Здраво Плимонт
Јас имам едно прашање. Пред некој ден почна да ми зуи бензинската пумпа. Кога дојдов дома, ја згаснав колата. После еден саат веќе неможев да ја запалам. Бензинската пумпа не ја слушав веќе ни на контакт ни на верглање.
Пробав да ја запалам колата директно на плин со држење на копчето и си запали од прва. Не знам дали е нормално, ама додека работеше на плин на 30 секунди имаше титкање од неколку пати.
Денес ја заменив бензинската пумпа , сега на контакт и на верглање ја слушам дека работи, ама пак не пали колата. Ја запалив пак на плин, пак го имаше титкањето и пробав додека работи да сменам на бензин, ама не ми даде.
Прашањето ми е:
Дали менувањето на бензин е овозможено кога колата се пали така со држење на копчето? Дали е можно следново сценарио: поради неисправната пумпата за бензин плинскиот систем да смета дека бензинскиот систем е невалиден и не префрла на него воопшто?
Да не плинскиот систем го има блокирано протокот на бензин (како кога работи на плин) и да си го враќа бензинот назад, а колата нема да запали? Дали титкањето е нормално кога се пали на плин директно или сигнализира некоја грешка.
Дали е можен квар во делот од плинскиот систем што прави префрлање од плин на бензин при гасење на колата? Системот да не префрла на бензин, а нема да префрли на плин бидејќи нема температура постигнато?
Се работи за Даеву Нубира со АЦ СТАГ плински систем.
И уште нешто. Некој ми спомна дека може 10тина пати да се пали колата на плин директно, после нема да дозволува. Дали е вистина тоа?
Според информациите кои ги споделивте со нас, проблемот е сеуште во бензиската пумпа и во притисокот на бензинот кој доаѓа до моторот.
За да се реши проблемот ќе мора да се обратите во сервис за Daewoo/Chevrolet или кај автоелектричар.
Ќе се обидам редоследно да одговорам на Вашите прашања:
Дали менувањето на бензин е овозможено кога колата се пали така со држење на копчето?
- По стартување на моторот со интерветен мод-со директно стартување на плин, нема опција за префрлување на бензински погон, односно копчето е "замрзнато" на опцијата плин, се до наредното гаснење и стартување на моторот
Дали е можно следново сценарио: поради неисправната пумпата за бензин плинскиот систем да смета дека бензинскиот систем е невалиден и не префрла на него воопшто?
- Не е можно.
Да не плинскиот систем го има блокирано протокот на бензин (како кога работи на плин) и да си го враќа бензинот назад, а колата нема да запали?
- Не е можно.
Дали титкањето е нормално кога се пали на плин директно или сигнализира некоја грешка.
- Да, титкањето е нормално по стартување на моторот директно на плин, се повторува на секои една или две минути
Дали е можен квар во делот од плинскиот систем што прави префрлање од плин на бензин при гасење на колата? Системот да не префрла на бензин, а нема да префрли на плин бидејќи нема температура постигнато?
- Не е можно.
Некој ми спомна дека може 10тина пати да се пали колата на плин директно, после нема да дозволува. Дали е вистина тоа?
-Да , вистина е дека такво ограничување има кај некои системи, но кај АЦ Стаг нема , односно опцијата директно палење може да се искористи неограничен број пати (но се препорачува тоа да се прави само кога е неопходно).