се како наштекан таблет, тоа не ми се свиѓа.
Пасатот не беше у план, ама го имаа па ајде да го измерам и него, иако на сопругата ич не и се свиѓаше. За разлика од пасатот, имаше паркирано и Arteon SW, тој и се допадна, ама веќе затвараа па немаше време да го измерам.
Тајронот иако најголем по димензии, вториот ред има многу малце место заради третиот ред. Тигуанот има повеќе простор на задни седишта.
Октавијата некако многу мала беше, се зачудив, па не ја ни измерив.
Супербот е иста ко пасатот, само многу лоши пластики имаше, како во дачија, такви тврди ефтини пластики. А не беше основен модел, пошто беше 65К еур.
Од првава тура гледање, ако треба да одберам веројатно би бил Тигуанот, ќе му дојде како подновување во споредба со мојата и до некаде помал простор за нозе позади. А и годишните трошоци (гориво и данок) за возење се тука негде со мојата, за нијанса плус (за мотор 1.5 eTSI).
Потрагата ќе се прошири сигурно и на други модели, како Honda CR-V на пример, можеби Е класа (барем да ја измерам, иако не се баш ефтини), и плус да ги видам и тие што не ги видов од првичниот план.