Ти исто така рече дека пред недела дена си вградил плин на твојата кола и дека не си 100% сигурен колку ќе ти троши. Ај прво види си колку стварно ќе ти троши место да вадиш бројки од ракав. После ќе споредиме.
Ако плинскиот уред ти е наштелуван да на плин имаш скоро исти перформанси како на бензин, тогаш нема апсолутно никакви шанси да потрошиш помалку во пари од мене. Со такви перформанси паралелно оди и повисока потрошувачка на плин. Од друга страна, ако уредот ти е наштелуван да троши помалку, тогаш и перформансите ќе ти бидат послаби и ќе ти се мачи колата по угорници, со што пак ќе се зголеми потрошувачката.
Еве ти видео од моето возило, фелиција 1.3 43 kw карбуратор со плин на плочка, максимална брзина:
После видеово ја префрлив на бензин, не помина преку 140, исто возеше. За назад од 0 почнав на бензин, исто разви, 140. Според упатство, максимална брзина и е 145 км/ч.
Сум ја тестирал по нагорнини по Припор каде е доста јак успон, и на плин и на бензин до 70 км/ч во трета ми развива.
За потрошувачката, ми троши 10.5-11 литри плин во град. На бензин не сум ја мерел, ама ако му се верува на упаството, тоа вели дека 1.3 фелиција троши 9 бензин во град, и мене ми излегува 20% поголема потрошувачка на плин во однос на бензин.
Ценовно, 11 литра плин помножено по 23.5 (толку е сега на Нас Гас), 258 денари на 100 км потрошувачка на плин.