Ви испратив и порака, ме интересира за совет.
Искуствата со шевролет авео 1.4? Некои ми викаат мора улје, други немора, може ли објаснување?
Првичниот договор помеѓу General Motors и Landi Renzo не предвидуваше адитиви. Поради проблемите кои се забележани (само) во Германија, договорот е ревидиран и сега е предвидено да се користат Тунап адитивите.
Во Македонија нема проблеми со вентилите и најголемиот број на Шевролет возила се без адитиви или Флеш Луб масло. Мал број на клиенти се одлучија да вградат Флеш Луб или Тунап адитиви.
Околу тоа што треба да изберете
1. избор на плински уред
– доколку одберете Landi Renzo плински уред сигурно ќе нема проблеми, тоа е производител кој има договор со General Motors на светскo ниво.
- плински уред BRC- не сме работеле со него досега. Самиот уред се разликува од останатите италијански уреди и затоа сме го избегнувале. Меѓутоа, доколку се земат во предвид испитувањата на релевантни институции и договорите кои ги има со General Motors за одредени земји, сигурно дека и со него ќе немаш проблеми.
2.избор на сервис – имаме огромно искуство со Chevrolet и Opel возилата бидејќи имавме официјален договор со General Motors со кој на возилата остануваше меѓународна ( а не само локална) гаранција.
За сервисот на BRC не можеме ништо да кажеме, за него ќе треба да каже некој нивен корисник.
Околу гаранцијата најдобро е да се информирате кај Вашиот дилер. Има случаи кога беше одобрено да се задржи гаранцијата кога уредот е вграден во Плимонт.
Фотографии од Авео со вграден плински уред можат да се погледнат на страната:
http://www.plimont.com/galery4/index.php?/search/720.
Во продолжение ќе Ви постирам дел од фотографиите од плински уреди на Авео: