За да може да исплаќаат штета полесно
Сега важи муабетот недај боже да те удри некој осигуран во Винер
Од кај па сега тој муабет, посочи ми пример во ПП и ако стварно е обесправен некој ќе се потрудам да добие и повеќе од што му следува.
Стварно ова е форум и секој може да пише што сака, ама барем тука секој што се обратил или имал штет аво Винер бил истретиран како што треба без разлика дали станува збор за штета или пак за полиса.
Немојте со безвезе муабети Ве молам...
Како повикан еве го моето искуство.
Јас сум членот што имаше штета, возилото што ме удри беше осигурано во Винер. Ми остана врежано во глава дека членот Калимеро има кажано дека работи во Винер, а зошто претходно не сум имал ваква случка го контактирав.
Ми кажа како оди постапката, уште еднаш да му се заблагодарам зошто човекот стварно се ангажира да заврши работа. Утре дента бевме до Винер со нивниот клиент и возилото можев да го оставам истиот ден на поправка. Јас го оставив една недела зошто ми се поклопи терминот со планирано патување. Ако го оставев одма ќе си го земев поправено за една недела по случката.
Калимеро ми кажа дека тоа е редовна постапка кај нив, не дека сум добил привилегии зошто се повикав на него.
Според моето искуство останува само да го префрлам осигурувањето кај нив на наредна регистрација, така се привлекуваат клиенти.
Баш ми е кеиф што си задоволен, и да процедурата е таа, можеби два три дена повеќе додека да се распредели и да се обработи, јас само замолив тоа да биде веднаш.
Кога ќе регистрираш повторно обрати ми се, овој пат за да добиеш подароци кој ти следуваат како член на Карклуб.
Надвор од ова...
Многу ми е кеиф кога некој ќе дојде не со намера да се кара туку ете биднало беља и дај сега што да направиме да се среди, така ќе помогнам на било кој и ќе се заложам веднаш се да се среди.
А кога некој уште невлезен доаѓа со намера да се кара затоа што он негде слушнал нешто или ќе почне со приказните дека сме биле апаши, вака, онака, нити имам желба нити имам кеиф да помогнам, зошто на крај од ден тој пак ќе биде незадоволен зошто кај тие се нешто ќе им фали и нема да им биде како што треба.
Од форумов имало неколку членови кој се обратиле и кој се задоволни ама имало е такви кој се обратиле свесно да направат превара, едниот го фатија ама замижаа и исплатија 100 евра, тоа после на нос ми излезе мене, а членот пак беше незадоволен зошто на друго место повеќе ќе исплателе, НЕ немаше да исплатат туку ќе завршеше со пријава против него ама ...
Кај друг член имаше промена на возачите и пак имаше некое незадоволство...
Ако се си е регуларно, нема потреба никој да се замара, до денар се ќе биде исплатено и поправено.