Се работи едно или друго со поголем итензитет. Дури шасијата спие и чека фарбање се работат другите ствари полека, да бидат спремни за употреба еднаш штом се започне со собирање.
Нешто што ми тежеше на срце да го најдам и морав да го имам е дигитална табла Digifiz. Тешко е да се најдат од неколку причини, прво ретки се затоа што не многу се продадени (на времето ги давале со 2000$ доплата), второ од тие што ги има доста се дефектни бидејќи грешка врзен вакум или инсталација и толку од нив. Уште еден дополнителен проблем за мене беше што постојат 4 комбинации од истите а мене ми требаше еден конкретен. Постојат два типа basic pcb и digifant redesign, е сега дополнително ги има до 7 илјади обртаи (од 8v гти мотор) и 8 илјади обртаи од KR (тоа што ми треба 8к + digifant redesign).
Па може по година дена барање и наоѓање погрешна комбинација, налетав на она што ми треба и ја добив комплет не чепната.



Е сега едвај чекам да ја видам на кола... ама некој паметен у овој бизнис рекол не постои брзање у спротивно се е џабе.