Проблемот мене ми е што не ме плаши потрошувачката (јес да троши многу ама свесен бев коа ја земав колата). И сеа нескаам да се замарам со евентуални проблеми што ке никнат од плинскиот уред.
Парите за бензин не ми се проблем да ги одвојам АМА ако има опција за пола цена истото да го добијам незнам зашто да немам плин...
За кое возило станува збор, што толку ти набиле страв?
Абе не е страв туку да не си ставам трн у здрава гума Имам слушано триста глупости зашто небило добро плин ама све се сведува на или стари информации (на пример потрошувачка ке се зголеми за 50% а ке стане многу трома колата) или лоши мајстови па мирисало на плин у колата ово оно...
Инаку за Волво С80 2008ма.
Имам нов план сеа, ми треба едно мало количе за низ град плус за возач почетник и него ке му шлапнам плин па ако е све у ред некој месец ке го префрлам и Волвото
Ако уредот е монтиран кај некој приучен квази мајстор у некоја шупа, веројатно ќе имаш проблеми, катастрофална потрошувачка, ќе ти смрди на плин, итн итн...
Во мојот случај, во секојдневни ситуации не можеше да се познае дали е колата на плин или не. Визуелно само индикаторот/прекидачот за плин во кабината покажуваше дека има плински уред. И нормално, ако погледнеш под хауба.
Потрошувачката беше за околу литро повисока во однос на бензин (така и ми беше кажано дека ќе биде).
Во ниеден момент не осетив мирис на плин во кабината.
Не знам чив е моторот во Волвото, ама најубаво да си направиш муабет со луѓе кои значително повеќе се разбираат во проблематиката, да прашаш што те интересира и тоа соодветно да го размислиш, па да видиш дали ќе ти има поента ставање плин или не.
Разно разни (не)основани скептицизми од луѓе без доволно познавање и/или без никакво сопствено искуство не би требало да ги зимаш здраво за готово.
Субјективен си.
Знаеш дека многу многу многу често има проблеми со плинските уреди.
И никогаш нема да си на чисто.
Заштедата во пари е точно, но не е 50%.
Кога ќе ги одбиеш сите заебанции би рекол 25-30%.
Проблемот е што во Македонија, а и општо на Балканот, стандардот ни е низок и посегаме по половични решенија со цел краткорочна заштеда.
И ве молам не го убедувајте човекот дека е паметно да стави плин на Спортаж од 2016.
Нека си ужива во колата и нека се држи понастрана од плински илузии.
Sent from my SP551 using Tapatalk
Секако дека сум субјективен, ама барем имам реална основа за да бидам. Јас го споделив моето лично искуство со возило на плин.
Знам дека има проблеми со плински уреди. Знам дека има проблеми и со ганц нови коли, туку што од салон извадени.
Само ко за споредба: во два наврати шетање низ Европа, (првиот на бензин 3670 км, вториот на плин + бензин 3680 км) разликата само во гориво беше околу 200 евра. За некого малку, за некого многу. Мене единствен трошок (покрај плинот) ми беше - масло за подмачкување вентили - околу 700 денара, и адаптери за полначка (АСМЕ за Германија и диш пошто ми се скрши стариот). Нити трошоци, нити заебанции. Бтв, за изузетно кратко време по инсталацијата на системот, поминав преку 40000 км.
Јас барем не го убедувам човекот - во ниеден момент не му реков обавезно да стави плин, за разлика од тебе што го убедуваш да не стави, без да имаш реална основа за тоа. Се обидов да му образложам што е и како е, базирано на моето искуство.
Чинам дека човекот збори за Волво С80 2008, не за Киа Спортаж.
Лично немам искуство, во фамилија имаме 3 возила на плин, сите имаат повремени проблеми.
И постари и понови возила. Не се тоа проблеми што ќе те остават на сред пат, но колите не функционираат ко шо треба. Ќе ти посочам некои:
- чек енџин се пали, човекот се откажа барајќи начин да го среди пошто го мафтаа нон стоп на сервис. Ја вози така. Ја не би ја возел.
- боцата се понаша чудно, не може да се наполни до крај
- зезнати дизни, поради ова се промени цел систем, иако немаше ни 20ккм
- сијаличките не кажуваат точно колку плин имаш
- колата трокира, и не работи рамномерно на плин, поради ова најмалку 5 пати човекот одеше во сервис. Еднаш се деси да помериме договорен одмор пошо колата не му се понашаше добро на плин и моравме да одложиме ден два дур се среди.
- сите возила трошат повремено бензин и доколку се работи за негаражирано возило и кратка утринска релација, колата во секој случај не работи на плин, туку се вози на бензин дур не загрее. Дали у место дали у вожња.
- сите овие возила трошат повеќе плин отколку бензин на л/100км
Ако навлезам гарант ќе набројам уште причини.
Возилата се Fusion, Kalos I Cruze.
Близок другар исто има проблеми од овој тип на Опел Вектра.
Стварно ме мрзи сеа да документирам и да распрашувам детали за проблемите ама тоа што неам плин не значи дека не перцепирам што се дешава околу мене.
Не го напаѓам твојот или било чиј избор ама јас плин никогаш не би ставил.
I rest my case, џабе ќе се убедуваме кога секој ќе држи до своето.
Плинот како опција ќе ти даде релативна економија и еден куп ситни проблеми кои ке ти одземат време у решавање.
Sent from my SP551 using Tapatalk