Автор Тема: Мислења/совети/помош за нова кола  (Прочитано 32690 пати)

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3343
  • Хюндай Тюсон
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #210 на: 11 Јануари 2026, 18:52:38 pm »
Не знам дали средиле нешто со мењачот на фејслифтот кај тусонот но реално проблемите со тргање или застанување што ги опишувате јас лично ги немам.
Единствено нешто што ме нервира е кога на угорница ќе намали брзина екстремно во втора и ќе смени одеднаш во прва и нагло ќе забрза. Не дека има некое сецкање во менувањето туку ти доѓа неочекувано. Затоа веќе секогаш кога ќе видам дека е угорница каде нема како со втора само си стискам со педала и си ставам прва мануал.
Скопје е релативно рамно и такви проблеми во реална вожња нема да искусиш само при излез од гаража. Во штип или низ уличките во велес веројатно би било поголем проблем

Друго фрапантно ми е при темпомат на 130 да вади 9.
кај мене се движи меѓу 7.5 и 8 зависи од делница. На отворено ретко сум добил над 8 потрошња.
Град 15 кратка релација, 12 средна и вон гужва ако начекаш подолга паѓа под 10.
Отворено околу 8 и тоа е.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6865
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #211 на: 11 Јануари 2026, 18:54:34 pm »
Со ниту еден од проблемите што ги наведе @MAPJAH не можам да се идентификувам.

Едноставно, ги немам. Потрошњата - таа е. 6 рамно комбинована.

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15057
  • Пудингот на шоферството
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #212 на: 11 Јануари 2026, 18:59:55 pm »
Или покажува колку уствари вреди продуктот што се продава.
Рална цена на продуктот е ололу 50-60% од продажната,се друго оди на ќар на произведувач,транспорт,такси,ќар на продавач.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44861
  • Il Moderatore
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #213 на: 11 Јануари 2026, 20:16:59 pm »
Не знам дали средиле нешто со мењачот на фејслифтот кај тусонот

Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4087
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #214 на: 11 Јануари 2026, 23:08:48 pm »
Што нуди повеќе Шкодата за 4.000 евра плус, ќе ми каже некој?

Подобар мењач (барем според тоа кратко што сум ја возел)
Поекономичен мотор за еквивалентна сила

Седиште во кое што можеш да најдеш возачка позиција.

И најверојатно други работи кои што човек ќе ги примети од кога ќе ги вози по долго време.

Јас кај Андреј сум возел камик со дсг, мењачот е светлосни години пред кија. Кога седнав многу лесно го наместив седиштетот по мое, додека кај кијата што ја имав 49100км никогаш не успеав. За потрошувачка да не праиме моабет.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Сѐ што наведе е субјективно.

Прво, затоа што кратко си возел. Како увиде дека е поекономична? Споредено со што? За колку километри?

Мењачот. Ај да видиме за мењачот второ мислење…

Ја споредував вожњата на Киата со Шкода Камик 1.5 ТСИ ДСГ.
Повеќе ми беше обрнување внимание, споредба на мењачите.
Од тоа малку што сум ја повозил впечатокот ми беше дека е побучна, малку понеудобна и дека помазно менува брзини ДСГ.
Овој пат, во тишина, без радио, сам в кола, увидов дека уствари не е баш така, во поглед на ДСГ. На ниски брзини, втора-прва знај исто да подзатреси, пред скроз да застани, на семафор пример. Како што спомнав и за Киата, некој ако не е цепидлака, нема да го сети тој момент :)
Се слуша малку звук при менување на брзини на истите тие ниски брзини.

Седиштето - исто субјективно. Ако очекуваш позиција како во М5, не знам шо да искоментирам.

Нема мерлива вредност за повисоката цена, едноставно е.

Од целата дискусија, заклучивме дека:
- Октавија е најдобриот автомобил некад направен
- Октавија нема конкуренција, јер је класа за себе
- Шкода е најекономично
- Шкода има најдобар ДСГ
- Шкода има најдобра изолација
- Шкода ја заебува и Алфа, освен кола, за парите нуди емоција, пасија, нешто што со бројки не се мери
- Шкода има најбољи конфигуратор на свет
- Шкода има најефикасни продавачи на свет
- Шкода има најербап пазарџии купувачи на свет, што со “добар ден” буткаат 2.000 евра од цената, што btw доста кажува за реалната вредност на возилото
- Шкода иде стартни со 7% повисока цена, за да ти ја спуштат уз кафе и да се осеќаш моќно, дека “баки, за тебе, еве 2000 евра попуст”
- за цена на Шкода и опрема, во 2026-та, мораш салон да посетиш. Мораш.
- само Мекларен има поскап бришач од Шкода

Туку, до кај е Поршето, заеби ја Шкода, повеќе нема да ја коментирам.

Наколче од Битола нека ги рипа моите постови, така за промена.


За кратката релација што го возев камикот (комшија сакаше да купи па се одлучи за волво) приметив дека по мазно тргнува (исто како и леонот кај Саше кој што е со таа моторизација). Можеш со гаста да контролираш како ќе се движиш, има подобро одлепување на ламелата, усовршено е, додека кај кија очајно лошо. На блага нагорнина, лизгава поглога или мазен асфалт е невозможно да тргнеш без да ти пролизгаат тркалата како да си возач почетник. На раскрсница ако решиш да излегуваш и случајно отпуштиш гас за да помине некое возило и после да влезеш по брз почнува да пролизгува ламелата и колата бавно тргнува што може да те стави во многу незгодна ситуација затоа што мораш да запреш на нула да смират обртаите за да тргнеш. Одамна имав пишано дека мењачот е катастрофа и лошо пресметан, ја минам велешка патарина стсвам темпомат на 115-120 и колата додека го качи нагорното 50-70 пати мења од 7 во 6 и обратно за да некогаш знае и во 5та да ја стави. Нема мануал мод за да ја заглавам во 6 или 7 за да не морам да ја пцујам секој пат (има но за 2-3  секунди повторно предрла во ауто).
Дебелината на лакот е мизерија, комарец ако се удри ќе ја изгребе, додека кај германска премиум кола нема такво нешто. Исто е и тојотата ЦХР што ја земавме пред неполна година, таа е неколку класи по лоша од кијата, за 32500 нема ниту сензори за рикверс, смрди на индиски дрес од трета лига, и ќе се распадне ентериерот до 80000км, звучна изолација нема, ама затоа има огромни зазори меѓу секој панел на каросеријата и секоја пластика внатре буквално.
Да спомнам и за потрошувачката на кијата, огромна е, Велес Солун Велес 11л/100км без насилно возење или над знаци, на 130 на темпомат ќе троши 9-9,5 минимум, што за мотор од 2023г е неопростиво, премногу е. 3.0д со 265-320кс не троши толку. Злате од форумов има октавија караван токму каква што дискутираме и потрошувачките што ги вади се смешни. Исто и Томица но кај него е пред фејслифт и троши околу литро плус. Седиштата кај мене не беа основниот пакет, па очекував да се седи подобро на нив. Сум ја возел на долги релации и секогаш кога ќе излезев од неа ко да ме тепале 5 души. Не ја фалам шкодата, никогаш не би ја купил, наместо нова октавија би земал 320д старо 2-3г и со некои 50-60000км и ќе возам кола, а не утешна награда. Тоа е мое мислење, во животов сум сменил над 20 лично мои возила, од луксузни до смарт и фиат 500. Нова кола не би купил никогаш повеќе, туку за тие пари би земал бмв или мерцедес напукан со опрема. Нека се расипува, гајле ми е, поарно ќе бидам слуга на бенве отколку господар на кија/дачија/цитроен. Тоа е цитат на истакнат член што и вози само премиум.
Инаку на сите ви посакувам да си купите порше, не мора кајен купе, може и макан за почеток. Ништо лично против никого, само да сме реални, во коливе што ги дискутираме воодушевен и презсдоволен ќе биде некој што во нив влегува од матиз, клио, нисан микра и останата конфекција, човек што возел вистинска кола ќе го дели моето нислење. Среќни празници, ве сака Марјан сељакот од Велес, на времето со бенве на бугарски таблици.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Како е Поршето со потрошња, и како си задоволен од менувачот?
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен shajka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 171
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #215 на: 12 Јануари 2026, 00:23:29 am »
Што мислите за BMW 218i Active Tourier? Во споредба со Renault Austral и Citroen C5 aircross , што е подобар избор?

ANYBODY?

Отсутен Lone

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 139
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #216 на: 12 Јануари 2026, 02:14:59 am »
Што мислите за BMW 218i Active Tourier? Во споредба со Renault Austral и Citroen C5 aircross , што е подобар избор?

ANYBODY?
ни двете. Шкода Октавија е подобар избор

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1147
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #217 на: 12 Јануари 2026, 15:51:59 pm »
Ова што го пиша Марјан за Киа е точно со менувачот и потрошувачка, седиштето не е како во BMW али еве мене ми одговара, вчера возев 5 саати и немав мака. Менувачот чудно работи и сецка брзини, ама тоа демек форсираат потрошувачка помала, ама и тоа слабо им иде. Сигурен сум дека некој има друга мапа да работи менувачот подобро, ама веројатно ке троши многу повеќе.

Е сега тука муабетот е за парите кај највише се добива, не што се добива. Киа и Хјундаи се многу кола за парите. Шкода едно време беше економично решение на VW ама сега со цените и они отидоа. И јас би одбрал BMW или Audi за иста цена со малце км, ама нема, барем 50% се поскапи.


Отсутен shajka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 171
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #218 на: 12 Јануари 2026, 23:55:00 pm »
Што мислите за BMW 218i Active Tourier? Во споредба со Renault Austral и Citroen C5 aircross , што е подобар избор?

ANYBODY?
ни двете. Шкода Октавија е подобар избор

Октавија што внатре е лоша копија на Тесла.?

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15303
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #219 на: 13 Јануари 2026, 16:35:32 pm »
Значи заклучивме, the ultimate wet dream на форумов е Октавија. :D

What a time to be alive :D

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4549
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #220 на: 13 Јануари 2026, 17:06:29 pm »
Мене одсекогаш Октавијата ми била класа над Сид и Голф, веројатно заради големината и комоцијата внатре. Зборам за добро опремен модел од сите возила, не основна со никакви пластики.
Имам возено октавии (службени), добро опремени на подолги релации од 100 км во еден ден, не ме заморувале ич, многу пријатни и комотни за возење. Мене тоа ми е прв критериум, да може да ме собере комотно, за жал Сид и Голф немаат толку простор и не ми е комотно баш. Штета Киа Оптима што не се произведува веќе, мислам дека тоа беше конкуренција на Октавија, те според мене многу подобра од нејзе.
Каталошката цена на Октавија мислам дека е превисока и не е оправдана, иако се е поскапено. Можеби игра улога и популарноста на брендот, па продавачите сакаат поголема заработка, и зашто да не, ако добро се продава. За разлика од тоа, па цената која се добива во понуда (конкретно од Андреј) е многу конкурентна и може и да е одлучувачка ако некој не е 100% решен за кој модел да се одлучи. А и добро е што не купуваат сите на форумов шкода, ќе беше многу досадно така :)

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3343
  • Хюндай Тюсон
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #221 на: 13 Јануари 2026, 22:10:02 pm »
Киа оптима сеуште се произведува но сега се вика к5 и изгледа многу добро




Низ мк не сум ги видел но низ софија чат пат се начекува некоја

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2475
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #222 на: 13 Јануари 2026, 22:31:43 pm »
Киа Оптима илимити К5 е во класа со Шкода Суперб.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4549
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #223 на: 13 Јануари 2026, 22:50:28 pm »
Многу добра изгледа, ама ја нема изгледа на европски пазар. Гледам во Германија има К4, прилично помало ауто од К5. Штета.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55212
  • Махер
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #224 на: 14 Јануари 2026, 08:47:26 am »
Ова навистина личи одлично, со 1.7crdi 140ks аутоматик би била многу солидна за 24.000 евра.