Автор Тема: Мислења/совети/помош за нова кола  (Прочитано 42806 пати)

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6984
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #255 на: 09 Февруари 2026, 13:39:20 pm »
Доволно ни се 397 евра минимална и 747 евра просечна плата.

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6869
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #256 на: 09 Февруари 2026, 14:27:59 pm »
Иронија.

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3641
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #257 на: 09 Февруари 2026, 16:44:50 pm »
Утре сите заедно на протест, да видат тие како е и со минимална и просечна да се тера живот.Како е да се возат со автобуси на работа или своја кола комбинации и етц,Неможе некој да лапа пратеник така наречен за 48 месеци околу 120 до 150илјади евра.Утре сите на протест да се избориме за достоинствен живот едноставно по мизерно од ова нема друго објаснување ако ви е арно седете и трајте ние неколку илјадници ке се бориме.
You have to start with the truth. The truth is the only way that we can get anywhere. Because any decision-making that is based upon lies or ignorance can't lead to a good conclusion.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2525
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #258 на: 09 Февруари 2026, 17:37:58 pm »
Минимална плата како концепт не треба да постои. Баш поради тоа што постои е и толку ниска.

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6869
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #259 на: 09 Февруари 2026, 19:02:56 pm »
За жал 170 земји во светот имаат закон за минималец.

Присутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7118
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #260 на: 09 Февруари 2026, 19:06:47 pm »
Минимална плата како концепт не треба да постои. Баш поради тоа што постои е и толку ниска.

Пред да постои таа минимална плата и многу работници не ја земаа. Или пак ја земаа во многу помал износ од тој што уште на времето од 8050 денари беше првично утврден.

Прашај паталци, а не од својата комфорна зона да поставуваш заклучоци, а очигледно тебе секирата ти е во медот па продаваш демагогии.

Ама не сите функционираат така како што тебе ти се наместило во животот.

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3641
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #261 на: 09 Февруари 2026, 19:28:36 pm »
Точно така, јас тоа време го паметам убаво ама не како нешто што било подобро, туку како животна лекција. За жал, од тогаш наваму сè оди само на полошо. Нема прогрес, нема подобрување тажно, ама вистинито. 21 век сме, 2026 година, а платата е бедни 22 илјади денари, односно околу 350 евра.

Доста е веќе со манипулации. Нека излезат, нека прошетаат низ сите градови, низ цела држава, па нека видат колкави се платите. Брат ми, со два факултета, високо образование и одговорна работа, зема едвај 50.000 денари. Два факултета а не е во партија, не е „сендвичар“, не е ни вемеровец, ни комуњар, ни од било која од тие 50+ регистрирани партии во оваа вукојебина.

Имаш над 10.000 вработени што ни самите не знаат што работат, а земаат плата. Зошто? Ни тие не знаат. А цела нација страда. Немаш функционален здравствен систем, па понатаму сè е распад.

Имаш медицинска сестра што работи за под 25.000 денари. Имаш доктор што не е партиски, со плата од едвај 40.000 денари, по 8 години студирање, жртвувано здравје и живот, и учење цел живот. И после ќе ти дојде некој пратеник да ти соли памет — човек што зема 120.000 до 150.000 ЕВРА за еден мандат. Што точно прави тој човек добро за сите нас што живееме тука?

Ако сум јас печалбар и работам во странство, тоа не значи дека еден ден нема да се вратам и да работам во Македонија. Зошто да не работам и да живеам тука?!

Еве, нека земаат сите тие во собрание, влада, министри и тие измислени функции плата како нас од 22.000 до 50.000 денари па нека дадат пример. Не можеш ти мене да ме убедуваш со приказни и манипулации.

Стави јасно правило: 169 работни часа месечно × 7 евра на час. И секоја година, на 1 јануари, по 1 евро покачување. Ако 2026 е 7 евра, 2027 да биде 8 без разлика која партија е на власт. После 4 години, мислам дека никој не е толку глуп како во времето на Титова Југославија со 4 одделенија школо.

Не бранам никого и не напаѓам никого. Секој што се родил ќе умре. Ама додека живееме да има смисла. Да не живуркаме. Тоа почнува од системско уредување на општеството, односно државата.

Ние ќе умреме, ама додека сме живи нема да трпиме и затоа и си одиме за подобро И СЕГА НАЈЈАКОТО ПА ОДЕТЕ СИ КАДЕ ВИ Е АРНО. Имаш луѓе што не се симнуваат од прес-конференции. Ало човече, зошто земаш плата? Објасни ми. Зошто земаш плата и што точно придонесуваш со твоето постоење тука? Кратко и јасно.
You have to start with the truth. The truth is the only way that we can get anywhere. Because any decision-making that is based upon lies or ignorance can't lead to a good conclusion.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2525
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #262 на: 09 Февруари 2026, 20:58:45 pm »
Минимална плата како концепт не треба да постои. Баш поради тоа што постои е и толку ниска.

Пред да постои таа минимална плата и многу работници не ја земаа. Или пак ја земаа во многу помал износ од тој што уште на времето од 8050 денари беше првично утврден.

Прашај паталци, а не од својата комфорна зона да поставуваш заклучоци, а очигледно тебе секирата ти е во медот па продаваш демагогии.

Ама не сите функционираат така како што тебе ти се наместило во животот.


ОК, еве отвори бизнис и обезбеди две минимални плати по 36000 денари нето, 50 и кусур бруто, вработи некој покрај себе и ќе разговараме. Ама биди и достоен социјалист и марксист и коа вработениот ќе гледа што помалце да работи и што повеќе да те украде. 15 години сум работел пријавен на минималец, рестото на рука ако го сработам ко шо треба, така да нема потреба од паметување. Ништо у живот нема да ти се намести ако сам не се потрудиш.

Луѓе кои ги бивало напуштале поради еднаков или сличен третман како оние кои не го бивало. Бидејќи нели - минимална или иста плата. Па така работодавачи остануваа со дебили, а оние што ги бива - чао џаци преку граница.


А најголем дел работодавци гледаат да исплатат минималец и да те убедат дека толку е платата. Баш поради тоа е и ниска таа минимална плата. Демек постои за социоекономски мир, а суштина ги угнетува луѓето. Нешто слично како фиксниот курс на еврото 30 години, за луѓето да се убедени во стабилност на денарот.

П.С. Дечките од Баир што протестираа пред некој ден, ќе ја земат истата минимална плата како и сите други, ќе го имаат истото здравствено осигурување и ќе ги уживаат истите минимални права. Пошто нели, социјална држава.
« Последно менување: 09 Февруари 2026, 21:21:30 pm Bravo »

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3415
  • Хюндай Тюсон
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #263 на: 10 Февруари 2026, 10:26:50 am »
Наместо да разговараме за максимален праг на кој ќе се плаќаат давачки за вработените а не да ги казнуваме успешните на сметка на забушавачите ние сакаме контра ефект. Пологично е да се воведе максимален праг бидејќи јас ако имам 10 пати поголемо бруто и платам 10 пати повеќе здравствено од тебе нема моето лекување да кошта 10х за иста работа. Или да полнам 40 години буџет со максимално пензиско за пензија која не е наследна во семејството па ако рикнам на 64 години цел мој труд да отиде во неповрат и моето семејство да има 0 бенефит од големата сума што сум ја влеал во пензиското.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2376
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #264 на: 10 Февруари 2026, 10:30:57 am »
Наместо да разговараме за максимален праг на кој ќе се плаќаат давачки за вработените а не да ги казнуваме успешните на сметка на забушавачите ние сакаме контра ефект. Пологично е да се воведе максимален праг бидејќи јас ако имам 10 пати поголемо бруто и платам 10 пати повеќе здравствено од тебе нема моето лекување да кошта 10х за иста работа. Или да полнам 40 години буџет со максимално пензиско за пензија која не е наследна во семејството па ако рикнам на 64 години цел мој труд да отиде во неповрат и моето семејство да има 0 бенефит од големата сума што сум ја влеал во пензиското.

Има максимален праг и кај нас. Прагот е 15000 евра над тоа не плаќаш придонеси  ;D ;D ;D ;D ;D ;D ;D ;D

Колку и да нејќам да признаам, во Бугарија е одличен даночниот режим... Мислам дека 2100 евра беше највисокиот праг за придонеси? А и процентуално испаѓа помалку и на суми под тоа. Само кај нас треба да се финансира државна администрација и тоа нема никогаш да се случи.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3415
  • Хюндай Тюсон
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #265 на: 10 Февруари 2026, 10:32:21 am »
и тој го зголемија од 6 до пред некоја година на 12 просечни плати сега ;D

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4591
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #266 на: 01 Март 2026, 21:33:29 pm »
Се укажа прилика вчера саботно да прошетаме со сопругата низ неколку салони и да разгледаме што се нуди за да се подновиме.
Примарно ми е да земам покомотно возило од Golf Sportsvan-от што го имаме сега, кој е од 2019та.
На првичната листа ми беа: Audi A6, VW Tiguan, VW Tayron, Skoda Octavia, Skoda Superb, Citroen C5 Aircross, BMW 5.
Со метрото во рака ги проверив следниве коли:


Мерењето го правев со седиштето за возач до крај, ширината е мерена од раконаслон на лева врата до десна врата (сега се пошироки раконаслоните, затоа коли се потесни од мојата), позади мерец растојание од крај на предно седиште до почеток на задно седиште, и за крај од крај на задно седиште до местото каде се среќаваат рамниот дел од задното седиште и наслонот за грб.
А6ката ме разочара, а претходно многу и се радував, дека од сите во табелата најубава ми е, плус внатре дисплеите се топ, за разлика од другиве каде се како наштекан таблет, тоа не ми се свиѓа.
Пасатот не беше у план, ама го имаа па ајде да го измерам и него, иако на сопругата ич не и се свиѓаше. За разлика од пасатот, имаше паркирано и Arteon SW, тој и се допадна, ама веќе затвараа па немаше време да го измерам.
Тајронот иако најголем по димензии, вториот ред има многу малце место заради третиот ред. Тигуанот има повеќе простор на задни седишта.
Октавијата некако многу мала беше, се зачудив, па не ја ни измерив.
Супербот е иста ко пасатот, само многу лоши пластики имаше, како во дачија, такви тврди ефтини пластики. А не беше основен модел, пошто беше 65К еур.
Од првава тура гледање, ако треба да одберам веројатно би бил Тигуанот, ќе му дојде како подновување во споредба со мојата и до некаде помал простор за нозе позади. А и годишните трошоци (гориво и данок) за возење се тука негде со мојата, за нијанса плус (за мотор 1.5 eTSI).
Потрагата ќе се прошири сигурно и на други модели, како Honda CR-V на пример, можеби Е класа (барем да ја измерам, иако не се баш ефтини), и плус да ги видам и тие што не ги видов од првичниот план.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7791
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #267 на: 01 Март 2026, 22:06:20 pm »
Ова е најновата А6, така?

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4591
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #268 на: 02 Март 2026, 08:07:11 am »
Не, претпоследниот модел, до 2025та, C8.
Најновиот, C9 ми е надвор од ценовен ранг.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6693
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #269 на: 02 Март 2026, 09:31:17 am »
Мерцедес е-класа не ни гледај, многу е тесен позади за жал. А тоа со пластиките во право си, голгф7 од 2016 година во квалитет на материјали и како е се склопено е светлосни години нанапред од новиве еквивалентни модели.