Mk2b освен дизелов имаш ли некоја друга кола возено?Имам рено клио 1.6 ставив плин за 500 денари (21.7 литри ) и имам поминато до сега 265 км и сеуште има плин тоа е негде 8литри на 100 км т.е 185 денари на 100 километри.И ти упорно убедуваш дека дизелот испаѓа поевтино за возење!Возам и добло 1.3 90кс (точак ) и јас неам успеано да го симнам под 7.5 литри...
Кажав пред некоја страна, претходно имав Пунто 55 1.1 на бензин и со него под 7 литра бензин во град скоро никогаш не бев. Во една прилика правев муабет со еден таксист со исто такво Пунто и он ми кажа дека му троши 10 литра плин. Инаку на времето татко ми имаше Сузуки Свифт 1.6, трошеше 10 литра плин на отворено при нормални брзини, во град и повеќе. Не ми е баш уверливо да Клио 1.6 шо е дупло појако од Пунто 1.1, да троши 8 плин. Можеби троши 8, ама на отворено со 80 возење.
Викаш Добло 1.3 троши 7.5, епа нормално дека троши коа носи толкав товарен простор назад. Пунтово мое нема шифоњер назад, затоа 5.5 троши низ град (без клима, возење со 50) и тоа колата се вози по гужвите во 4 попладне.
Ја на плин не сакам да возам, можеби и да е поефтино ако ставаш плин од некоја треторазредна бензинска или плинара кај шо е поефтин плинот, ама не сакам да се заебавам со одржување на плинскиот уред и затоа си возам дизел. Во комшии има едно Пунто 1.1 во кое пред некој месец беше вграден плински уред и од тогаш све нешто у проблеми е човекот, те му тече плинот, те му тропа у мотор нешто, те не знам шо више... налет. А ја пали вози. И башка мојов дизел влече 50% подобро него ли претходната кола што ја имав, и тоа на бензин ја возев, на плин да возев уште поголема разлика ќе имаше во споредба со дизелов.