Бонусот или Малусот (доплатокот) го пресметува Националното биро за осигурување, доколку имате одреден попуст, пример 20% по направена штета, зависно од висината на штетата НБО одлучува колку попуст да исгубите, најчесто се враќате "една скала" назад, односно наредна регистрација во полисата ќе имате 15% попуст или помалку, зависи од одлуката.
Во вашиот случај Вие сте немале попуст а сте направиле штета, со што добивате малус (доплаток) кој е изразен во проценти од основната премија.
Инаку од пред извесно време за сопственици на повеќе од 5 возила се пресметува групен бонус/малус, и истиот се пресметува на годишно ниво, и таму процентите не се одат (5, 10,15 итн) туку може да има попуст 12,5% зависно од техничкиот резултат во претходната година, за ова одлучува НБО а осигурителните компании немаат никакво влијание врз цената, бонусите доплатоците итн...
Поздрав
Винер осигурување