Што нуди повеќе Шкодата за 4.000 евра плус, ќе ми каже некој?
Подобар мењач (барем според тоа кратко што сум ја возел)
Поекономичен мотор за еквивалентна сила
Седиште во кое што можеш да најдеш возачка позиција.
И најверојатно други работи кои што човек ќе ги примети од кога ќе ги вози по долго време.
Јас кај Андреј сум возел камик со дсг, мењачот е светлосни години пред кија. Кога седнав многу лесно го наместив седиштетот по мое, додека кај кијата што ја имав 49100км никогаш не успеав. За потрошувачка да не праиме моабет.
Sent from my iPhone using Tapatalk
Сѐ што наведе е субјективно.
Прво, затоа што кратко си возел. Како увиде дека е поекономична? Споредено со што? За колку километри?
Мењачот. Ај да видиме за мењачот второ мислење…
Ја споредував вожњата на Киата со Шкода Камик 1.5 ТСИ ДСГ.
Повеќе ми беше обрнување внимание, споредба на мењачите.
Од тоа малку што сум ја повозил впечатокот ми беше дека е побучна, малку понеудобна и дека помазно менува брзини ДСГ.
Овој пат, во тишина, без радио, сам в кола, увидов дека уствари не е баш така, во поглед на ДСГ. На ниски брзини, втора-прва знај исто да подзатреси, пред скроз да застани, на семафор пример. Како што спомнав и за Киата, некој ако не е цепидлака, нема да го сети тој момент 
Се слуша малку звук при менување на брзини на истите тие ниски брзини.
Седиштето - исто субјективно. Ако очекуваш позиција како во М5, не знам шо да искоментирам.
Нема мерлива вредност за повисоката цена, едноставно е.
Од целата дискусија, заклучивме дека:
- Октавија е најдобриот автомобил некад направен
- Октавија нема конкуренција, јер је класа за себе
- Шкода е најекономично
- Шкода има најдобар ДСГ
- Шкода има најдобра изолација
- Шкода ја заебува и Алфа, освен кола, за парите нуди емоција, пасија, нешто што со бројки не се мери
- Шкода има најбољи конфигуратор на свет
- Шкода има најефикасни продавачи на свет
- Шкода има најербап пазарџии купувачи на свет, што со “добар ден” буткаат 2.000 евра од цената, што btw доста кажува за реалната вредност на возилото
- Шкода иде стартни со 7% повисока цена, за да ти ја спуштат уз кафе и да се осеќаш моќно, дека “баки, за тебе, еве 2000 евра попуст”
- за цена на Шкода и опрема, во 2026-та, мораш салон да посетиш. Мораш.
- само Мекларен има поскап бришач од Шкода
Туку, до кај е Поршето, заеби ја Шкода, повеќе нема да ја коментирам.
Наколче од Битола нека ги рипа моите постови, така за промена.
За кратката релација што го возев камикот (комшија сакаше да купи па се одлучи за волво) приметив дека по мазно тргнува (исто како и леонот кај Саше кој што е со таа моторизација). Можеш со гаста да контролираш како ќе се движиш, има подобро одлепување на ламелата, усовршено е, додека кај кија очајно лошо. На блага нагорнина, лизгава поглога или мазен асфалт е невозможно да тргнеш без да ти пролизгаат тркалата како да си возач почетник. На раскрсница ако решиш да излегуваш и случајно отпуштиш гас за да помине некое возило и после да влезеш по брз почнува да пролизгува ламелата и колата бавно тргнува што може да те стави во многу незгодна ситуација затоа што мораш да запреш на нула да смират обртаите за да тргнеш. Одамна имав пишано дека мењачот е катастрофа и лошо пресметан, ја минам велешка патарина стсвам темпомат на 115-120 и колата додека го качи нагорното 50-70 пати мења од 7 во 6 и обратно за да некогаш знае и во 5та да ја стави. Нема мануал мод за да ја заглавам во 6 или 7 за да не морам да ја пцујам секој пат (има но за 2-3 секунди повторно предрла во ауто).
Дебелината на лакот е мизерија, комарец ако се удри ќе ја изгребе, додека кај германска премиум кола нема такво нешто. Исто е и тојотата ЦХР што ја земавме пред неполна година, таа е неколку класи по лоша од кијата, за 32500 нема ниту сензори за рикверс, смрди на индиски дрес од трета лига, и ќе се распадне ентериерот до 80000км, звучна изолација нема, ама затоа има огромни зазори меѓу секој панел на каросеријата и секоја пластика внатре буквално.
Да спомнам и за потрошувачката на кијата, огромна е, Велес Солун Велес 11л/100км без насилно возење или над знаци, на 130 на темпомат ќе троши 9-9,5 минимум, што за мотор од 2023г е неопростиво, премногу е. 3.0д со 265-320кс не троши толку. Злате од форумов има октавија караван токму каква што дискутираме и потрошувачките што ги вади се смешни. Исто и Томица но кај него е пред фејслифт и троши околу литро плус. Седиштата кај мене не беа основниот пакет, па очекував да се седи подобро на нив. Сум ја возел на долги релации и секогаш кога ќе излезев од неа ко да ме тепале 5 души. Не ја фалам шкодата, никогаш не би ја купил, наместо нова октавија би земал 320д старо 2-3г и со некои 50-60000км и ќе возам кола, а не утешна награда. Тоа е мое мислење, во животов сум сменил над 20 лично мои возила, од луксузни до смарт и фиат 500. Нова кола не би купил никогаш повеќе, туку за тие пари би земал бмв или мерцедес напукан со опрема. Нека се расипува, гајле ми е, поарно ќе бидам слуга на бенве отколку господар на кија/дачија/цитроен. Тоа е цитат на истакнат член што и вози само премиум.
Инаку на сите ви посакувам да си купите порше, не мора кајен купе, може и макан за почеток. Ништо лично против никого, само да сме реални, во коливе што ги дискутираме воодушевен и презсдоволен ќе биде некој што во нив влегува од матиз, клио, нисан микра и останата конфекција, човек што возел вистинска кола ќе го дели моето нислење. Среќни празници, ве сака Марјан сељакот од Велес, на времето со бенве на бугарски таблици.
Sent from my iPhone using Tapatalk