Автор Тема: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори  (Прочитано 879298 пати)

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2850 на: 12 Октомври 2023, 10:31:22 am »
Гаснењето при префрлување на плин на ладен мотор и гаснењето при застанување по подолго возење во пракса се различни проблеми предизвикани од различни причинители,  од плинскиот уред или од самото возило (но се случува и комбинација и
од уредот и од возилото). За првиот проблем секогаш инсистираме возилото да се остави кај нас преку ноќ, за да можеме нареднит ден да го испитаме функционирањето на плинскиот уред на ладно возило (се испитува евентуално пропуштање на плин кон моторот, и како се однесуваат компонентите на уредот и софтверот на ладен мотор).
Гаснењето во возење е заради нагло спуштање на вртежите на моторот при отпуштање гас. Во најголем број на случаи кога е предизвикано од плинскиот уред тоа се случува многу често, на секое застанување на семафор.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13839
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2851 на: 12 Октомври 2023, 12:15:26 pm »
Прашање: Новиве ситеми по default префрлуваат на бензин на повисоки обртаи? Зборувам за стандарден injection систем не за GDi.

Отсутен Кољо

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 196
    • MVP Ring
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2852 на: 12 Октомври 2023, 12:40:08 pm »
Прашање: Новиве ситеми по default префрлуваат на бензин на повисоки обртаи? Зборувам за стандарден injection систем не за GDi.
Колку што знам може да избереш дали да префрли сам кога ќе постигне температура или да префрли на повисоки обртаи кога ќе постигне температурата.

Пунтото ми е на првиот начин, а службената шкода на вториот.

Sent from my LM-V450 using Tapatalk


Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5673
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2853 на: 12 Октомври 2023, 12:42:06 pm »
Зборуваш за плин најверојатно. Карпатиан мисли за префрлање од плин на бензин за заштита на вентилите. Кај мене на Ловато ако премногу ја форсирам префрла на бензин, лани така се случи, годинава после сервисот не. Најверојатно има таква опција во системите уште од 2013та.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34064
  • Таков е животот... јебига
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2854 на: 12 Октомври 2023, 20:42:00 pm »
Прашање: Новиве ситеми по default префрлуваат на бензин на повисоки обртаи? Зборувам за стандарден injection систем не за GDi.
Да, сите скоро уреди што се на дизна и со компјутер ја имаат таа опција да се намести бензин и плин мешано на повисоки вртежи, Меѓутоа, ако сакаш да се тркаш или да форсираш узбрдо, подобро е секогаш да префрлиш целосно на бензин. Бензинот не испарува најдобро во присутство на плин и смесата е секогаш богата, што ги спасува вентилите ама е погубна за катализаторот, ламбда сондите и ауспухот.

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2153
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2855 на: 12 Октомври 2023, 21:22:30 pm »
Кај мене на Ловато подесено е над 4.500 да шприца и бензин. Шо во реалност се нема случено да се искористи.
Сум решил на плин да возам ради економија.

Нема потреба да ја силовам колата. 1.8 атмо во голема кола е спор тромав посекако.

Еднаш месечно возам 100тина км ма бензин онака чисто од ќеф и да се осигурам дека е се во ред.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14233
  • Пудингот на шоферството
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2856 на: 12 Октомври 2023, 22:38:44 pm »
Како бе бензин кола атмосферец не ја возиш над 4500?
Јас дизел редовно си го носам до црвено инаку дур развиеш нормална брзина на движење ќе ти требаат 16 минути и 3 антидепресиви. ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2153
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2857 на: 12 Октомври 2023, 22:52:51 pm »
Ти си исклучок :)
Се стига до нормална брзина на движење и без антидепресиви.

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2858 на: 13 Октомври 2023, 08:09:12 am »
Прашање: Новиве ситеми по default префрлуваат на бензин на повисоки обртаи? Зборувам за стандарден injection систем не за GDi.


Сите системи од новата генерација (секвенционални) префрлуваат на плински погон по постигната температура на мотор. Префрлувањето на обртаи беше применето кај постарата генерација на електронски уреди, кои во пракса се монтираат на моно-инжексион мотори.
« Последно менување: 13 Октомври 2023, 09:55:48 am plimont »

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2859 на: 13 Октомври 2023, 08:15:45 am »
Зборуваш за плин најверојатно. Карпатиан мисли за префрлање од плин на бензин за заштита на вентилите. Кај мене на Ловато ако премногу ја форсирам префрла на бензин, лани така се случи, годинава после сервисот не. Најверојатно има таква опција во системите уште од 2013та.

Кај Ловато, како и кај другипе плински уреди има опција да се вклучи вбризгување на бензин над одредени вртежи. Ловато и без вклучена опција самиот фабрички е подесен да дозира бензин на високи вртежи, се работи за релативно спор систем со спори дизни кој не постигнува да одработи само на плин при форсирање  на високи вртежи. Во секој случај, кога се случува да враќа на бензин (со акустичен сигнал и трепкање на контролното копче)на високи вртежи - значи дека компјутерот на плинскиот уред забележал грешка на плински погон и го вратил моторот на бензин
« Последно менување: 13 Октомври 2023, 08:34:23 am plimont »

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2860 на: 13 Октомври 2023, 08:30:38 am »
Прашање: Новиве ситеми по default префрлуваат на бензин на повисоки обртаи? Зборувам за стандарден injection систем не за GDi.
Да, сите скоро уреди што се на дизна и со компјутер ја имаат таа опција да се намести бензин и плин мешано на повисоки вртежи, Меѓутоа, ако сакаш да се тркаш или да форсираш узбрдо, подобро е секогаш да префрлиш целосно на бензин. Бензинот не испарува најдобро во присутство на плин и смесата е секогаш богата, што ги спасува вентилите ама е погубна за катализаторот, ламбда сондите и ауспухот.

Се работи за сплит-фјуел опцијата. Единствена аномалија кај неа е што при преминот на прагот на кој е зададено вклучување на одреден процент на бензин може да се почуствува  сецнување. Ова е кај некои возила , не кај сите. Не е точно дека смешата плин и бензин мора да е богата. Плинскиот компјутер работи по информавциите од бензискиот компјутер и прави прецизно дозирање на двете горива според однапред зададен сооднос. При и најмал знак на богата смеса реагираат ламбда сондите и се активира чек-сијаличката. Проблем ќе настане само ако се вози со запален чек заради богата смеса и тоа да не се корегира со месеци.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13839
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2861 на: 13 Октомври 2023, 12:06:59 pm »
Зборуваш за плин најверојатно. Карпатиан мисли за префрлање од плин на бензин за заштита на вентилите. Кај мене на Ловато ако премногу ја форсирам префрла на бензин, лани така се случи, годинава после сервисот не. Најверојатно има таква опција во системите уште од 2013та.

Ловато и без вклучена опција самиот фабрички е подесен да дозира бензин на високи вртежи, се работи за релативно спор систем со спори дизни кој не постигнува да одработи само на плин при форсирање  на високи вртежи

Системов е Landi Renzo не знам точно модел, релативно нов. Ја форсиравме колата над 3500 обртаи :) почна да троши од бензинот, па ме интересираше оти знам дека таква опција постои и дали е по default кај новиве системи.

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2862 на: 13 Октомври 2023, 15:24:06 pm »
Зборуваш за плин најверојатно. Карпатиан мисли за префрлање од плин на бензин за заштита на вентилите. Кај мене на Ловато ако премногу ја форсирам префрла на бензин, лани така се случи, годинава после сервисот не. Најверојатно има таква опција во системите уште од 2013та.

Ловато и без вклучена опција самиот фабрички е подесен да дозира бензин на високи вртежи, се работи за релативно спор систем со спори дизни кој не постигнува да одработи само на плин при форсирање  на високи вртежи

Системов е Landi Renzo не знам точно модел, релативно нов. Ја форсиравме колата над 3500 обртаи :) почна да троши од бензинот, па ме интересираше оти знам дека таква опција постои и дали е по default кај новиве системи.

Не е дифолт опција. За кој модел на Ландирензо се работи?

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5454
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2863 на: 22 Октомври 2023, 12:15:41 pm »
Кое од овие еда го завртам за да го прекинам доводот на плин до моторот ?


Sent from my iPhone using Tapatalk
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4970
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2864 на: 22 Октомври 2023, 15:46:36 pm »
Кое од овие еда го завртам за да го прекинам доводот на плин до моторот ?(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)


Sent from my iPhone using Tapatalk
Gornoto, strelka so izlez

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk