Автор Тема: Перење мотор  (Прочитано 31034 пати)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Перење мотор
« Одговори #15 на: 03 Мај 2017, 18:00:43 pm »
Ето ви @Bumb  @UrSa1986  , кажано од докторот :)

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Перење мотор
« Одговори #16 на: 04 Мај 2017, 10:07:13 am »
А што е тоа што може да се зезне?

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Одг: Перење мотор
« Одговори #17 на: 04 Мај 2017, 10:37:35 am »
Ништо посебно, може само да зезнеш компјутерот..ќе смениш матична и фурај :)

Шала на страна, имам другар што од обично перење мотор заврши со 800 евра поправки..
Нова кола, полна со сензори, електроники, му ја земал татко му и ја однел на перење..Си отворил стариот хауба, видел малку прљав мотор и им рекол на дечките да му влезат со ВАП на моторот.

После тоа, на шлеп, у сервис, па чистење, па менување цркнати делови...

Ја не би перел под силен притисок, поарно земи си спреј за чистење, крпа у рука и застани саат два, прскај кај што е прљаво и пребришувај до кај што можеш..Би требало да завршил работа

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 406
Одг: Перење мотор
« Одговори #18 на: 04 Мај 2017, 10:57:14 am »
Му менува нешто на моторот ако е перен? Или е само од естетски причини?

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1789
Одг: Перење мотор
« Одговори #19 на: 04 Мај 2017, 11:00:13 am »
Само естетски, а на електрката можеш само проблеми да си направиш. Јас на бензинец без плин перев мотор, притоа компјутерот го завиткав во најлонче. После тоа колата ми изгасна во возење 2-3 пати, трокираше неколку дена и потоа се врати во нормала :) . Уште еднаш нема да ми текни да перам мотор.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Перење мотор
« Одговори #20 на: 04 Мај 2017, 11:56:56 am »
Значи може да се пери ама треба мноооогу внимателно.

Јас пре би прскал со спреј за кочници :)

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Перење мотор
« Одговори #21 на: 04 Мај 2017, 14:04:22 pm »
Од уљето што ми протекува, на топол мотор ми замирисува во кабина, затоа и се мислев да го измијам.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: Перење мотор
« Одговори #22 на: 04 Мај 2017, 14:11:57 pm »
И да го измиеш, пак ке ти мириса после ден два. Сигурно уљето ти капе на грана затоа ти мириса.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Перење мотор
« Одговори #23 на: 04 Мај 2017, 14:32:14 pm »
Миење мотор не би требало да биде проблем ако се почитуваат основни правила.
1. Се пере мотор дома :)
2. Се пере мотор во најтоплите летни денови
3. Отштекуваш акумулатор
4. Сите конектори, барем на поновиве коли,  се фабрички заштитени со непропусни дихтунжиња и гумици (на сликава еден стандарден конектор со црвнео дихтунже)
5. Не е лошо дополнително да се заштитат со кесички и ластичиња поосетливите места и конектори. Посебно битни за мене ми биле ECU-то и ABS модулот да се заштитат, и евентуално ако има табла со осигурачи под хауба.
6. Се користи средство за перење мотор, некое што со сигурност знамеме дека е ефикасно против маснотии и не ги осштетува пластичните и гумени делови. не би играл со непроверени средсва или домашни хемии.
7. За плакнење, се користи домашно вапче, подесено на најширок млаз (и најмал притисок), а не црево. Вапот далеку помалку вода користи и ако не го „силуваме“ од блиску, тогаш нема ни којзнае каков притисок за да набутка вода низ евентуално незаштитените конектори.
8. После перење, ги „отпакуваме“ спакуваните делови.
9. Колата ја оставаме на сонце со отворена хауба барем едно деноноќие, ја би го праел тоа во Сабота сабајле, би ај остаил да се суши до Неделно зајдисонце.
10. Се „прекрствуаш“, приклучуваш акумулатор и палиш. Ако запали, ај со среќа чист мотор :)

На моторот не му пречи прљавштината. Исто и на каросеријата. Ама мене ми пречи да ја гледам. Тоа е доволен разлог, од време на време, (еднаш годишно или сл), да зачистам под хауба.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Перење мотор
« Одговори #24 на: 04 Мај 2017, 14:37:39 pm »
Фино срочено. Мераци.
Перење мотор DIY.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Перење мотор
« Одговори #25 на: 04 Мај 2017, 14:39:32 pm »
На моторот не му пречи прљавштината. Исто и на каросеријата.

Кал и сол најмногу ја оштетуваат каросеријата.

Песокот го оштетува лакот.

За моторот се согласувам, освен за ладњакот кој треба да е чист.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Перење мотор
« Одговори #26 на: 04 Мај 2017, 14:50:17 pm »
1.Купуваш 3 пакетчиња Gloss влажни марамици.
2. Отвараш хауба
3. Чистиш со марамиците додека не светне моторот како арапска муда
4. Затвараш хауба
5. Искористените марамици ги фрлаш во контењер.

 

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Перење мотор
« Одговори #27 на: 04 Мај 2017, 15:06:39 pm »
На моторот не му пречи прљавштината. Исто и на каросеријата.

Кал и сол најмногу ја оштетуваат каросеријата.

Песокот го оштетува лакот.

За моторот се согласувам, освен за ладњакот кој треба да е чист.

Ако сакаме да се праиме, тогаш освен визуелно што смета, никакви други проблеми немаш од кал и песок на каросеријата. Исто и на моторот. Солта може да наштети на подвозјето, а на каросеирјата ако е поцинкована, ништо не и е од солта.
Исто и на моторот, gunk од уље и прашина може да доведе до некои несакани последици, на пример, долго стоење на такви наслаги врз конекторите од сензорите, придонесуваат истите да се разронат после неколку години... ама тоа ако сакаме да се праиме. Реков генерално визулен е проблемот. Исто како некој што може да вози со мат каросерија и кородирани полумесеци, може да вози и со 2 кила згуснато уље врз мотор. Ја не можам така, и сакам чисто да биде под хауба.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Перење мотор
« Одговори #28 на: 04 Мај 2017, 15:57:38 pm »
1.Купуваш 3 пакетчиња Gloss влажни марамици.
2. Отвараш хауба
3. Чистиш со марамиците додека не светне моторот како арапска муда
4. Затвараш хауба
5. Искористените марамици ги фрлаш во контењер.

 

Ако ти е лом блокот, треба четири пет пакетчиња Gloss :D

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 406
Одг: Перење мотор
« Одговори #29 на: 17 Мај 2017, 14:33:49 pm »
Дечки, бев на проверка да видам дали ми дише климата и ми рекоа дека од долната страна на моторот кај што е компресорот за фреон има многу прљавштина и уље и неможат да ја распознаат фреонската боја од уљето и наслагите. Ми рекоа да го исперам моторот некаде па да дојдам, ама јас не сакам цел да го бањаат. Има некоја перална што би можела да го гланцне само делот околу компресорот?