Бидна, се простивме од малото, си го земавме големково.
Како насловот што вика, видена работа-нема што да должиме и да се објаснуваме, испадна кец на десетка после не толку долгото али заморно трагање по кола.
Иначе на кратко, увезена пред месец дена од пријател, со културно средена документација. Колата си е предобро сочувана за годините.
Опрема:
-климатроник
-серво волан подесив по висина и длабочина
-електрика на прозори-на сите
-електрично подесување на ретровизори и фарови
-фарови со лупи
-халогенки
-борд
-еуро кука со атест заверена во сообраќајна
Ова е она што првично ми падна во очи после овие 2 дена во моја сопственост.
Вчера беше регистрирана, денес се земаа таблички
Прва регистрација, со нови таблички и нова сообраќајна=13500мкд-нека си стои како податок.
Сликчиња од она што имам, здравје деновиве ќе направам поасални.
Километрите се тие, така да во колава има доооста возење. Првични импресии.... чудно ми е малку дека деизел, муабетот со полото и југото и сега ќе го кажам, разликата од југото до полото, е иста можеби и поголема од полото со пасатов. Од моторот пријатно изненаден, не е бучен, убаво си тегне за големината на колата, не тресе како што си мислев. За потрошувачка-рано е.
Во кабината е тивко и пријатно, има доооста комоција
Седиштата се удобни, се местат висински, задниот дел на грбот исто така се штелува потпората. Каросерски од доста добар за годините, има ситници-али ситници не се страшни и не ми сметаат.
Планови-огромни, само во блиска и брза иднина ќе бидат следниве:
-хемиско чистење-задолжително
-фолии
-алуминиумски бандажи и летни гуми-овие ми се зимски и мора да се сменат
-ролетна за гепек ми фали-треба да си купам
-проѕирната пластика на десното штопче беше скршена,па ја извадиле- значи понатака цело шточче да се купи
-и ситници да си потсредам со ентериерот.
Тоа е тоа, сега за сега...