Зелен картон, има само на година или? За што ни е потребен зелениот картон во странство? Доколку дојде до сообраќајка во странство како да постапиме?
За патнички возила постои месечен и годишен зелен картон, за возила до 66 кв (90 кс) месечен зелен картон е 1.850,00 денари, за возила над 66 кв месечен зелен картон е 3.075,00 денари, годишна зелена карта за возила до 66 кв е 3.690,00 денари а за возила над 66 кв цената е 5.536,00 денари.
Зелениот картон е одговорност кон трети лица во странство, односно доколку Вие сте причинител на сообраќајна незгода, оштетениот пријавува штета по вашата зелена карта.
Повели: http://www.carclub.mk/2012/07/17/soobrakjajna-nezgoda-vo-stranstvo/
Благодарам
@zeroSignal, тука е убаво објаснета целата постапка.
Здраво @Винер Осигурување . Дали фактурата за каско полиса со секоја измината година треба да се намали ? Или нешто како попуст за непријавена штета и слично, со секоја измината година ? Истото важи и за цмр осигурањата.
@Спенсер, кај каско осигурувањето доколку нема пријавено штета правило е секоја година премијата на полисата за каско осигурување да се намали за одреден процент, ова е комплексно прашање затоа што доколку се работи за правно лице се гледа техничкиот резултат итн итн ...
Истото се однесува и за ЦМР осигурување, многу фактори се земаат во предвид при пресметка на ЦМР осигурување за да би можеле да ви дадеме конкретен одговор.
Доколку постои интерес бидете слободно да ни се обратите и посетите во некоја од нашите филијали или пак во дирекција за да детално ни ги објасните вашите барања согласно што ќе добиете и соодветна понуда.
Ви благодарам