Автор Тема: Винер Осигурување - Прашања и совети во врска со осигурување  (Прочитано 172341 пати)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Знам за шое,само ме интересираше како ги одредуваат малусите,кога на толку мала и непостоечка штета е толкав малусот тогаш можеш да замислиш на поголема колкав би бил.Црнечки еаго. ;D
Туку сега пак европскиот е ограничен до 750е штета или е неограничена сума доколку возилото е во возна состојба?50пати ги сменаа тие работи.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Винер Осигурување

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 33
Околу висината на малусот, најдобро е да се јавиш во НБО на 3095-793 и да се информираш, ќе те препратат и они каде да се јавиш.

Европски записник се прави кога двете возила се со македонски регистарски ознаки, регистрирани, во возна состојба, нема повредени и возачите имаат валидни возачки дозволи, секако и доколку постои согласност дека едниот е причинител а другиот оштетен.

Во секој друг случај се вика полиција.
Тука сме за сите прашања поврзани со осигурувањето :)

Отсутен antibiotic1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 302
  • МАЗДАШ

За повеќе информации свртете на 15999, побарајте го колегата Игор кој е запознаен дека за членовите на Кар Клуб важат поинакви правила од редовните за добивање на подароците.

Поздрав
Винер Осигурување
Дали уште давате по 5 подароци за членовите од тука, но само за извадена АО полиса?
Лани вадев АО и зелен картон и добив некои 5 подароци.
Old Mazda's never die, they just get faster.

Отсутен Винер Осигурување

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 33

За повеќе информации свртете на 15999, побарајте го колегата Игор кој е запознаен дека за членовите на Кар Клуб важат поинакви правила од редовните за добивање на подароците.

Поздрав
Винер Осигурување
Дали уште давате по 5 подароци за членовите од тука, но само за извадена АО полиса?
Лани вадев АО и зелен картон и добив некои 5 подароци.

Останува истиот принцип, за секоја извадена полиса ќе добиете подароци, сет со автогалантерија (држач за мобилен, микрофибер крпа, микрофибер ракавица, спреј за шалтабла, перниче за патување, батериска ламба итн, итн ...), или пак сет со новогодишен рекламен материјал (календари, тефтери роковници итн, итн...)
Тука сме за сите прашања поврзани со осигурувањето :)

Отсутен Bayern

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 44
Дали може да се извади зелена карта на рати

Отсутен Винер Осигурување

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 33
Дали може да се извади зелена карта на рати

Зелена карта може да се издаде на рати.
Доколку станува збор за патничко возило со моќност до 66 кв, годишна зелена карта чини 3.690,00 денари, плаќањето на Зелената карта може да биде најмногу на 3 рати за физички лица или 2 рати за правни лица.
Доколку станува збор за патничко возило со моќност над 66 кв, годишна Зелена карта чини 5.536,00, плаќањето на Зелената карта може да биде најмногу на 5 рати за физички лица или 3 рати за правни лица.
За товарни возила годишна зелена карта чини 17.222,00 денари и плаќањето на истата може да биде најмногу на 10 рати и за физички и за правни лица.
Тука сме за сите прашања поврзани со осигурувањето :)

Отсутен Боби

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 101
Дали може да се извади полиса за АО на половина година? За 6 месеци само?

Отсутен Винер Осигурување

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 33
Неможе, Автоодговорноста за патнички возила е со важност од една година, пократко од една година може само за мотоцикли.
Тука сме за сите прашања поврзани со осигурувањето :)

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m

За повеќе информации свртете на 15999, побарајте го колегата Игор кој е запознаен дека за членовите на Кар Клуб важат поинакви правила од редовните за добивање на подароците.

Поздрав
Винер Осигурување
Дали уште давате по 5 подароци за членовите од тука, но само за извадена АО полиса?
Лани вадев АО и зелен картон и добив некои 5 подароци.

Не се летај по подароци, ако дојде време некогаш да треба да те исплати осигурителната компанија ќе те мавта и мала сума ќе ти исплати.
Гледајте саглам компанија да одберете пр. ќе го посочам Триглав како најкорекни.

Отсутен Боби

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 101
Зелен картон, има само на година или? За што ни е потребен зелениот картон во странство? Доколку дојде до сообраќајка во странство како да постапиме?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7387
Здраво @Винер Осигурување . Дали фактурата за каско полиса со секоја измината година треба да се намали ? Или нешто како попуст за непријавена штета и слично, со секоја измината година ? Истото важи и за цмр осигурањата.

Отсутен Винер Осигурување

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 33
Зелен картон, има само на година или? За што ни е потребен зелениот картон во странство? Доколку дојде до сообраќајка во странство како да постапиме?

За патнички возила постои месечен и годишен зелен картон, за возила до 66 кв (90 кс) месечен зелен картон е 1.850,00 денари, за возила над 66 кв месечен зелен картон е 3.075,00 денари, годишна зелена карта за возила до 66 кв е 3.690,00 денари а за возила над 66 кв цената е 5.536,00 денари.

Зелениот картон е одговорност кон трети лица во странство, односно доколку Вие сте причинител на сообраќајна незгода, оштетениот пријавува штета по вашата зелена карта.

Повели: http://www.carclub.mk/2012/07/17/soobrakjajna-nezgoda-vo-stranstvo/

Благодарам @zeroSignal, тука е убаво објаснета целата постапка.

Здраво @Винер Осигурување . Дали фактурата за каско полиса со секоја измината година треба да се намали ? Или нешто како попуст за непријавена штета и слично, со секоја измината година ? Истото важи и за цмр осигурањата.

@Спенсер, кај каско осигурувањето доколку нема пријавено штета правило е секоја година премијата на полисата за каско осигурување да се намали за одреден процент, ова е комплексно прашање затоа што доколку се работи за правно лице се гледа техничкиот резултат итн итн ...
Истото се однесува и за ЦМР осигурување, многу фактори се земаат во предвид при пресметка на ЦМР осигурување за да би можеле да ви дадеме конкретен одговор.

Доколку постои интерес бидете слободно да ни се обратите и посетите во некоја од нашите филијали или пак во дирекција за да детално ни ги објасните вашите барања согласно што ќе добиете и соодветна понуда.

Ви благодарам
Тука сме за сите прашања поврзани со осигурувањето :)

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5548
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Pozdrav do vas,
edno prasanje.

Edno od vozilata doma e na tatko mi ime i na nego imame sobrano MAX popust.
E sega, poradi bolest tatko mi ne e vo moznost na registracija da doaga a voziloto go vozi zena mi.(lokalno samo)

Koj mi se opciite da ne go izgubam popustot?

Drugoto vozilo na moe ime sto e isto taka popustot e do MAX.
Mislev na moe ime da go prefrlam ali ne sum siguren okolu popustot.
So vadenje polnomosno nema da se izgubi popustot, ali posle smrtta negova ke treba so ostavinska da se prefrli sopstvenosta  na voziloto pa taka toa mi e nepotrebno kompliciranje.
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Pozdrav do vas,
edno prasanje.

Edno od vozilata doma e na tatko mi ime i na nego imame sobrano MAX popust.
E sega, poradi bolest tatko mi ne e vo moznost na registracija da doaga a voziloto go vozi zena mi.(lokalno samo)

Koj mi se opciite da ne go izgubam popustot?

Drugoto vozilo na moe ime sto e isto taka popustot e do MAX.
Mislev na moe ime da go prefrlam ali ne sum siguren okolu popustot.
So vadenje polnomosno nema da se izgubi popustot, ali posle smrtta negova ke treba so ostavinska da se prefrli sopstvenosta  na voziloto pa taka toa mi e nepotrebno kompliciranje.
За 1500 денари и 2000 нека се не ти се исплати оставинска постапка. Регистрирај го и префрли го.