Свашта. Се повеќе коли од фабрика излегуваат со плин. А тоа што вие го купувате најефтиниот турски/полски уред, монтирате кај приучени мајстори за тоа кој ви е крив? Си бара малку повеќе ангажман на почетокот да се намести како што треба и после само редовно одржување без никакви проблеми.
Јас веќе 50.000км на плин без ниеден проблем, Благоја веќе 160.000км на плин без никаков проблем, комшијава со 147 1.6 таксист на плин многу проблеми но ниеден поврзан со плинот. 10.000км си надмашил промена на филтер па после плинот ти бил крив и никад веќе? За се треба грижа и одговорност во животот, од кола, до деца, до жена, до компјутер, до куќа...Што и да запуштиш веќе нема да те сака.