Ги прочитав претходните постови и би сакал да се вклучам со кратко појаснување
Во Плимонт во моментов имаме два вида на промотивни активности.
Едната активност е летната акција за бесплатна контрола на плинскиот уред, која е со цел да се поттикнат возачите на возила на плински погон навремено да направат проверка на плинскиот уред
Втората активност е промовирањето на нов плински уред-EasyGas Green. Се работи за секвенционален уред од средната класа. Ние во текот на минатите месеци направивме тестирање на EasyGas во повеќе возила, по што пред неколку дена започнавме со редовна монтажа (не стигнавме ниту на форум да се пофалиме). Промотивната цена е 368 евра, а ќе трае до крајот на месец Јули, и се однесува на готовинско плаќање.
Уредот кај нас пристигнува преку компанија од Република Бугарија, а составен е претежно од компоненти произведени во Италија.
EasyGas Green не е замена за уредите на Ландирензо, и самата разлика во цена укажува на друга класа на уред, но е сосем солиден уред кој си ја исполнува улогата за кој е наменет.
Како тип на плински уред сметаме дека најмногу ќе одговара на возачите кои возат постари возила- но со МПИ мотор, како и на возачите кои често менуваат возила и не сакаат да вложуваат многу во нив,