Дали при исплата на штета каде што вината е 50/50 , и се работи за возило од 1998 година,
ми рекоа од Осигурителната компанија дека ќе ми биде исплатена 50% од штетата, па ме интересира:
Дали деловите ќе се рачунаат 50% од нови или од половни делови?
Дали може колата да ми ја офарба некој фарбар за 50% од цената?
Контактирај со адвокат т.е. со Банзаи пред да идеш кај нив, и пиши на крај што ќе излезе.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
И,... исплатија 400 Евра, пари со кои не можеш само да ја офарбаш колата, кај се деловите, влечење...
Со други зборови: сите осигурителни компании, нудат ова она, а кога ќе дојде време да исплатат
се ќе измислат само да не дадат пари.
Почитувани, откако се консултиравме со одделот за штети, утврдивме дека за ова возило со овој регистарски број, нема регистрирано штета во нашата компанија.
Па поради тоа не би можеле да ги коментираме оштетувањата, начинот на решавање на штетата и износот кој ви бил исплатен.
Ви благодарам
Поздрав
Винер Осигурување
Teбе ни 50% не те исплатиле.
За да може да се даде ваква констатација, потребно е да се знаат оштетувањата од штетниот настан, дали имало претходни оштетувања, староста на возилото итн. итн...
Многу неблагодарно е да се дава мислење без да се знаат сите податоци околу штетниот настан.
Кажавме и претходно, за ова возило во Винер осигурување не е регистриран штетен настан ниту како причинител ниту како оштетен, затоа би се оградиле од понатамошни кометари околу штетата на ова возило.
Нема годиште за каросерија.
Ако браникот е пукнат се рачуна нов пр. браник 500е, фарбање + 200е = 700е вкупно
Треба да му исплатат 350евра ако треба да биде 50%
Така?
Почитувани, пластичните делови од каросеријата не подлежат на амортизација, и доколку истите се за замена се плаќаат на нивната полна вреднот.
Каросериските делови (лимаријата) за возила до 4 години старост немаат никаква амортизација, после тоа за секоја наредна година се смета 10% амортизација.
Цената на браникот зависи од моделот на возилото, од колку дела е составен истиот, дали со или без лајсни итн итн, и тој може да се движи од ~15.000,00 денари па нагоре, фарбање на браник е од 50 до 70 евра во зависност од сервисот, 200 евра е висока сума доколку станува збор само за фарбање на браник. Во самата пресметка се сметаат и работни часови за поправка/замена на оштетениот дел, итн. итн...
Во случаите каде има поделена одговорност, во случајов 50/50, ќе се исплати половина од проценетата сума, од која дополнително ќе се одземе амортизираната вредност на деловите кој подлежат на амортизација.
Кои се тие делови кои подлежат на амортизација?
Дали се тоа браници, крила и сл., ако се такви делови баш ме интересира како се амортизираат?
Teбе ни 50% не те исплатиле.
Drugar, onaka odokativno kolku trebalo da se plati spored tebe za shtetava?
Zemi vo predvid godishte na voziloto i podelenata odgovornost.
Kolku za info pogolema shteta od ovaa ja sanirav za 380 evra.
Inaku u Winner rabotam i utre ako mi tekne ke proverm shto kako i zoshto bilo tolku isplateno.
Зошто при плаќање на авто одговорност, не се зима во предвид годината на возилото?
Досега на сите возила од прва регистрација, до последна што сум ја платил основицата е иста минус попустот за ненаправена сообраќајка.
Дали сервисерите ја зимат во предвид годината на произвотство или цената на деловите?
Браниците и пластичните каросериски делови не подлежат на амортизација, остатокот подлежи на амортизација.
До 4 години старост нема никаква амортизација, после тоа секоја наредна година се додава 10%, за возила над 14 години старост се смета дека вредноста на истите е 10% од новонабавната вредност.
Начинот и висината на Автоодговорноста е регулирана од страна на Националното Биро за осигурување.
Во некои земји се зема староста (вредноста) на возилото во основицата. Кај нас и оној што има пезетка од 75та и нов Пасат тси, плаќаат исто регистрација, што не е во ред.
Цената на Автоодговорноста на патничките возила се одредува според моќноста на возилата, а не според староста на истите.
Но тоа не е нешто за к ое одлучуваат осигурителните компании, за тоа одлучува Националното биро за осигурување.