Свеќиците побрзо се амортизираат кога се вози колата на плин поради поголемата температура со која согорува плинот.
Чим си ставил плин пожелно е да ставиш и нови свеќици од ист тип како што е бфабрички препорачано за возилото.
Другар ти не сменил свеќици, но старите и истрошени свеќици повеќе ја оптеретуваат бомбината, која ако цркне е прилично скапа за менување.
Така да, ако на пример свеќици на фиестата е препорачано да се менуваат на 45.000км, ако возиш на плин треба да ги менуваш на 30-35.000км.
Кога последен пат ти се сменети и колкав е интервалот на менување?
Иначе од аспект на квалитет на плинот, тоа е бајаги дискутабилно. Препорачлано е да ставаш на Макпетрол, лукоил, окта, макоил. Можеби и другите се добри плинари ама овие се барем проверени.
И на 1000км треба да отидеш да се исчитаат параметрите на плнскиот компјутер и по потреба да се рекалибрира плинската мапа, да се збогати или осиромаши смешата итн итн, битно треба да отидеш на таа проверка.