Плимонт
Дали колите кај кои се препорачува да има дополнителна капалка за вентилите, на истите им се потполно заштитени вентилите, или пак постои можност за нивно горење?
Колку е таа долга релација возена на автопат изразена во километри, 20-30км или пак 500 - 600 км?
И што подразбирате под визоки вртежи, јас на пример на автопат поголем дел од времето сум помеѓу 2500 - 3000 вртежи, со одредени испади при претекнување. Дали овие ги сметате за високи вртежи и како влијаат врз вентилите кај возила со капалка и кај возила кај кои треба да има но немаат капалка или едноставно без да приметиме ни се истрошила течноста ![Huh? ???](https://forum.carclub.mk/Smileys/FlatEmoji/huh.gif)
Ова отсекогаш ме интересирало бидејќи и јас возам возило на плин на кое има инсталирано капалка.
Благодарам
Информациите со кои располагаме, а кои се однесуваат на осетливоста на вентилите на плински погон, се од 3 извори
-прозводители на автогасна опрема
-производители на адитиви
-наши сопствени искуства
Најмоќните прозводители на автогасна опрема не ги спомнуваат адитивите. Тие овој проблем го решаваат со примена на split-fuel опцијата (контролирано впрскување на бензин додека возилото користи плински погон) или преминување на моторот на бензиски погон на високи вртежи. Во одговорот што го добивме од Landi Renzo за Хјундаи се препорачува над 3500 вртежи во минута да се вклучи една од овие две опции. Од адитивите, Landi Renzo ги спомнува Tunap (tunap.de) адитивите.
Од друга страна се производителите на адитиви како Flash Lube со огромен глобален настап, на чии инфомации секако треба да се обрне внимание.
Од трета страна сме ние како Плимонт, кои во минатите години конвертиравме огромен број на возила на плински погон, што ни дава основа за створиме наше сопствено видување . Ние предлагаме употреба на Flash Lube кај Фордовите возила со со 1.6 и 1.8 мотор, кај Мицубиши со зафатнина на мотор до 1.5 литри, кај повеќето нови модели на Сузуки, Мазда, Тојота, Хонда и уште кај некои, претежно јапонски модели на возила.
Од нашето досегашно искуство, можеме да кажеме дека кај нас досега не се јавиле проблеми со вентилите.Имавме само еден случај , со еден модел на Тојота која секојдневно се возеше на автопат.
Не секоја информација која излегува во јавност за осетливост на вентилите кај некое возило се потврдува во пракса во нашиве простори. Би сакал да го споменам примерот со Zetec моторот на Мондео, за кој пред 12 –тина години се рашири информација дека е многу осетлив на вентили. Во пракса, до денес нема ниту еден случај на Мондео со проблем со вентили.
Сличен е случајот и со Опел возилата, кај кои во Германија е забележана опасност од прегревање на вентили или лежишта на вентили. Ние монтираме навистина голем број Опелови возила секоја година, таков проблем не е забележан.
Тоа што сакаме да издвоиме е дека сепак има разлика во условите за возење кај нас и во западна европа. Во контекст на ова би спомнал еден разговор на кој присуствував, а кој се водеше помеѓу претставник на BRC-Italia и еден сервис од Грција. На овој разговор, на прашањето за опасноста по вентилите, бидејќи Грција изобилува со возила кои спаѓаат во осетлива група и одлични патишта, одговорот беше дека плинот кој се продава на грчкиот пазар не е доволно рафиниран и повеќекратно се намалува можноста да направи проблем.
Уште еднаш да нагласам дека во Македонија нема релации за долго возење. За Киа и Хјундаи границата на вртежи над која Landi Renzo спрема добиените податоци ги сметат како високи е 3500 в/м
![](http://i42.tinypic.com/14ya3v5.jpg)