Денес монтирани новите звучки, конечно малку време се најде и се фатив за работа.
Купени ми беа уште пред нова година, по нив купив и адаптери бидејќи по туторијали на јутуб што гледав луѓе ставаа и ми се виде како културна работа, за разлика од други што гледав, ги користеа фабричките но, требаше да се откорнат старите звучки од адаптерите, па да се упасираат, па вака па онака. Бидејќи звучкиве идеа со твитери, сакав и тие да ги сменам но фабричкиве гледам дека уште добро си бркаат работа, па ги оставив до нивно откажување.
Утепав може 6 часа за демонтажа-монтажа, нели веќе кога си извадил тапацири да се забрише, нешто што небеше на место да се намести и така.
Старите звучки беа сите расцепени, испаднаа вишок делови на тапацирите каде што доаѓаат звучките имаше гумени мембрани-амортизери и морав да ги извадам зошто при враќање на тапацирите ми фаќаа на звучките и тапацирот неможеше да клапне на жлебови.
Сега се слуша музиче со мерак.
Испратено по поштар