Автор Тема: Перење мотор  (Прочитано 31431 пати)

Отсутен Мартин_91

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 450
Перење мотор
« на: 08 Јули 2016, 16:57:51 pm »
Зошто не најдов ваква тема ја отварам оваа.
Сакам да го исперам моторот на Фиат Пунто 1.2 8v. Ме интересира се во врска со ова, досега не сум перел, а сакам колку толку да знам нешто.
Да го носам во перална или да пробам сам дома?
Ако препорачувате перална, која низ Скопје, ако препорачувате дома какво средство да користам? За крај ме интересира колку наплаќаат по пералниве.

Присутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14050
Одг: Перење мотор
« Одговори #1 на: 08 Јули 2016, 17:16:50 pm »
100 денари мислам перење. Ако немаш плин терај во перална. Ако имаш не ризикувај. Земи средство за чистење на кочници или јас открив дека и WD40 е добар. Зависи што имаш.

Отсутен Мартин_91

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 450
Одг: Перење мотор
« Одговори #2 на: 08 Јули 2016, 17:19:56 pm »
Нема плин, ама не знам со вапот да не направат штета. Од друга страна па испрале еден куп мотори, а јас ниеден.

Присутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14050
Одг: Перење мотор
« Одговори #3 на: 08 Јули 2016, 18:34:55 pm »
Немаш гајле, терај во перална.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Перење мотор
« Одговори #4 на: 08 Јули 2016, 20:08:40 pm »
Јас би те советувал дома сам да си го испереш, со оглед на тоа какви стручњаци има кај нас... Земи Mafra HP12, напрскај на цел мотор, почекај некоја минутка да изреагира, удри четка кај што мислиш дека треба и одмиј го моторот со вап (ако немаш ќе заврши работа и некоја прскалица за потпрснуење). Не се задржувај многу со водата кај електриката и немаш проблем.

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Одг: Перење мотор
« Одговори #5 на: 08 Јули 2016, 21:18:35 pm »
Небитно дали дома или во перална ќе ја переш.
Многу важно е да е топло времето и да не го палиш возилото веdнаш, нека се исцеди, подисуши и немаш гајле :)

Отсутен Мартин_91

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 450
Одг: Перење мотор
« Одговори #6 на: 09 Јули 2016, 12:16:03 pm »
Зошто ми беше страв сам да чепкам ја однесов во перална рано сабајлечки. Го испраа моторот, немаше други коли па ја оставив да се исуши малку. Запали без проблем, само неколку пати на тргање ми сецкаше. Ја оставив да постигне работна температура и нема проблеми.
Фала на сите за советите.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55019
  • Махер
Одг: Перење мотор
« Одговори #7 на: 09 Јули 2016, 12:21:59 pm »
Meчка страв, перална не страв.

Отсутен Мартин_91

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 450
Одг: Перење мотор
« Одговори #8 на: 09 Јули 2016, 12:32:54 pm »
Секогаш ќе ти биде полесно ако згрешиш на туѓо. :-)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Перење мотор
« Одговори #9 на: 11 Август 2016, 11:11:19 am »
и за 100 денари перење на мотор нема... од 300 па нагоре е...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Перење мотор
« Одговори #10 на: 03 Мај 2017, 10:40:32 am »
Сакам да го перам моторот, ми рекоа да земам Фамил и да го испрскам со вап. Освен осигурачи и сл, на кои делови да пазам да не прскам многу? Да ја извадам клемата да не направи спој негде?
Карпатиан спомна е ризично ако има плин?

Присутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14050
Одг: Перење мотор
« Одговори #11 на: 03 Мај 2017, 12:06:31 pm »
Да, не се зезај перење на мотор ако имаш плин. Ќе зезнеш нешто.

Во перална ставаат најлончиња на дизните и на компјутерот, ама што знам.

Носи ја кај Бушав тој сигурно знае како треба.

Отсутен Bumb

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1196
Одг: Перење мотор
« Одговори #12 на: 03 Мај 2017, 14:10:31 pm »
И јас исто сакам... и имам плин...

Викаш кај Бушав да идам ?


Sent from my iPhone using Tapatalk

Присутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14050
Одг: Перење мотор
« Одговори #13 на: 03 Мај 2017, 17:48:39 pm »
Секогаш Бушав топло го препорачувам. Дечките си ја знаат работата.

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
  • Renault Megane R26
Одг: Перење мотор
« Одговори #14 на: 03 Мај 2017, 17:58:09 pm »
Бензинец на плин не е препорачливо да се пере.Јас одбивам освен ако инсистира сопственикот на негова одговорност.

Sent from my Redmi Note 2 using Tapatalk