....
Јас си кажувам за мене. Секој ќе си вози тоа што му е најпрактично и што најмногу му прави мерак (компромис).
Јас искрено не знам што толку треба да се пакува кога се патува на некаде. Исто не ја разбирам играта и фиксацијата на простор во кола. Секој нормален седан има доволно простор да се спакуваат и патуваат 3-4ца.
А за математиките на автомобилите на старо, секој сака да добие најмногу од сѐ, за најмалку пари. Тоа е главната причина за купување на коли кои се со криза во идентитетот и недоразуменија.
Дај повеќе пари, купи си седан и уживај во елеганција во движење како човек. И јади трици на невестата/другарите да бидат разумни и да не претеруваат со пакување глупости во багажот. (Зборувам општо).
Ако морам караван, прифатливо е само А6ка, 5ка или Алфа. Ништо друго.
Последниве неколку години патувам на најразлични долги релации и единственото правило е: Не сакам багаж на задно седиште. Се што се спакува мора да се собира во багажникот. И тоа е тоа.