Одамна сакав да ја сменам бојата на бандашите на стилото (откако решив да го вратам фул сток). Веќе почна да се лушти црната боја на места, сепак одлично издржаа, фарбани се далечната 2006 година. Дури доста подобро од многу фабрички бандаши, со оглед на тоа дека последниве 5 години, стилото е естетски речиси заборавено. Денес дојде денот да ги префарбам, и тоа со помош на кинески rubber spray (а.к.а. кинески plasti dip).
Зошто кинески пласти дип? Заради цената. За 1000 денари 4 боци спреј. Една боца „вистински“ пласти дип е повеќе од 1250 денари (=5 боци кинески).
Зошто не со акрилна боја? Па не сум сигурен дека ќе сакам да ги остаам вака, а и за солидно фарбње, мора да ја симнам црната боја и лакот, кој е прилично хеви дјути, па за перфектни резултати ќе треба (скупа) професионална рака.

Прво го пробав на едно пластиче по дома, гледам добро покрива, солидно е еластичен - може да се почне

1. Припрема:
- Прво перење на бандашите со средство за перење бандаши;
- Бришење со крпа,
- Повторно перење со средство за перење бандаши
- Повторно пребришување со крпа,
- Пребришување со средство за обезмастување (Јас употребив Brake Cleaner, нанесен на микрофибер. Ме мрзеше да одам до аптека по етил алкохол).




- Чекаш убаво да се исушат бандашите.


- Маскираш со креп трака. Овдека мора да напоменам, дека подобро е да се изолираат целите гуми, а не вака јас како што направив. Не се вади лесно гумиранава боја кога е во мали количини напрскана. Друго е кога е дебел слој кој може како гума да го откинеш.


2. Фарбање.
- Прво почнуваме со тенок прв слој. Нешто као да го „прајмерисаме“ бандашот. Се гледа прилично доброто покривање уште на првиот слој.


- Потоа втор слој. Вториот слој, а и секој нареден го шприцав после 15 минути. На кутиајта вика 20 минути, ама пошто беше топло, доволно беше да биде суво на допир. Веќе убаво покриено, но има маани на бојата, нерамномерно и си „бара“ уште


- Тераме онолку слоеви колку што мислиме дека е потребно. Во мојот случај 5-6 не многу „мрсни“ слоја.


Да не ги заборавиме капачињата:


- Кинесков дип има солиден притисок и солидни дизни, ама кратко трае. На пола спреј веќе опадна притисокот, и покрај тоа што ги држев на сонце. Со помалиот притисок, знае да „пљукне“ на некои места, ама не е страшно.
- Искоритстив 3 спреја. Веројатно да беа сребрени бандашите, ќе поминев и со 2.
На упатството пишува сушење 4 часа. Јас ќе им дадам повеќе од 24

- Шприцнав и по два слоја од задната страна на бандашите, чисто за естетика. Реално, можеше да помине и без задниот дел.
3. Конечни резултати:


Тркалата на кола:


Јас сум презадоволен од визуелниот резултат. За трајноста не коментирам, ќе видиме како ќе се покаже на перење, брејк даст и така натаму. Сабајле почнав во 10 саат, во 14.00 веќе беа намонтирани гумите. Без брзање, со доручеци и кафиња успут. Нема потреба да се брза во Недела

Сите слики (и добри и лоши):
http://imgur.com/a/ZpcWGПрашања?
