













Плус 1000 евра за караван изведба.
Чекор по чекор конфигуратор на нивната страна.
Aјде мало образложение едно по едно (конфигураторот на Шкода реално не е како што треба, посебно делот со цените). Споредбата ќе ја правам според опремата која
@Diesel ја има пишано во неговата тема дека ја има неговата кола, не успејав да најдам ценовник за Ceed SW по интернет.
1. Брисач на задно стакло е стандардна опрема кај Combi варијанта на Octavia;
2. АSSISTED DRIVE PLUS пакет - ништо од опциите кои се добиваат во овој пакет не е стандардно кај Kia-та;
3. АUTO LIGHT ASSIST - во ред е, кај Кiа е стандард;
4. CREW PROTECT ASSIST - не го најдов како опрема кај Kia, може го има стандард, не знам;
5. FAMILY пакет - ништо од овде не најдов како стандард кај Kia-та, освен што си добил гратис платнени патосници и прекривка во багажникот (патосници секако би ти дал и јас);
6. TECHNOLOGY INFOTAINMENT пакет - со овој пакет се добива 13" екран со навигација, кај Kia е 10,25". Стандардниот кај Skoda-ta e 10" без фабричка вградена навигација, која имајќи Android Auto и Apple Car Play според мене не е воопшто потребна;
7. Aлармен уред - во ред е, кај Kia e стандард (не дека би дал некој 660 евра за аларм

);
8. Оваа доплата е воланот да биде со перфорирана кожа, стандардниот волан е на ниво на воланот во Kia-та, не треба да се стави како доплата;
9. Сензори за паркирање напред - во ред е, кај Kia се стандард и реално се потребни;
10. Странични воздушни перничиња - како стандардна опрема Kia има 6 перничиња, Skoda 8, со оваа опција се додадени уште плус две, значи вкупно 10, не е реална споредбата бидејќи кај Kia фалат 4;
11. Патосници - се содржат во Family пакет, се добиваат гратис, никој досега не ги платил

Дополнително, кај Kia не најдов дали средни и долги светла се LED или халогени, нема Side Assist - детекција на возило во мртов агол, нема дигитална инструмент табла (за мене небитно), и фалат воздушни перничиња (пишав погоре).
Чисто да нема забуни, Octavia Combi опремена како Kia-та би се движела околу 30.000 евра, веројатно би била и нешто под тоа, далеку од 38.500 евра како што беше пишано погоре.