Автор Тема: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори  (Прочитано 880345 пати)

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5468
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2475 на: 17 Јануари 2018, 00:26:02 am »
@duffymkd, еве јас имам плин на два мегани mk3 од кој едниот беше 1.4 Tce i моменталниот 1.6 од скоро нула км без ни еден проблем досега, плус  прв бев да ставам плин на тце кога го зедов не се ни нафаќаа да стават повеќето, намњсрив во мар мил, после  тоа се зедоа еден куп државни такви мегани во Рек Битола сите ги конвертираја на плин,  ги истурија од возење.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20634
ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2476 на: 17 Јануари 2018, 00:44:53 am »
Проблемот мене ми е што не ме плаши потрошувачката (јес да троши многу ама свесен бев коа ја земав колата). И сеа нескаам да се замарам со евентуални проблеми што ке никнат од плинскиот уред.
Парите за бензин не ми се проблем да ги одвојам АМА ако има опција за пола цена истото да го добијам незнам зашто да немам плин...

За кое возило станува збор, што толку ти набиле страв?

Абе не е страв туку да не си ставам трн у здрава гума  Имам слушано триста глупости зашто небило добро плин ама све се сведува на или стари информации (на пример потрошувачка ке се зголеми за 50% а ке стане многу трома колата) или лоши мајстови па мирисало на плин у колата ово оно...
Инаку за Волво С80 2008ма.

Имам нов план сеа, ми треба едно мало количе за низ град плус за возач почетник и него ке му шлапнам плин па ако  е све у ред некој месец ке го префрлам и Волвото :):)

Ако уредот е монтиран кај некој приучен квази мајстор у некоја шупа, веројатно ќе имаш проблеми, катастрофална потрошувачка, ќе ти смрди на плин, итн итн...

Во мојот случај, во секојдневни ситуации не можеше да се познае дали е колата на плин или не. Визуелно само индикаторот/прекидачот за плин во кабината покажуваше дека има плински уред. И нормално, ако погледнеш под хауба. 
Потрошувачката беше за околу литро повисока во однос на бензин (така и ми беше кажано дека ќе биде).
Во ниеден момент не осетив мирис на плин во кабината.

Не знам чив е моторот во Волвото, ама најубаво да си направиш муабет со луѓе кои значително повеќе се разбираат во проблематиката, да прашаш што те интересира и тоа соодветно да го размислиш, па да видиш дали ќе ти има поента ставање плин или не.
Разно разни (не)основани скептицизми од луѓе без доволно познавање и/или без никакво сопствено искуство не би требало да ги зимаш здраво за готово.
Субјективен си.

Знаеш дека многу многу многу често има проблеми со плинските уреди.

И никогаш нема да си на чисто. 
Заштедата во пари е точно, но не е 50%.
Кога ќе ги одбиеш сите заебанции би рекол 25-30%.

Проблемот е што во Македонија, а и општо на Балканот, стандардот ни е низок и посегаме по половични решенија со цел краткорочна заштеда.

И ве молам не го убедувајте човекот дека е паметно да стави плин на Спортаж од 2016.

Нека си ужива во колата и нека се држи понастрана од плински илузии.

Sent from my SP551 using Tapatalk

Секако дека сум субјективен, ама барем имам реална основа за да бидам. Јас го споделив моето лично искуство со возило на плин.

Знам дека има проблеми со плински уреди. Знам дека има проблеми и со ганц нови коли, туку што од салон извадени.

Само ко за споредба: во два наврати шетање низ Европа, (првиот на бензин 3670 км, вториот на плин + бензин 3680 км) разликата само во гориво беше околу 200 евра. За некого малку, за некого многу. Мене единствен трошок (покрај плинот) ми беше - масло за подмачкување вентили - околу 700 денара, и адаптери за полначка (АСМЕ за Германија и диш пошто ми се скрши стариот). Нити трошоци, нити заебанции. Бтв, за изузетно кратко време по инсталацијата на системот, поминав преку 40000 км.

Јас барем не го убедувам човекот - во ниеден момент не му реков обавезно да стави плин, за разлика од тебе што го убедуваш да не стави, без да имаш реална основа за тоа. Се обидов да му образложам што е и како е, базирано на моето искуство.

Чинам дека човекот збори за Волво С80 2008, не за Киа Спортаж.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен masterficx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 482
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2477 на: 17 Јануари 2018, 02:12:35 am »
Јас ја искинав од возење на плин. 4 цилиндра  N/A мотор. Убаво наместен плин ќе си има само редовно одржување. Филтер за плин на 10.000 км или 15 зависи од уредот по неверојатна цена од 15 евра приближно. Другите работи се редовно одржување на колата. Досега поминати 35000 на плин. Потрошувачка во град бензин меѓу 8 и 10. Плин меѓу 10 и 12. На отворено бензин меѓу 6 и 8, плин меѓу 8 и 10. Кога би земал просек за во град би изгледало вака: 9 просечна за бензин и 11 просечна за плин. Тоа се 550 денари на 100 за бензин и 330 на 100 за плин. Тоа се 192.500 денари за бензин и 115.500 денари за плин за изминативе километри. Плинскиот систем беше 30.000. Разликата на 35.000 километри е 192.500-145.500=47.000 денари. Балансот во цената за трите минути додека загрее и да префрли на плин колата, го направив со земање на повисока просечна цена на плинот пошо сите знаеме дека на лето е сигурно со 5 денари ако не и повеќе поевтин.

Ова е секако математика за атмосверски мотор каде што работите се поедноставни и шансите да се заебе нешто се помали. Колата никогаш во кабина не мирисала на плин. Ниеднаш. Исто треба да се направи селекција за местата на точење на плин за да се избегнат сецкања, трокирања, гасења на колата и чек енџин ламби. И многу битно е дека треба да се одбере вистинскиот модел на плински систем за конкретниот мотор.

Треба убаво да се провери за секој мотор кои се додатните трошоци (капалка, масло, цена на плинскиот уред, дали ќе работи само на плин или ќе вбризгува и гориво, дали смее да се вози во цел опсег на обртаи или се ризикува да се оштетат вентили кај корејци и слично) и тогаш да се направи калкулација дали се исплати да се конвертира на плин. Мое лично мислење е дека оние возила кои имаат нежни вентили или оние кои не работат само на плин, немаат економска исплатливост за конверзија со оглед на ризиците и трошоците што ги носат.

Покрај еколошката оправданост која е значајна, кај сите возила нема економска исплатливост. Ова е мое искуство и мое мислење. Не сум имал друго возило и каде што грешам нека ме корегира некој.
Cheap + Reliable = Not Fast
Fast + Cheap = Not Reliable
Reliable + Fast = Not Cheap

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1664
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2478 на: 17 Јануари 2018, 09:19:14 am »
Проблемот мене ми е што не ме плаши потрошувачката (јес да троши многу ама свесен бев коа ја земав колата). И сеа нескаам да се замарам со евентуални проблеми што ке никнат од плинскиот уред.
Парите за бензин не ми се проблем да ги одвојам АМА ако има опција за пола цена истото да го добијам незнам зашто да немам плин...

За кое возило станува збор, што толку ти набиле страв?

Абе не е страв туку да не си ставам трн у здрава гума  Имам слушано триста глупости зашто небило добро плин ама све се сведува на или стари информации (на пример потрошувачка ке се зголеми за 50% а ке стане многу трома колата) или лоши мајстови па мирисало на плин у колата ово оно...
Инаку за Волво С80 2008ма.

Имам нов план сеа, ми треба едно мало количе за низ град плус за возач почетник и него ке му шлапнам плин па ако  е све у ред некој месец ке го префрлам и Волвото :):)

Ако уредот е монтиран кај некој приучен квази мајстор у некоја шупа, веројатно ќе имаш проблеми, катастрофална потрошувачка, ќе ти смрди на плин, итн итн...

Во мојот случај, во секојдневни ситуации не можеше да се познае дали е колата на плин или не. Визуелно само индикаторот/прекидачот за плин во кабината покажуваше дека има плински уред. И нормално, ако погледнеш под хауба. 
Потрошувачката беше за околу литро повисока во однос на бензин (така и ми беше кажано дека ќе биде).
Во ниеден момент не осетив мирис на плин во кабината.

Не знам чив е моторот во Волвото, ама најубаво да си направиш муабет со луѓе кои значително повеќе се разбираат во проблематиката, да прашаш што те интересира и тоа соодветно да го размислиш, па да видиш дали ќе ти има поента ставање плин или не.
Разно разни (не)основани скептицизми од луѓе без доволно познавање и/или без никакво сопствено искуство не би требало да ги зимаш здраво за готово.
Субјективен си.

Знаеш дека многу многу многу често има проблеми со плинските уреди.

И никогаш нема да си на чисто. 
Заштедата во пари е точно, но не е 50%.
Кога ќе ги одбиеш сите заебанции би рекол 25-30%.

Проблемот е што во Македонија, а и општо на Балканот, стандардот ни е низок и посегаме по половични решенија со цел краткорочна заштеда.

И ве молам не го убедувајте човекот дека е паметно да стави плин на Спортаж од 2016.

Нека си ужива во колата и нека се држи понастрана од плински илузии.

Sent from my SP551 using Tapatalk

Секако дека сум субјективен, ама барем имам реална основа за да бидам. Јас го споделив моето лично искуство со возило на плин.

Знам дека има проблеми со плински уреди. Знам дека има проблеми и со ганц нови коли, туку што од салон извадени.

Само ко за споредба: во два наврати шетање низ Европа, (првиот на бензин 3670 км, вториот на плин + бензин 3680 км) разликата само во гориво беше околу 200 евра. За некого малку, за некого многу. Мене единствен трошок (покрај плинот) ми беше - масло за подмачкување вентили - околу 700 денара, и адаптери за полначка (АСМЕ за Германија и диш пошто ми се скрши стариот). Нити трошоци, нити заебанции. Бтв, за изузетно кратко време по инсталацијата на системот, поминав преку 40000 км.

Јас барем не го убедувам човекот - во ниеден момент не му реков обавезно да стави плин, за разлика од тебе што го убедуваш да не стави, без да имаш реална основа за тоа. Се обидов да му образложам што е и како е, базирано на моето искуство.

Чинам дека човекот збори за Волво С80 2008, не за Киа Спортаж.
Лично немам искуство, во фамилија имаме 3 возила на плин, сите имаат повремени проблеми.

И постари и понови возила. Не се тоа проблеми што ќе те остават на сред пат, но колите не функционираат ко шо треба. Ќе ти посочам некои:

- чек енџин се пали, човекот се откажа барајќи начин да го среди пошто го мафтаа нон стоп на сервис. Ја вози така. Ја не би ја возел.
- боцата се понаша чудно, не може да се наполни до крај
- зезнати дизни, поради ова се промени цел систем, иако немаше ни 20ккм
- сијаличките не кажуваат точно колку плин имаш
- колата трокира, и не работи рамномерно на плин, поради ова најмалку 5 пати човекот одеше во сервис. Еднаш се деси да помериме договорен одмор пошо колата не му се понашаше добро на плин и моравме да одложиме ден два дур се среди.
- сите возила трошат повремено бензин и доколку се работи за негаражирано возило и кратка утринска релација, колата во секој случај не работи на плин, туку се вози на бензин дур не загрее. Дали у место дали у вожња.
- сите овие возила трошат повеќе плин отколку бензин на л/100км

Ако навлезам гарант ќе  набројам уште причини.


Возилата се Fusion, Kalos I Cruze.


Близок другар исто има проблеми од овој тип на Опел Вектра.

Стварно ме мрзи сеа да документирам и да распрашувам детали за проблемите ама тоа што неам плин не значи дека не перцепирам што се дешава околу мене.

Не го напаѓам твојот или било чиј избор ама јас плин никогаш не би ставил.

I rest my case, џабе ќе се убедуваме кога  секој ќе држи до своето.

Плинот како опција ќе ти даде релативна економија и еден куп ситни проблеми кои ке ти одземат време у решавање.



Sent from my SP551 using Tapatalk


Отсутен duffymkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 134
  • Noob
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2479 на: 17 Јануари 2018, 10:56:03 am »
Па веројатно колку проблеми ке имаш зависи од моторот/плинскиот уред и од мајсторот највеќе.
Некој член побара мислење за Киа Спортаж 1.6 ГДИ  - 2016та, тоа не ми изгледа како добра идеа ни мене посебно зашто треба посебен/поскап уред + ке троши 20% бензин у секој случај.

А за Волвово може да е на Форд ама не сум сигурен, треба да го има истиот во Мондео, инаку 2.0F - Flexifuel има некој промени за да вози на Етанол Е85, е сеа овие промени треба да се зајакнати цревца/дизни/мизни зашо етанолот у споредба со бензинот е по нагризувачки. Треба повеќе да истражам конкретно за овој мотор и ЛПГ уреди...
Офтопик; Е85 не сум сретнал на бензинскиве наши, нема нели ?

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2480 на: 17 Јануари 2018, 17:02:02 pm »
Јас кај мене плинот е местен 10ти 2016та.. Од тогаш има најмалку 25.000км.. Само кај мене има поминато околу 17.000км... Досега плинот го немам пипнато, само еднаш ми се случи да ми замрзни расплињачата пошто влезе воздух во системот..

На плин префрла на 50тина степени, треба само да дадам гас до 1500 обртаи и си префрла.. Е сега супер што кај 50 степени ги крева за помалку 500 метри...
Месечно бензин во овај период ми троши околу 400/500 денари со тоа што секогаш кога го стегам го префрлам на бензин...

Разликата на плин се осеќа во примањето на ниски обртаи, бев на сервис ми рекоја решението е нови "брзи дизни"  и разлика скоро ќе нема..
Али фората е што имам измерено многу пати, градска околу 14л/100км ми излага.. Додека отворено 7.5 до 8.5.. И сега размислувам да сменам дизни али незнам дали ќе се качи потрошувачката.. Пошто и сега не е лошо.. Од можни 193, на плин има 180 што се сосема доволни и што скоро никогаш не ги користам максимално (на плин секако)..

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6214
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2481 на: 19 Јануари 2018, 12:20:06 pm »
Добри брзи дизни немаш испод 150е

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2482 на: 20 Јануари 2018, 10:00:35 am »
Дали некој има искуство со Kia Sportage 2016 1.6 GDI,совет дали да ставам плин?
Добри,лоши страни,цена итн...

За Kia Sportage 2016 1.6 GDI предвидено е вградување на Landirenzo Omegas Direct плински уред, посебно наменет за  GDI моторот на Вашата Kia (најверојатно се работи за код на мотор G4FD).Цената е 980 евра. Слободно може да се постави плински уред на ова возило, кај нас GDI моторите на Kia/Hyundai се меѓу најчестите Direct-injection мотори на кои вградуваме плински уреди. Специфика за сите Direct-injection мотори е тоа што бензиското вбризгување не може целосно да се исклучи, односно по вградување на плински уред возилото ќе троши15-20% бензин и 80-85% плин. Негативни страни се доста високата стартна инвестиција и делумното учество на бензин во вкупната потрошувачка. Позитивни страни се задржувањето на возните карактеристики (отстапување 2-3%) и секако заштедата во пари која се движи од 30 до 35% во однос на возење на бензиски погон. Што се однесува до ќеиф-от, кој секако е индивидуално работа, сепак сметам дека многу поголем ќеиф е колата да се вози на плин, отколку да стои во гаража.

Фала мн,имам уште неколку прашања.Колку години имам гаранција на плинот,што опфаќа гаранцијата и какви трошоци би имал во иднина за плинот?

Гаранцијата на плинскиот уред е две години, без ограничување на поминати километри во гарантен рок. Се што е инсталирано од наша страна е под двегодишна гаранција, исклучок се филитрите за гасна и течна фаза кои се потрошен материјал. Трошоците за одржување опфаќаат замена на филтер за гасна фаза на секои 20,000 километри (1,200 денари), и замена на филтер за течна фаза на секои 40,000 киломеѕтри (500 денари).

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3162
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2483 на: 02 Февруари 2018, 16:56:21 pm »
хехе, ме фати. изгледа ќе биде, да :)
bimer vozi ist model na plin prasaj go

Отсутен momak_31

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 223
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2484 на: 14 Февруари 2018, 20:09:38 pm »
Здраво Плимонт
Имам проблем со полначката за плин, односно кога ќе го завртам капачето до крај, пушта (истекува, шушти) плин. Се работи за поло 6n1.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16710
  • Keep it 100
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2485 на: 16 Февруари 2018, 14:56:34 pm »
Има некој искуство со 1.6 THP турбо бензинецот од Peugeot/Citroen/Mini како се слага со плин?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43650
  • Il Moderatore
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2486 на: 16 Февруари 2018, 19:16:48 pm »
Има некој искуство со 1.6 THP турбо бензинецот од Peugeot/Citroen/Mini како се слага со плин?
Direct injection е овој, ја не би го чачкал.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2487 на: 17 Февруари 2018, 02:39:25 am »
Здраво плимонт, имам бмв е39 m52tub28 мотор, мислам дека плинот беше мимгас.. Имам приметено разлика од бензин и плин али не во снага, пошто имам мерено на време... Туку во самото примање на гаста посебно на ниски обртаи...

Тука Кичево сосема случајно ме советуваа да ставам "брзи" дизни кај кој разликата ќе ја нема.. Со самото тоа ќе сум добиел и намалена потрошувачка.. Моментално потрошувачката е топ (8/9 отворено, 13/14 градска)..
Е сега дали ја зборуваат вистината или па сакаат да ќарат некој денар од мене незнам..
И секако колку коштаат тие дизни и колку за колку време се врши сервисот пошто не сум од Ск ? 

Исто така колку што проверив на плин префрла на 50/60 степени со додавање на туража до 1500 обртаи.. Дали тоа е премногу со оглед на тоа што колава тие степени ги постигнува за 600/700м на температура околу нулата ?

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2488 на: 20 Февруари 2018, 13:10:00 pm »
Здраво Плимонт
Имам проблем со полначката за плин, односно кога ќе го завртам капачето до крај, пушта (истекува, шушти) плин. Се работи за поло 6n1.

Здраво

Веројатно се работи за капаче со долг централен навој кој кога ќе се наврти до крај ја притиска куглата на полначката. Тоа е пластично капаче и навојот едноставно може да се скрати 2-3 мм со скалпел или остар нож.

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2489 на: 20 Февруари 2018, 14:04:17 pm »
Има некој искуство со 1.6 THP турбо бензинецот од Peugeot/Citroen/Mini како се слага со плин?

Дали можете да ни дадете код на мотор или информација за точна сила на мотор?