Миење мотор не би требало да биде проблем ако се почитуваат основни правила.
1. Се пере мотор дома
2. Се пере мотор во најтоплите летни денови
3. Отштекуваш акумулатор
4. Сите конектори, барем на поновиве коли, се фабрички заштитени со непропусни дихтунжиња и гумици (
на сликава еден стандарден конектор со црвнео дихтунже)
5. Не е лошо дополнително да се заштитат со кесички и ластичиња поосетливите места и конектори. Посебно битни за мене ми биле ECU-то и ABS модулот да се заштитат, и евентуално ако има табла со осигурачи под хауба.
6. Се користи средство за перење мотор, некое што со сигурност знамеме дека е ефикасно против маснотии и не ги осштетува пластичните и гумени делови. не би играл со непроверени средсва или домашни хемии.
7. За плакнење, се користи домашно вапче, подесено на најширок млаз (и најмал притисок), а не црево. Вапот далеку помалку вода користи и ако не го „силуваме“ од блиску, тогаш нема ни којзнае каков притисок за да набутка вода низ евентуално незаштитените конектори.
8. После перење, ги „отпакуваме“ спакуваните делови.
9. Колата ја оставаме на сонце со отворена хауба барем едно деноноќие, ја би го праел тоа во Сабота сабајле, би ај остаил да се суши до Неделно зајдисонце.
10. Се „прекрствуаш“, приклучуваш акумулатор и палиш. Ако запали, ај со среќа чист мотор
На моторот не му пречи прљавштината. Исто и на каросеријата. Ама мене ми пречи да ја гледам. Тоа е доволен разлог, од време на време, (еднаш годишно или сл), да зачистам под хауба.