Автор Тема: Направив сообраќајка, ми треба совет/насока за поправка на колата  (Прочитано 5878 пати)

Отсутен Majce

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 38
Здраво дечки,

До сега сте ми биле од огромна помош, се надевам и овој пат ќе биде исто.

Пред извесно време направив сообраќајка, земав записник и сега треба да ја оправам колата. Гласините дека има најголем криминал во спогодбите на осигурителните компании и овластените сервиси ми се потврдија, е сега ќе треба да барам чаре за да си го оправам Колтот.
Во овластен ми даваат многу висока понуда за оправка (нормално), а осигурањето не ми исплаќа сума за да ја покрие цела штета ( нормално). Тука доаѓа и амортизација од 40% скоро на сите делови наведени во спецификацијата, зошто биле подложни на амортизација а колата била 2008ма производство...идеа за оправање на колава кај некој друг? Секако не прифаќам половни делови на кола која цело време е одржувана на овластен.

Искуство во ова немам баш, па ќе треба ко на прваче да ми објасните :). Спецификација за деловите кои треба да се сменат:

1 КРИЛО ПРЕДНО ЛЕВО
2 ФАР ЛЕВ
3 ПЛАСТИЧНО ПОТКРИЛО П/ЛЕВО
4 РАТКАПНА R15 COLT
5 ДРЖАЧ ЗА ПР. БРАНИК ЛЕВ
6 ОКВИР ОКОЛУ ЛЕВ ФАР
7 ВИЉУШКА ПРЕДНА ЛЕВА
8 ПРЕДЕН ЛЕВ РАКАВЕЦ СО ГЛАВЧИНА И ЛАГЕР
9 АМОРТИЗЕР ПР. ЛЕВ
10 ЧАШКА ОД ПРЕДЕН АМОРТИЗЕР
11 ЛАГЕР ОД ПРЕДЕН АМОРТИЗЕР
12 ЛЕЖИШТЕ ЗА ПРУЖИНА НА ПР.АМОРТИЗЕР
13 СТАБИЛИЗАТОР ВЕРТИКАЛЕН НА БАЛАНСШТА

Се надевам ќе го истерам ова до крај со ваша помош зошто ми е преку глава, ни крива на дужна да се замарам 3 месеци со глупости.

Фала,
Маја

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29605
    • CARclub.mk
Ух, фина дешавка.

Консултирај се со Banzai, он е адвокат што се занимава баш со вакви работи. Сигурно ќе може да ти помогне.

--

In the meantime, темава е во погрешен под-форум, ќе ја преместам. :)

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Не си крива во сообраќајката? Записникот викаш дека го имаш.

Колата можеш да ја направиш кај сакаш ти, они пробуваат да маткаат одма неупатени луѓе за да поминат поефтино секако, па ќе почнат да ти зборат смееш само во сервиси со кои ние соработуваме бла бла глупости, ако сакаш во овластен во овластен. Колку сака нека кошта сумата за поправка, цела се должни да ти ја исплатат, каква амортизација какви бакрачи. Ако прават проблем

http://www.aso.mk/

Или адвокат и ќе видиш како ќе платат како попчиња.

Отсутен Nedevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 73
Ако не си крива,земи си адвокат најдобро. За сообраќајката со моторот осигурителната компанија ми даваше 200евра,смешна сума на пари. Земав адвокат и земав многу многу повеќе,и уште имам за зимање,не е довршено судењето уште :D
VW Golf 5 TDI & Yamaha FZ6 - My 2 black babies!

Отсутен karajann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
http://www.aso.mk/dokumenti/regulativa/zakoni/ZZOS112-14.pdf

Според ова што го прочитав на брзина, според член 24 имаш право на посредување кога не си задоволен од понудената сума. Па нека објаснат како се амортизира крило, поткрило. фар и сл. Сепак најдобро е да се консултираш со правник.

А во врска со оправање кај некој друг подобра варијанта ти се половни фиксни делови на шасијата(крило, подкрило и сл.) кои не се потрошни, отколку заменски нови.
А што се однесува за потрошни делови како што се амортизер, лагер, стабилизатор и сл. тие исклучиво нови

Отсутен Majce

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 38
Nedevski,

Kolku vreme ti trae sudskiot spor?

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7050
Одг: Направив сообраќајка, ми треба совет/н&#
« Одговори #6 на: 13 Јули 2016, 12:55:01 pm »
Здраво дечки,

До сега сте ми биле од огромна помош, се надевам и овој пат ќе биде исто.

Пред извесно време направив сообраќајка, земав записник и сега треба да ја оправам колата. Гласините дека има најголем криминал во спогодбите на осигурителните компании и овластените сервиси ми се потврдија, е сега ќе треба да барам чаре за да си го оправам Колтот.
Во овластен ми даваат многу висока понуда за оправка (нормално), а осигурањето не ми исплаќа сума за да ја покрие цела штета ( нормално). Тука доаѓа и амортизација од 40% скоро на сите делови наведени во спецификацијата, зошто биле подложни на амортизација а колата била 2008ма производство...идеа за оправање на колава кај некој друг? Секако не прифаќам половни делови на кола која цело време е одржувана на овластен.

Искуство во ова немам баш, па ќе треба ко на прваче да ми објасните :). Спецификација за деловите кои треба да се сменат:

1 КРИЛО ПРЕДНО ЛЕВО
2 ФАР ЛЕВ
3 ПЛАСТИЧНО ПОТКРИЛО П/ЛЕВО
4 РАТКАПНА R15 COLT
5 ДРЖАЧ ЗА ПР. БРАНИК ЛЕВ
6 ОКВИР ОКОЛУ ЛЕВ ФАР
7 ВИЉУШКА ПРЕДНА ЛЕВА
8 ПРЕДЕН ЛЕВ РАКАВЕЦ СО ГЛАВЧИНА И ЛАГЕР
9 АМОРТИЗЕР ПР. ЛЕВ
10 ЧАШКА ОД ПРЕДЕН АМОРТИЗЕР
11 ЛАГЕР ОД ПРЕДЕН АМОРТИЗЕР
12 ЛЕЖИШТЕ ЗА ПРУЖИНА НА ПР.АМОРТИЗЕР
13 СТАБИЛИЗАТОР ВЕРТИКАЛЕН НА БАЛАНСШТА

Се надевам ќе го истерам ова до крај со ваша помош зошто ми е преку глава, ни крива на дужна да се замарам 3 месеци со глупости.

Фала,
Маја

Тоа за амортизацијата е лага, која нон стоп ја користат осигурителните компании. Имало одамна ваков случај кој завршил на Врховен суд и неговата пресуда е дека амортизацијата не е врзана со износот на надоместокот. Врзано е само ако еден ист дел два пати страда во различна сообраќајка.

Исто имав ваков случај, главниоте работи на кои не треба да се зезнеш со бирократски глупости се:

1. Однеси ја колата во сите сервиси со кои соработува осигурителната компанија, барем два да бидат. Неретко се случува да откријат и други делови кои се оштетени. Истовремено барај обавезно присуство на вештак од кај нив, кој истиот ќе се потпише на работниот налог/проценката на сервисот со полно име и презиме, потпис и дата. Во понудата да пишува дека деловите се ОЕМ со цена посебно за нив и нормално раб. рака, со фарбање итн.
2. Обавезно поднеси жалба до второстепената комисија во осигурителната компанија, со цел кога ќе стигне работата пред суд, да докажеш дека и тој правен лек си го искористила
3. Секаква комуникација со нив гледај да ја водиш на писмен начин, електронска пошта, смс итн.
4. Не се ослонувај на муабетот од сервисот, остај ја ти колата, ние ќе средиме после работа, освен ако не ти издадат гарантно писмо со износ кој ти бара сервисот.
5. Судскиот спор трае околу 1 година и уште еден месец за исплата на парите.

Ова е доколку ти не си виновна, во случајот кај нас, другиот учесник си ја призна вината со тоа што пиша на европскиот дека поминал на црвено, секако под притисок на полиција да не си прави дополнителни проблеми. Доколу си и вака и така не ти следува :) или пак не е баш сигурно ...

Немој ни случајно да ја носиш колата на круг сервис, носи си ја таму кај што сакаш, т.е. пожелно е каде они имаат соработка со нив.
 
Отсутен Nedevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 73
Nedevski,

Kolku vreme ti trae sudskiot spor?

Првото судење за оштета за мојата повреда траеше околу 1 година,а за оштета за моторот уште не е завршено,втора година.
VW Golf 5 TDI & Yamaha FZ6 - My 2 black babies!

Отсутен Majce

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 38
AllMightyMe,

Jas se dvizev po glavna ulica, on mi izleta od sporedna i me udri bez kocenje - ne sum vinovna!

Sega bev do Uniqa, razlika vo ponuda na Makauto star  i ponuda od Uniqa za totalka e 40 000 bez  DDV, rabotna raka, materijal ( sto i da znaci toa). Na seto ova, vikaat deka treba da se stavi kolata vo vozna sostojba, za da vidat dali treba i polu osovina na predno trkalo da se menja, sto e dopolnitelni 26 000. A toa ne vleguva vo inicijalnata ponuda...sleden cekor? Zalba na ponudenoto od Uniqa valjda?

Sledno prashanje - bidejki e pominata procenata, dali da ja nosam na uste edno misenje negde ( i kade) i dali mozam da ja napravam, pa posle da se tepam po sudovi?

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056

Uniqa, Evroins, Albsig и слични треба да се затворат и запалат со се менаџерски тим.
Треба да се донесе закон она што нема да го подмири осигурителната компанија да имаш право да го тужиш шоферот, па да видиш како ќе се размислат два пати пред да се „осигураат“ кај овие квази компании.

Јас имав слична, да не кажам иста ситуација. Возилото што ме мавна беше осигурано во Евроинс. Почетна понуда од нив ми беше 40 или 50.000 денари за на крај (3 месеци, 134 телефонски повици, 21 идење до кај нив, 89 ургенции и 33 закани за суд, инспекции и слично) да ја исплатат полната сум од 100.000 денари.

Препорака моја би била да ја однесеш колата во сервис во кој имаш познати или доверба и да видат убаво да расклопат дали треба и полуосовина или не. Ако е потребно и тоа да си викнат они проценител од Уника, кој мора да дојде, и да влезе и тоа во записник.

По закон Осигурителната компанија мора да ти го врати возилото во првобитна состојба (освен ако не е тотална штета).

Жалба поднеси ОБАВЕЗНО без ралика што ти ветуваат телефонски. Кажи има дека не ја прифаќаш понудата и дека трошоците за сервис се поголеми од понуденото. После тоа во рок од 30 (или 15 дена) мора да ти одговорат па на тоа пак ќе се жалиш. Сите жалби мора да ти бидат во законски рок, ако закасниш исто како да не си поднела жалба. (Ако треба темплејт можам да ти пратам).

За жал како и се на ова парче земја наречено држава најдобра опција е да бараш познати луѓе во Албсиг. Амортизациајта што ти ја бараат да ја платиш не е незаконска, само пробај да ја намалиш. Мислам дека и @Gojgo имаше исто негативно искуство со амортизациајта.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7371
До сите вие кои имате некој проблем околу осигурање, штети и слично, обратете се до  http://www.aso.mk/  или http://www.nibm.com.mk/NBO.nsf/Index.xsp.   Бев на некоја презентација од луѓево, и морам да кажам дека бев позитивно изненаден од директорите кои се на чело на овие две институции. Редок случај каде што правите луѓе се на вакви места.  Позитивна препорака.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Искуство си имал со директорите или нивната слаткоречивост те освои?
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Искуство си имал со директорите или нивната слаткоречивост те освои?

@Majce - Ова ^ е правиот човек што може да ти помогне 

@Banzai - Фала ти на советите, уште не сме се виделе да ти се заблагодарам.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7371
Искуство си имал со директорите или нивната слаткоречивост те освои?

Пу пу, скраја да е, сум немал искуство со агенцииве/директори/вработени и слично... само ми оставија позитивен впечаток. ;D :D Дали грешам ? :D

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
И Грујо и Зајко кога ги слушаш што зборат ќе си речеш живееме во рајот на земјата :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.