Два пати изгледав вчера. Едвај се издржа без нив. Ми се врати душава на место. Фантастично од детаљи, од музика од симболика. Страшно добро.
Не беше ова епизода класична туку така како почеток. Стварно врвно стокмено. Плус што се собраа они кои се светото тројство, сосе хиперколите кои се светото тројство.
Многу ме израдува и тоа дека 10-12 недели ќе ги има, а не само 4 како што беше со топ-гиар последните сезони.
Башка сабота сабајле за викенд да си изгледаш а не оноа у недела вечер и ако сакаш снимка ќе ти искочи понеделник.
Браво.
Ако морам да најдам забелешка, не ми се бендиса наскар тркачот. Некако не ми одговараше на случувањата, како одвишок да беше. И не претставителен. Безвезе избор дефинитивно.