А бе луѓе, 150 кг екстра во кола, нема добро да се изрази на потрошувачка, барем кај мене никад не било добро. А кажав и дека снагата е помала за 10-15%, па размилсете сега каква ќе биде потрошувачката во лето, со клима и +3-ца во кола! Ем ќе треба да земете појачани пружини, пошто колата ќе ви биде ко` ајкула цело време а и задната суспензија нема да биде најсреќна. На таа тежина се` што ќе можете екстра во кола да ставите ќе биде несесер со четкичка за заби и шампон, инаку од се` друго ќе го влече ауспухот по земја. Don`t bother..... тоа е мојот заклучок за CNG, а и плус Chlink што кажа, никој нема да ни` даде да возиме за џабе... големи пари се во игра
многу ме интересира од каде дојде до заклучок дека на метан губиш 10-15% од снагата? тоа што колата ке ти биде оптеретена со екстра товар? и оние 150 кг не ти се реални. 95 литарска боца за метан, железна нормално, собира околу 14,5 кг метан и тоа е една од нај големите боци за метан... истата тежи неполни 100 килограми. кај мене потполно истата боца во кола фабрички вградена, само е карбонска тежи 34 килограми... за мотор 2,5 со таа боца проаѓа околу 150 километри...
Ги пратам малку(од малку) работите, на пример Фиат фабрички вика за неговото Grande Punto Natural Power, на бензин 77кс, на метан 70кс. 0-100 14.9 бензин, 16.9 метан. Топ спид 162 вс 159.
Еве и потрошувачка:
Fuel consumption (urban) 7.9 (5.4 kg) l./100 km.
Fuel consumption (extra urban) 5.4 (3.5 kg) l./100 km.
Fuel consumption (combined) 6.3 (4.2 kg) l./100 km.
Што се однесува до боците и тежината:
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Така да 95 литарска боца, тежи 117КГ +23КГ ЦНГ = 140КГ. Е да, имаш право, сум претерал 10КГ
Едит (пошто сега видов дека имаш Volvo 2.4 bi-fuel)
Бидејќи ти имаш ЦНГ, (и изгледа си единствен на форумов, и среќник, пошто фабрички ти е инсталиран)
за твоето волво, ќе видиш дека 140кс се декларирани на бензин на 4.500в/мин, а за ЦНГ на 5500в/мин. Обртниот момент е 192Нм при 4500 на метан или 220Нм при 3300 на бензин (10% разлика).
Забрзување 10.7 на метан, 10.2 на бензин
А, и тебе не ти е толку страшно, сепак имаш 2.4Л мотор, 140КС, па лесно ќе се снајдеш и со 5 души во кола и со една јахта на приколка закачена