Автор Тема: Мислења/совети/помош за нова кола  (Прочитано 32587 пати)

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3343
  • Хюндай Тюсон
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #135 на: 10 Јануари 2026, 21:19:16 pm »
Кога прочитав дека за воздушни перничиња треба да доплатиш како дополнителна опрема буквално ми беше изела ме туџа срамоча. Голема срамота за шкода.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6865
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #136 на: 10 Јануари 2026, 21:20:26 pm »
А бришач за задно стакло од 130 евра, или 2 евра месечно?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44861
  • Il Moderatore
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #137 на: 10 Јануари 2026, 21:27:49 pm »
Кога прочитав дека за воздушни перничиња треба да доплатиш како дополнителна опрема буквално ми беше изела ме туџа срамоча. Голема срамота за шкода.
Доплатата е за задни странични перничиња  не се завесите, кои сите коли ги имаат. Може грешам, ама не верувам дека КИА стандардно ги нуди.
Исто така Assisted drive plus пакетот, кој е најскапа доплата тука, чисто се сомневам дека КИА нуди нешто слично без доплата. Не сум стручњак ни за Шкоди ни за КИА-и, може грешам..
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6865
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #138 на: 10 Јануари 2026, 21:29:26 pm »
Пардон.

1500 евра доплата за караван.

@Simo - Carrier159

Искрено, збунувачки ми е и мене.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4233
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #139 на: 10 Јануари 2026, 22:03:31 pm »
Мислам дека дел од опремата што си ја одбрал кај Октавија се поклопува во различни пакети. Ассистед драјв плус со технолоџин плус(се што има во вториот веќе има во првиот) А и колку што знам цеед концепт нема виртуал кокпит и мултимедиа од 13 инчи. Фамили пакет со патосници потаму одбрани.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 643
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #140 на: 10 Јануари 2026, 22:08:26 pm »















Плус 1000 евра за караван изведба.

Чекор по чекор конфигуратор на нивната страна.

Aјде мало образложение едно по едно (конфигураторот на Шкода реално не е како што треба, посебно делот со цените). Споредбата ќе ја правам според опремата која @Diesel ја има пишано во неговата тема дека ја има неговата кола, не успејав да најдам ценовник за Ceed SW по интернет.

1. Брисач на задно стакло е стандардна опрема кај Combi варијанта на Octavia;

2. АSSISTED DRIVE PLUS пакет - ништо од опциите кои се добиваат во овој пакет не е стандардно кај Kia-та;

3. АUTO LIGHT ASSIST - во ред е, кај Кiа е стандард;

4. CREW PROTECT ASSIST - не го најдов како опрема кај Kia, може го има стандард, не знам;

5. FAMILY пакет - ништо од овде не најдов како стандард кај Kia-та, освен што си добил гратис платнени патосници и прекривка во багажникот (патосници секако би ти дал и јас);

6. TECHNOLOGY INFOTAINMENT пакет - со овој пакет се добива 13" екран со навигација, кај Kia е 10,25". Стандардниот кај Skoda-ta e 10" без фабричка вградена навигација, која имајќи Android Auto и Apple Car Play според мене не е воопшто потребна;

7. Aлармен уред - во ред е, кај Kia e стандард (не дека би дал некој 660 евра за аларм :D );

8. Оваа доплата е воланот да биде со перфорирана кожа, стандардниот волан е на ниво на воланот во Kia-та, не треба да се стави како доплата;

9. Сензори за паркирање напред - во ред е, кај Kia се стандард и реално се потребни;

10. Странични воздушни перничиња - како стандардна опрема Kia има 6 перничиња, Skoda 8, со оваа опција се додадени уште плус две, значи вкупно 10, не е реална споредбата бидејќи кај Kia фалат 4;

11. Патосници - се содржат во Family пакет, се добиваат гратис, никој досега не ги платил :D

Дополнително, кај Kia не најдов дали средни и долги светла се LED или халогени, нема Side Assist - детекција на возило во мртов агол, нема дигитална инструмент табла (за мене небитно), и фалат воздушни перничиња (пишав погоре).

Чисто да нема забуни, Octavia Combi опремена како Kia-та би се движела околу 30.000 евра, веројатно би била и нешто под тоа, далеку од 38.500 евра како што беше пишано погоре.
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6865
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #141 на: 10 Јануари 2026, 22:14:39 pm »
@Skywalker

Еве, нека е така.

Ај одиме со друг пристап.

Шкода со 1.5 ТСИ и ДСГ, Селекшн ниво на опрема, 28.800, плус 1.500 за караван, плус 500 за гаранција пократка за две години - 30.800.

Сид со 1.5 и ДЦТ7, Концепт ниво на опрема, караван, 7 години гаранција - 25.000.

Што точно нуди Шкодата повеќе за 5.800 евра?

Или вака:

Шкода со Спортлајн ниво на опрема - највисоко ниво, 34.600, не караван, плус 500 за гаранцијата. 35.100.

Киа со ГТ-лајн - 26.400.

Освен гепекот, што точно повеќе нуди Шкода за цирка 9.000 евра плус?

@andrej_111

Е па мене конфигураторот ме заебал да јас Шкода не ја ни есапам за нова кола. Мада, 5к евра плус за дрангулии што не ми се ни потребни и 5 (читај: ПЕТ) години пократка гаранција, не можам да си оправдам.

Како и да е, прочитај погоре.

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 643
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #142 на: 10 Јануари 2026, 22:21:42 pm »
Нема врска, секој со неговите пари може да си купи што сака, поентата ми беше да не се вртат муабети дека Оctavia е 13.500 евра поскапа од идентична Kia, реалната разлика е 3.500-4.000 евра со неколку ставки опрема помалку кај Kia.

Како и да е, убаво е да се извозат и двете коли пред да се коментира, може ќе се види дека пологично е Kia Ceed да се споредува со Scala, не Octavia, следствено на тоа да се гледа и разликата во цена.
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6865
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #143 на: 10 Јануари 2026, 22:27:02 pm »
Тамам работа, тераме муабет, no hard feelings.

И тука се слагам, Октавија не би требало да се споредува со Сид. Ако е така, не би требала ни со Голф, а е на платформа на Голф. Голф со Скала да споредиме? Голф со Сид, може. Скала нема караван изведба. Сѐ е бучкуруш.

Еве, не е 13.500. Ама Е 5.800 или 8.700, не е 3.500-4.000, што е ПРЕМНОГУ.

Пак emphasis на период на гаранција и разлика во цена на редовни сервиси.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4233
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #144 на: 10 Јануари 2026, 22:31:12 pm »
Тие 30800 ќе станат 28800 со малку преговарање. Секако е поскапа Школата, дали вреди таа доплата или не  е лично убедување.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 643
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #145 на: 10 Јануари 2026, 22:32:46 pm »
Стави во математиката кај Octavia само и попуст од редовната цена околу 7% и ќе ја добиеш реалната разлика меѓу двете коли, околу 3500 евра.

За гаранцијата нема да коментирам, има и кај неа заебанции, ана не се за пишување јавно.
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6865
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #146 на: 10 Јануари 2026, 22:39:42 pm »
@Skywalker

Чекај сеа.

Прашање е дали ќе стане 29к цената.

Јас правам муабет за цени по ОФИЦИЈАЛНО ОБЈАВЕНИ И ВАЖЕЧКИ ценовници во моментов. Мислам дека добро образложив и пресметав.

Да, субјективно е. Повели, кажи - утре треба да одлучиш, Киа или Шкода. Што точно ќе превагне кај тебе да дадеш скоро 6.000 или 9.000 евра плус за Шкода? Што нуди повеќе?

Хипотетични ситуации не ме интересираат и се ирелевантни за дискусијава.

@andrej_111

Јас во ценовникот на Шкода 7% попуст не видов. Во тој на Киа си стои - 1.000 евра попуст. Хипотетични ситуации не ме интересираат и се ирелевантни за дискусијава.

Дали има или не заебанции со гаранцијата, е тема за друг разговор. Сеа правиме муабет head to head comparison, бројки и факти.

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 643
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #147 на: 10 Јануари 2026, 22:46:59 pm »
Океј, нека биде разликата 8.000 евра ако одговара така.

Хипотетички, Шкода салонот е на 35км од тебе, слободно повели да направиме конфигурација и цена за Octavia, па да не биде веќе хипотетички 😀 Кафе и мусбет се гратис од мене.

Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6865
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #148 на: 10 Јануари 2026, 22:52:43 pm »
Сеа, бегаш од факти.

Има официјален и важечки ценовник? Има. Цените се јасни? Јасни. Шо е со финтиве со корекција на цени на лице место, не ми е јасно. Наместо ценовник, нека се стави “за цена и конфигурација, посетете еден од нашите салони”.

Нека е 4.000 разликата. Што нуди повеќе Шкодата за 4.000 евра плус, ќе ми каже некој? Или па кажете ми дека не сум нормален и дека 4к евра се ситниш и јас драмам.

За кафе и муабет - идам. За кола, тешко. Поготово не за Шкода, по овие цени.

Присутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2475
Одг: Мислења/совети/помош за нова кола
« Одговори #149 на: 10 Јануари 2026, 22:54:43 pm »
Да дадеме еден друг контекст. Спортаж место Октавиа за истите пари.