Автор Тема: CARclub Hypermiling Тест: Volkswagen Passat 2.0 TDI 150 Comfortline  (Прочитано 30408 пати)

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: CARclub Hypermiling Тест: Volkswagen Passat 2.0 TDI 150 Comfortline
« Одговори #30 на: 30 Јуни 2016, 01:04:55 am »
Плинот е пола цена од дизелот, значи за да се изедначат во трошок возилото на плин би требало да троши дупло, тоест 7.2 литри плин на отворено што е у пракса достижна бројка за скоро сите возила на плин на отворено, што значи рекордеров е понеекономичен од повеќето бензинци на плин :P

Мене фелицијата ми троши 7-8 литри плин на отворено.
Дали тоа значи Фелиција > Пасат ? :D

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #31 на: 30 Јуни 2016, 01:08:17 am »
Тестирањево е драпај си јајцата, надвор пд секоја реалност. Слободно може на статијава да трепка sponsored article.

Отсутен lans

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1297
Одг: CARclub Hypermiling Тест: Volkswagen Passat 2.0 TDI 150 Comfortline
« Одговори #32 на: 30 Јуни 2016, 01:21:12 am »
merevte so potroseno/pominato ili gledavte na bord?
VW Passat 2.0TDI 2015
Skoda Fabia 1.2TSI 110PS DSG7 2016
Honda SH150i  2020

Отсутен Vlatzki

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2069
Одг: CARclub Hypermiling Тест: Volkswagen Passat 2.0 TDI 150 Comfortline
« Одговори #33 на: 30 Јуни 2016, 01:24:20 am »
Пасатот ми троши 3, голфот 3, широкото 4 нафта.

Муабет во следните 10 год.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43703
  • Il Moderatore
Одг: CARclub Hypermiling Тест: Volkswagen Passat 2.0 TDI 150 Comfortline
« Одговори #34 на: 30 Јуни 2016, 06:55:43 am »

6 литри може да троши и Corvette со 6.2 литри мотор. Така да тоа е огромна потрошувачка за 1.6 моторче ;)
Може на удолница со моторно кочење......

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54983
  • Махер
Одг: Одг: CARclub Hypermiling Тест: Volkswagen Passat 2.0 TDI 150 Comfortline
« Одговори #35 на: 30 Јуни 2016, 07:11:50 am »
Oдлична потрошувачка. Пожелно би било да потрошите цел резервоар и да го дополните, но веројатно сте немале услови.
Одлична кола за Прчот, Штрумфот, Џонтра, несомнено ќе вадат потрошувачка од 2.9, 3.0, 2.8 соодветно.
Одлична кола за мене, ќе уживам во потрошувачката од 6 литри.

И мене Минито до Струмица ми има потрошено 6 на 100 со нормално возење, така да и не е нешто штедлив Пасатов :D
6 литри може да троши и Corvette со 6.2 литри мотор. Така да тоа е огромна потрошувачка за 1.6 моторче ;)
Важно е кај секоја кола да не троши повеќе од 5 на автопат со пристојно возење 130. Јас со 5 сум задоволен на отворено, а за градски нека оди до 7.5.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Hypermiling Тест: Volkswagen Passat 2.0 TDI 150 Comfortline
« Одговори #36 на: 30 Јуни 2016, 07:53:07 am »
Одлична кола за Прчот, Штрумфот, Џонтра, несомнено ќе вадат потрошувачка од 2.9, 3.0, 2.8 соодветно.

Баш небитно, со оглед на тоа дека било кој бензинец на плин помалку ќе потроши од Чернобилов со истиот режим на возење по знаци.
Кога него ќе го направат на плин/струја па да троши 4 литри плин тогаш можеби заслужува пофалба.
Сега за сега, автомобилчето е океј, (ако занемариме дека таа потрошувачка е резултат на недозволена количина на загадување и уште еден куп гревови дур се стигне до таму) ама на технологијата и се веќе избројани деновите и ќе исчезне за 10-15 години сосем.

Отсутен A4-B8

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 544
Одг: CARclub Hypermiling Тест: Volkswagen Passat 2.0 TDI 150 Comfortline
« Одговори #37 на: 30 Јуни 2016, 08:05:17 am »
Ќе потроши помалку пари, не плин. Тоа некако го занемарувате. Кај нас во државава просечна старост на возилата е 20 години, вие се фативте за нови дизели многу загадувале.. некако не ми се чини дека ќе исчезнат за 10 -15 години, како што оди работата ....

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54983
  • Махер
Одг:
« Одговори #38 на: 30 Јуни 2016, 08:23:19 am »
За некои небитно, за други круцијално. :)

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: CARclub Hypermiling Тест: Volkswagen Passat 2.0 TDI 150 Comfortline
« Одговори #39 на: 30 Јуни 2016, 09:03:36 am »
Јас со вакво нормално возење вадев помеѓу 5.1 и 5.6 со Лансерот.
Еднаш коа се потрудив троа поќе, извадив 5.0, додека у еден наврат, со 4ца у кола и торби у багажник као за летовање у Охрид, бидна 5.4.

Зборам за возење во горенаведениве услови, согласно знаците или нешто плус, на релација Скопје-Охрид-Скопје, пред да ставам плин.

Секое тргање накај Охрид и назад си давам задача да видам колку може пониско да отидам со потрошувачка, онака заради драпање мадиња.
И ќе стигнам пред искачувањето на Стража, Пресека или на враќање после 3-та патарина и си викам, уатафаџ и се смееме по кола низ кривините :D (како што возевме последното идење за Маврово)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Hypermiling Тест: Volkswagen Passat 2.0 TDI 150 Comfortline
« Одговори #40 на: 30 Јуни 2016, 09:26:56 am »
Ќе потроши помалку пари, не плин. Тоа некако го занемарувате.
Да де, пари. Никако не го занемарувам тој факт. Што значи најголемиот дел од бензинците на плин трошат помалку пари од рекордеров во ниска потрошувачка.
Иднината е во хибридите. А не гледам никаде дизел хибриди. Дизелот единствено го спасува евентуален технолошки пронајдок да се произведува некое гориво кое ќе експлодира под компресија, ќе биде ефтино како плинот и нема да исфрла несогорено гориво.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Hypermiling Тест: Volkswagen Passat 2.0 TDI 150 Comfortline
« Одговори #41 на: 30 Јуни 2016, 09:33:25 am »
Иднината не е во хибридите. Хибридите се stepping stone што не можеме да го заобиколиме и се привремено решение за долгорочен проблем.

Хибриди се непотребно комплицирани, скапи за производство, скапи за одржување и нудат лажно решение. Кога хибрид би се возел како секоја кола - guess what, ќе троши како и секоја друга кола.

Иднината е во електричните возила, или евентуално во горивни ќелии (највеќе заради инфраструктура). Хибриди се краткотраен пувеж во ветер.

Како и да е, мене ми е стварно жал што и оваа дискусија се претвори во Дизел вс Плин XIV: Повратак Плинџекшна - Мање ме Кошта Edition.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: CARclub Hypermiling Тест: Volkswagen Passat 2.0 TDI 150 Comfortline
« Одговори #42 на: 30 Јуни 2016, 09:36:47 am »
Кога веќе ја спомна, денес ја видов жолтата C06 како излегува од паркинг од Холидеј Ин.
Дури отворив и прозор да чујам кога ќе ме помине, ама ништо....Ти возеше C06 или Гран Спорт?

C5 LS1. Прекрасна V8 симфонија.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Hypermiling Тест: Volkswagen Passat 2.0 TDI 150 Comfortline
« Одговори #43 на: 30 Јуни 2016, 09:39:39 am »
Иднината не е во хибридите.
Е ако де, не е ни во дизелите.
Темата не се претвори во никаков Дизел вс Плин. Само се изнесе математиката како факт и немора да се продолжува натаму со муабет ако тоа не одговара на рекламата за нелегалните мотори на Фоксваген. И онака Пасат е господска кола нели? Кого интересира колку ќе троши? И онака никој нема да ја купи заради потрошувачката.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Hypermiling Тест: Volkswagen Passat 2.0 TDI 150 Comfortline
« Одговори #44 на: 30 Јуни 2016, 09:42:23 am »
It's a conspiracy!

--

Него, да не се вртиме во круг.. Ни јас не реков дека иднината е во дизелите. Иднината не е во ниту една технологија што како погонско гориво користи сок од диносауруси. Све тоа е со екстремно ограничен рок на траење.