Пред година дена отворив тема за совет кој е по реалибилен модел E92 или E60, темата:
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,17574.0.htmlИ бев одлучен да си земам Е92 купе од BMW со 3.0 дизел мотор, али поради не очекувани финансиски трошоци морав да го одложам купувањето за една година, и еве сега (т.е вчера) се подновив со BMW 325D E92 2008, немам многу слики:
Имав одлука, дали да земам ова со М Пакет и рачен менувач или без М пакет ама аутоматик, и се одлучив за ова.
Од интериер има седишта со превртена кожа, комплете idrive систем со навигација и за МК.
Иако мене ми беше критериумот за километри многу низок, се одлучив да не гледам до толку ако возилото е здраво и добро одржувано. 170 илјади поминати, проверена кај џеповски во лисиче, единствено за менување се гумите, иако се нови треба да се сменат на следните 20,000 км.