Автор Тема: Lancia Thema 2012  (Прочитано 12362 пати)

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Lancia Thema 2012
« на: 20 Октомври 2011, 11:22:25 am »
Со должина од над 5 метри, висина од 1,5 и ширина од 1,9 метри, новата Thema е едно навистина големо парче автомобил, јасно покажувајќи дека корените и се од преку Атлантикот. Сепак, Lancia се погрижи преку подобрувањето на материјалите во внатрешноста да им ја доближи на патниците топлината и ексклузивноста карактеристична за брендот.

Високата технологија ќе ја лансира новата Thema директно кон врвот на класата. Имено, системот Adaptive Speed Control ќе ја одржува брзината на автопат и самиот ќе прикочува доколку има пречки, а системот Blind Spot Control ќе го известува возачот доколку има возило во слепиот агол.

Понатаму, Lancia ќе понуди сончев покрив кој е најголем во сегментот, а внатрешноста ќе биде опремена со огромен 8,4 инчен екран на допир, кој исто така е најголем во класата, а преку кој ќе се контролираат сите поважни функции. Во понудата доаѓаат и специјалните аудио системи на Alpine и Harman Kardon, првиот со 506 W и 7 звучници плус сабвуфер, додека вториот со аудиофилски 900 W и 19 звучници плус сабвуфер!

Новите мотори се дизајнирани како би понудиле високи перформанси и многу ниска потрошувачка. Во понудата ќе влезат еден бензинец и два дизелски мотори:

-    3,6 литарскиот Pentastar V6 бензинец развива 286 КС при 6,350 врт/мин и 340 Nm при 4.650 врт/мин, доволни за забрзување до стотка за 7,7 секунди, максимална брзина од 240 km/h и потрошувачка од 9,4 литри на 100 km во просек. Моторот ќе се нуди со целосно новиот 8-степен автоматски менувач од ZF

-    3,0 литарскиот V6 турбо дизел со Multijet II Common Rail технологија ќе доаѓа во две изведби на силата – 190 КС при 4.000 врт/мин и 440 Nm од 1.600-2.800 кај послабата, односно 239 КС при 4.000 врт/мин и 550 Nm од 1.800-2.800 кај посилната. И двата мотори ќе трошат просечно 7,1 литар на 100 km дизел гориво и ќе се нудат со 5-степен автоматски менувач. Забрзувањето до стотка кај послабиот модел ќе биде за 9,7 секунди, додека кај посилниот за 7,8 секунди

И покрај тоа што од надвор на големо потсетува на Chrysler 300 C, внатре Thema е повеќе италијанска, особено преку употребата на пофини материјали и различниот дизајн на предната конзола, кои даваат друга димензија на луксузот. Веќе и не треба да се споменува, простор ќе има на претек и на предната и на задната клупа.

Високото ниво на луксуз ќе го подобрат и новите технологии, како системот за брзо одмаглување на стаклата и системот за помош за паркирање со камера во задниот дел... Италијанците ветуваат и исклучително високи нивоа на удобност и врвни возни својства, благодарение на новата шасија изработена од високо цврст челик, а внимателно изведената звучна изолација ќе треба да овозможи патниците да може да се разберат со шепотење дури и на повисоки брзини.

Lancia Thema би требала набрзо да пристигне и на пазарите во Европа, засега со непозната цена, иако по слободна проценка почетниот модел би можел да чини околу 40.000 евра, што треба да им зададе главоболки на германските конкуренти.



Prezemeno od: http://koli.com.mk/

Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Lancia Thema 2012
« Одговори #1 на: 20 Октомври 2011, 11:28:24 am »
Цени во Германија (според Lancia)

3.0 V6 CRD 190
Gold: 41.400
Platinum: 43.900

3.0 V6 CRD 239
Gold: 46.900
Platinum: 50.900

3.0 V6 VVT 24V 286
Gold: 46.900
Platinum: 50.900

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Lancia Thema 2012
« Одговори #2 на: 20 Октомври 2011, 11:36:08 am »
Конечно ова 300c заличе на добро ауто :)


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Lancia Thema 2012
« Одговори #3 на: 20 Октомври 2011, 11:52:00 am »
Go cekav Pirat da pocne vo temata :D.........
Enterierot nemam ama bas nisto da zameram,ja zamenile krutata plastika od 300C
Ama nekako nadvoresniot dizajn na Lancia malce nastradal poradi toa sto ova e vozilo za 2 kontinenti (ne velam deka ne e ubav,mozelo poubav)
« Последно менување: 20 Октомври 2011, 12:02:26 pm cuoresportivo166 »
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8953
Одг: Lancia Thema 2012
« Одговори #4 на: 20 Октомври 2011, 12:01:19 pm »
Kolava e top, samo malce ne mi se dopaga nadvoresniot izgled italjanite mozele da go smenat dizajnot na 300C, ama  koli.com.mk ocajni mi se

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Lancia Thema 2012
« Одговори #5 на: 20 Октомври 2011, 12:50:44 pm »
На ланчија и` фалеше замена за Тезис, ова од крајслер а на платформа на мерцедес, ултеа ко` кец на десетка, и немаа време за поголеми измени на надворешниот изглед, освен мали козметички освежувања на 300с кој датира од 2004/2005 година. Па и не е така лошо :) 300c ми се допаѓал на изглед одсекогаш - а сега доби и повеќе шарм! МОжеби моја следна кола на старо :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: Lancia Thema 2012
« Одговори #6 на: 20 Октомври 2011, 13:09:32 pm »
Супер е Lancia-ва, дојде и кај нас еден Gangsta автомобил. Само мислам дека повеќе му личи Chrysler знакчето напред. За мене едно вакво:


Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Lancia Thema 2012
« Одговори #7 на: 20 Октомври 2011, 14:13:02 pm »
Супер е Lancia-ва, дојде и кај нас еден Gangsta автомобил. Само мислам дека повеќе му личи Chrysler знакчето напред. За мене едно вакво:

http://www.blogcdn.com/www.autoblog.com/media/2011/04/chrysler-300-srt811-1303137551-opt-1303237672.jpg

Со Chrysler е гангста, а со Lancia е Мафиа стајл ;)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Dejan_156 alfista

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 130
Одг: Lancia Thema 2012
« Одговори #8 на: 20 Октомври 2011, 15:23:57 pm »
Што да кажам перфекција малце не ми праи мерак задниот дел можеле и подобро и прекидачот за светла палење,многу ме потсеќа на голф што стражно ме ежи и според мене слободно би кажал после maserati quattroporte втора директорска кола е оваа...
Djevojka može da bude sa sela,
al' auto mora da bude iz Italije! ♥

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Lancia Thema 2012
« Одговори #9 на: 20 Октомври 2011, 15:45:54 pm »
Ентериерот ме бендисува. Изгледот е скроз украден од Крајслер... З’ш?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Lancia Thema 2012
« Одговори #10 на: 20 Октомври 2011, 15:51:17 pm »
Chrysler and Fiat are now best buddies. Фиат му купил на Крајслер едно 51% акции и сеа Крајслер изиграва добар другар :D

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Lancia Thema 2012
« Одговори #11 на: 20 Октомври 2011, 16:04:10 pm »
Ебати глобализацијата.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Lancia Thema 2012
« Одговори #12 на: 20 Октомври 2011, 16:05:44 pm »
Ебати глобализацијата.

Agreed... Да беше повеќе Lancia него ли Chrysler и однадвор, ќе беше ултимативно возило во својата класа.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Lancia Thema 2012
« Одговори #13 на: 20 Октомври 2011, 16:08:29 pm »
Ентериерот ме бендисува. Изгледот е скроз украден од Крајслер... З’ш?

Украден? УКРАДЕН?! А Бе знаеш колку пари фрли фиат у крајслер, сеа ти украден :D Па немој така, ова се вика badge engineering по ново :) и крајслер ќе добие делта со крајслер знакче... јеби га..... шо вика куоре ебати глобализација.....

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Lancia Thema 2012
« Одговори #14 на: 20 Октомври 2011, 16:08:46 pm »
Go cekav Pirat da pocne vo temata :D.........
Enterierot nemam ama bas nisto da zameram,ja zamenile krutata plastika od 300C
Ama nekako nadvoresniot dizajn na Lancia malce nastradal poradi toa sto ova e vozilo za 2 kontinenti (ne velam deka ne e ubav,mozelo poubav)
Тенк ју за прозивката cuoresportivo166,
Имав постирано од овие слики веќе претходно, не знам каде само.
За ентериерот нема збор, надворешно има хендикеп, не знам дали е хендикеп или мене ми е жал што нема Ланчиа дизајн тука, во секој случај многу многу префинето и луксузно...
Превисока класа за мене, јас ќе почекам некој да си купи Флавиа 2012 па да ја повози па јас да ја купам од него ако ја третирал со почит ;D