бидејки гледам дека темиве во плимонт некако запреа, по немилиот настан, да ве известам само дека плимонт продолжува да работи со полна пара. екипата која атанас ја создаде и обучи, продолжува да работи со исто темпо. стручноста е присутна, темпото и квалитетот нема да се смени. целата екипа како таква поставена од него продолжува со своите работни места (а и не гледам зашто нешто би се сменило)...
како и досега на овој форум и на други форуми, така и понатаму, звонко ке одговара на прашањата поставени на темава кога го прашувате плимонт за цени, проблеми и разни прашања. плимонт и понатаму мора да функционира и живее, пред се заради империјата која атанас ја создаде, секако, со помош на таа екипа. атанас не напушти, но со него не замина стручноста на персоналот во фирмата.
-на прво место тука е звонко кој е задолжен за комуникација, договарања и објаснувања со клиенти за монтажа и секако сугестивни препораки за сервис.
-на второ место е саше, експертот за сервисирање и детектирање (секако и отклонување) на проблемите-дефектите со автомобилите со веќе вграден плински уред, без оглед кој тип на плиснки уред е, како и финално штелување и инсталирање на надградби на нови уреди.
-на трето место е обучениот тим за монтажа (да не ги набројувам кои се) од 8 лица-луѓе кои работат во гаражите за ново монтирање на уреди. секој експерт во својот дел на монтажата.
-на четврто место е наследникот на атанас кој како и досега, така и одсега ке продолжи да се грижи за квалитетот на новонабавените материјали и уреди, ке го следи светскиот тренд на промени и подобрувања и секако ке се грижи за клиентите да бидат задоволни.