Дали некој има искуство со Kia Sportage 2016 1.6 GDI,совет дали да ставам плин?
Добри,лоши страни,цена итн...
Друже, со здравје да си ја возиш. Не си уништувај кеиф на кола. Каков плин какви бакрачи.
Sent from my SP551 using Tapatalk
Јас се мислам за плин да ставам ама вакви коментари ме премислуваат цело време, што се случува со плинот за да го уништиш кеифот ?
Има некој листа од топ 5-10 причини зашто НЕтреба да ставиш плин ?
Ја никад не би ставил плин на кола. Ни на нова ни на стара.
Има милион потенцијални проблеми и ситници кои ќе ти го реметат мирот. Што од неквалитетен уред, што од импровизација со капалки и чуда, па се до лоша монтажа и сервис.
Дотолку повеќе да и сите гореневедени фактори се под конец, пак со тек на време ќе се сјебе некое цревце или некоја дрангулија, па ќе бараш совети, па мајсторот ќе ти кажуе ништо не му е терај вака ( пошо веќе ти ги земал парите и не си интерсен), и така.
И увек ќе ти труе колата на плин на секое враќање у рикверц....
Па ќе ти светне некоја сијаличка заради некој рандом дефект, па ќе се изгаси и ќе се чудиш зашто уопште се упалила.
Да не е дефект плинот? Да идам до сервис пред да идам за Грчка?
И мал милион заебанции кои ќе ти се јават зашо си и натакнал полупроизвод на твојата кола која што не е адаптирана од фабрика за работа на плин, туку е за тоа што си ја купил - бензин.
Ама советите се увек исти - трпи плин, нема гајле.
Никад не сум возел на плин, нема ни да возам.
Sent from my SP551 using Tapatalk