Здраво дечки,
До сега сте ми биле од огромна помош, се надевам и овој пат ќе биде исто.
Пред извесно време направив сообраќајка, земав записник и сега треба да ја оправам колата. Гласините дека има најголем криминал во спогодбите на осигурителните компании и овластените сервиси ми се потврдија, е сега ќе треба да барам чаре за да си го оправам Колтот.
Во овластен ми даваат многу висока понуда за оправка (нормално), а осигурањето не ми исплаќа сума за да ја покрие цела штета ( нормално). Тука доаѓа и амортизација од 40% скоро на сите делови наведени во спецификацијата, зошто биле подложни на амортизација а колата била 2008ма производство...идеа за оправање на колава кај некој друг? Секако не прифаќам половни делови на кола која цело време е одржувана на овластен.
Искуство во ова немам баш, па ќе треба ко на прваче да ми објасните . Спецификација за деловите кои треба да се сменат:
1 КРИЛО ПРЕДНО ЛЕВО
2 ФАР ЛЕВ
3 ПЛАСТИЧНО ПОТКРИЛО П/ЛЕВО
4 РАТКАПНА R15 COLT
5 ДРЖАЧ ЗА ПР. БРАНИК ЛЕВ
6 ОКВИР ОКОЛУ ЛЕВ ФАР
7 ВИЉУШКА ПРЕДНА ЛЕВА
8 ПРЕДЕН ЛЕВ РАКАВЕЦ СО ГЛАВЧИНА И ЛАГЕР
9 АМОРТИЗЕР ПР. ЛЕВ
10 ЧАШКА ОД ПРЕДЕН АМОРТИЗЕР
11 ЛАГЕР ОД ПРЕДЕН АМОРТИЗЕР
12 ЛЕЖИШТЕ ЗА ПРУЖИНА НА ПР.АМОРТИЗЕР
13 СТАБИЛИЗАТОР ВЕРТИКАЛЕН НА БАЛАНСШТА
Се надевам ќе го истерам ова до крај со ваша помош зошто ми е преку глава, ни крива на дужна да се замарам 3 месеци со глупости.
Фала,
Маја
Тоа за амортизацијата е лага, која нон стоп ја користат осигурителните компании. Имало одамна ваков случај кој завршил на Врховен суд и неговата пресуда е дека амортизацијата не е врзана со износот на надоместокот. Врзано е само ако еден ист дел два пати страда во различна сообраќајка.
Исто имав ваков случај, главниоте работи на кои не треба да се зезнеш со бирократски глупости се:
1. Однеси ја колата во сите сервиси со кои соработува осигурителната компанија, барем два да бидат. Неретко се случува да откријат и други делови кои се оштетени. Истовремено барај обавезно присуство на вештак од кај нив, кој истиот ќе се потпише на работниот налог/проценката на сервисот со полно име и презиме, потпис и дата. Во понудата да пишува дека деловите се ОЕМ со цена посебно за нив и нормално раб. рака, со фарбање итн.
2. Обавезно поднеси жалба до второстепената комисија во осигурителната компанија, со цел кога ќе стигне работата пред суд, да докажеш дека и тој правен лек си го искористила
3. Секаква комуникација со нив гледај да ја водиш на писмен начин, електронска пошта, смс итн.
4. Не се ослонувај на муабетот од сервисот, остај ја ти колата, ние ќе средиме после работа, освен ако не ти издадат гарантно писмо со износ кој ти бара сервисот.
5. Судскиот спор трае околу 1 година и уште еден месец за исплата на парите.
Ова е доколку ти не си виновна, во случајот кај нас, другиот учесник си ја призна вината со тоа што пиша на европскиот дека поминал на црвено, секако под притисок на полиција да не си прави дополнителни проблеми. Доколу си и вака и така не ти следува
или пак не е баш сигурно ...
Немој ни случајно да ја носиш колата на круг сервис, носи си ја таму кај што сакаш, т.е. пожелно е каде они имаат соработка со нив.