До Зеро/Андреjа
Она од вчера можеше многу поубаво да се организира, само ти беше потребна саглам поддршка од Mида, односно требало ти да се организираш убаво со нив, знам дека добро стоиш со Мида и вработените, работиве што ќе ти ги кажам свати ги добронамерно за во иднина, има еден член на форумов кој не е толку активен аама комуницираме преку пп, има Фиеста како мојата. Баш ме прашуваше по пп како било што и даде некои предлози.
Главниот кривец е Мида, ти сигурно си им кажал за идеава или си им спомнал. Толкаво фирмиште да не може да организира еден собир за возила кои што и те како доминираат на улициве и ги има во огромен број.
Прво и основно Фиеста им е најпродавано возило, никое друго возило не се продава како Фиеста, јас имам број оставено таму, имаат и илјадници други сопственици, маркетинг службата можела да организира телефонско јавување на сопствениците:
- Добар ден, на телефон е ... Вие сте сопственик на Фиеста, по повод 40 години Фиеста на тој и тој ден ќе се организира собир, дружење таму и таму, дали би сакале и би можеле да присуствувате, ќе поделиме некои симболични подароци, ќе има тест возење итн итн... Секако се тоа да биде поткрепено и со инфо на интернет, поготово на нивната страна.
Ќе го цитирам колегата
Со сув гз риби не се фаќаат, затоа маркетингот си е наука.
Подароците кои би ги делеле на сите присутни би биле симболични, еве да речеме привезок за клуч што ти знам, некое миризливо, некој рекламен материјал, нешто интересно од нивна страна,
а добро би било да има и некое извлекување на среќа и да се поделат повредни награди како: 1x,2x,3x ваучери за основен редовен сервис, 4-5л кантичка масло, филтер за воздух, свеќици, филтер за полен итн. Нема да пропадне Мида од ова, а ќе и биде огромен плус од аспект на маркетинг и добро мислење за фирмата но и за твојата репутација како лична така и за твојот сајт. Огромен плус. Знам дека секогаш имаат некои понуди, промоции ги пратам, ама можеа овој пат да организираат нешто подобро.
Да се надоврзам на цитираното и на ова што набројав, да се случеше се ова ќе видевте во тој случај во колкав број возила ќе дојдеа, пред се поради главните награди
Идеа која многу ми се допадна и можеше да се изведе
Пази, да собериш Фиести паркирани во вид на 40ка, па слики и снимки од дрон, околу во круг вртат Фиести...профи ќе беше
Спектакл ќе беше. Ако не дојдеа и случајни минувачи и возила еве на...
Се се може ако се сака и ако се вложи труд ама јебига. Следен пат.