Затоа служи компјутерот на ситемот за ЦНГ. Си видел како изгледа софтверот за подесување лпг/цнг? Ги дава „предвидените“ времиња на бензинските инјекторри (отчитани од ЕКУ-то на возилото), и соодветно зголемените времиња на плинските уреди. На пример, ако при лергас бенз. инјектор е отворен 3 милисекунди при работа на бензин, при работа на плин, лпг инјекторот е отворен 5 милисекунди на лергас.
Целта на лпг компјутерот е да го лаже екуто на колата, дека уствари работат инјекторите во нромален режим, иако фактички тие се исклучени. Во меѓувреме прави транслација на сигналите за тајминзите на бенз. инјектори и ги претвора во соодветни вредности за отворање на плинските инјектори. Времетрањето на отворањето на плинските инјектори зависи од 2 фактори: Притисок во рејлот и голеимна на отворот на дизната.
Така да, нема разлика во менаџментот помеѓу ЦНГ и ЛПГ...Има разлика во снагата, и тоа: бензин > ЛПГ > ЦНГ. со тоа што разликата во снага на кога си на цнг е далеку поостетна, за разлика од ЛПГ-то кај што помалку се чувствува падот на перформанси.
Прочачкај низ темиве, зборевме и пред пола година за метанов, да не се повторуваме сега ...