Автор Тема: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори  (Прочитано 880347 пати)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20634
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2430 на: 23 Ноември 2017, 07:57:31 am »
Здраво Плимонт
Имам монтирано Landi Omegas Evo на Форд Фиеста 1,4 (MK6 модел 2002-2008), од пред некое време ми светна Engine Check на шалтабла. На OBD II извади грешка P0171 System Too Lean. Испадна дека настанала при подесување на плинскиот уред на „послаба“ смеша. Ги вратија истите (првични) подесувања на плинскиот уред (пред да јави грешка), и ја избришаа грешката на колата, но при секое наредно палење (и на бензин и на плин), повторно ја јавува истата грешка. Пробано е со clear со повеќе различни OBD уреди, и со два-три пати вадење акумулаторски клеми и оставање 10тина мин. да се испразни целосно струјата, но при секое стартување на уредот истата грешка (и сијаличка на шалтаблата) повторно се јавува. Би дошол директно кај Вас, но не сум од СК.
Совет?


Извини што ќе се умешам, ама да не си сменил добавувач на гориво во скоро време?
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3743
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2431 на: 23 Ноември 2017, 09:27:59 am »
А зашто се замараш? Возија ја така нема никаков проблем едино ако не те нервира сијаличката што свети цело време :)
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Gabau

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 489
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2432 на: 23 Ноември 2017, 09:34:07 am »
Ако стварно има сиромашна смеша, поготово на високи обртаи ќе си ги сјебе вентилите. Затоа подобро да се осигура дали е стварно така или лош плин.

Отсутен Blackadder

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 88
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2433 на: 23 Ноември 2017, 13:10:48 pm »
Здраво Плимонт
Имам монтирано Landi Omegas Evo на Форд Фиеста 1,4 (MK6 модел 2002-2008), од пред некое време ми светна Engine Check на шалтабла. На OBD II извади грешка P0171 System Too Lean. Испадна дека настанала при подесување на плинскиот уред на „послаба“ смеша. Ги вратија истите (првични) подесувања на плинскиот уред (пред да јави грешка), и ја избришаа грешката на колата, но при секое наредно палење (и на бензин и на плин), повторно ја јавува истата грешка. Пробано е со clear со повеќе различни OBD уреди, и со два-три пати вадење акумулаторски клеми и оставање 10тина мин. да се испразни целосно струјата, но при секое стартување на уредот истата грешка (и сијаличка на шалтаблата) повторно се јавува. Би дошол директно кај Вас, но не сум од СК.
Совет?


Извини што ќе се умешам, ама да не си сменил добавувач на гориво во скоро време?
Плин и бензин ставам исклучиво на Макпетрол и Лукоил, последните 5 резервоари (~2500км) плин беа на Лукоил. Летото еднаш се случи истиот проблем (System too lean), ама се среди со преподесување на смешата и вадење на клемата од акумулаторот 5-6 часа. Неколку месеци се беше во ред, но откако падна под нулата утринската температура (нешто да не е и до тоа!?!) пак се запали сијаличката. Ја однесов кај плинарот, повторно подесуваше нешто во плинот, и рече пак со клемата да ја извадам, но нејќе да се избрише грешката. Преку OBD и да ја избришиш по повторно палење и возење (и на плин и на бензин) повторно свети.
Не ми е проблем да ја возам со запалена сијаличка (последно така и ми рече, као терај не се секирај, ламбда сонда на ауспух испраќала грешни сигнали бла бла) но ми е страв да не се јави некоја посериозна грешка а јас да продолжам да си возам мислејќи е само сиромашна смешата.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8872
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2434 на: 23 Ноември 2017, 13:20:46 pm »
смени на МП, колега има ист проблем со фокус 1,4 кога полни на Лукоил плин

Отсутен Blackadder

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 88
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2435 на: 23 Ноември 2017, 13:22:49 pm »
Ако стварно има сиромашна смеша, поготово на високи обртаи ќе си ги сјебе вентилите. Затоа подобро да се осигура дали е стварно така или лош плин.
Се сомневам дека е од лош плин, бидејќи ова се случи при крајот на петта боца од Лукоил. Се сомневам (лаички) дека е до надворешната температура (беше околу -5 кога запали сијаличката при возење, прв пат од монтажа на плинот се вози на толку ниска температура) односно до шотијазнам некое подесување на компјутерот за сооднос. Свесен сум дека можда тресам зелени, затоа сакав да се произнесат @plimont  :)
« Последно менување: 23 Ноември 2017, 14:44:18 pm Blackadder »

Отсутен Blackadder

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 88
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2436 на: 23 Ноември 2017, 13:23:22 pm »
смени на МП, колега има ист проблем со фокус 1,4 кога полни на Лукоил плин
Ќе пробам друже, фала.

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2437 на: 23 Ноември 2017, 15:29:54 pm »
Здраво Плимонт
Имам монтирано Landi Omegas Evo на Форд Фиеста 1,4 (MK6 модел 2002-2008), од пред некое време ми светна Engine Check на шалтабла. На OBD II извади грешка P0171 System Too Lean. Испадна дека настанала при подесување на плинскиот уред на „послаба“ смеша. Ги вратија истите (првични) подесувања на плинскиот уред (пред да јави грешка), и ја избришаа грешката на колата, но при секое наредно палење (и на бензин и на плин), повторно ја јавува истата грешка. Пробано е со clear со повеќе различни OBD уреди, и со два-три пати вадење акумулаторски клеми и оставање 10тина мин. да се испразни целосно струјата, но при секое стартување на уредот истата грешка (и сијаличка на шалтаблата) повторно се јавува. Би дошол директно кај Вас, но не сум од СК.
Совет?


Во секој случај посетете не за да направиме преглед и нова калибрација на плинскиот уред. Ќе го провериме и од бензиска страна, затоа што грешката се активира и по стартување на бензиски погон. За се што ќе се работи на возилото доволно ни е еден работен ден, најдобро е да се слушнеме на телефон еден или два дена претходно (02 2554 666)

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2438 на: 24 Ноември 2017, 10:43:45 am »
Здраво Плимонт. Сијаличката што кажува колку има плин во боцата се заглави :) Цело време свети на едно зелено. Има шанса јас некако да ја средам или ќе мора да се донесе до кај вас?

Иначе се си работи системот како што треба. СТАГ 4 имам на Даеву Нубира.


Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6686
  • Бенве сие бенве
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2439 на: 24 Ноември 2017, 10:52:41 am »
На 2 возила што сум ги имал на плин никогаш не била точна, најдобро решение е ресетирање на трип и секогаш полнење фул


Sent from my iPhone X using Tapatalk

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2440 на: 24 Ноември 2017, 11:25:56 am »
На 2 возила што сум ги имал на плин никогаш не била точна, најдобро решение е ресетирање на трип и секогаш полнење фул


Sent from my iPhone X using Tapatalk

Секогаш се полни фул.

Еве симптоми :) Со еден резервар од прилика поминувам 350км. Сега 440 беше, а сијаличката на едно зелено. Почна да свири како да стигне на резерва. Сменив на бензин, вратив плин, пак едно зелено, пак засвире. На бензинска наполнив плин, пак на едно зелено, не мрдна сијаличката.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7794
  • Плинаш!!!
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2441 на: 24 Ноември 2017, 12:17:50 pm »
Kaj mene za cudo e tocna.

Sent from my MI 4S using Tapatalk


Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2442 на: 24 Ноември 2017, 14:14:21 pm »
Ни јас до сега сум немал проблем. Решив од Топ Трејд да ставам и заглави >)

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7794
  • Плинаш!!!
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2443 на: 24 Ноември 2017, 15:42:43 pm »
Maler

Sent from my MI 4S using Tapatalk


Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2444 на: 25 Ноември 2017, 14:04:37 pm »
Здраво Плимонт. Сијаличката што кажува колку има плин во боцата се заглави :) Цело време свети на едно зелено. Има шанса јас некако да ја средам или ќе мора да се донесе до кај вас?

Иначе се си работи системот како што треба. СТАГ 4 имам на Даеву Нубира.



Здраво

Нема многу што би можел сам да направиш, освен да го провериш кабелот на сензорот на мултивентилот (на резервоарот за плин), но ако е откачен кабелот тогаш ќе покажува цело време полн резервоар, За другите можни причини, заглавен пловак на мултивентил или дефектен сензор, ќе треба да посетиш автогас-сервис