Колата регистрирана но главата уште не ми е мирна, се собираат уште делови, секогаш фалат ситници па се собираат полека полека.
Свежо од рерната на OEM Car stickers дојдоа фабричките стикери кои се на кола, дел ги добив претходно дел сега.

Штом е отворена хаубата значи дека се работи.

Најголем проблем ми беа полумесеците. Имав оригинални половни само за десната страна, нарачав цел сет за двете страни комплет репродукциски кои се изработени од ист материјал и имаат иста текстура, меѓутоа калапот им е за 3цм потесен така да никако не одговараа... следен чекор среќа во несреќа е што нови оригинал се наоѓаат само за левата страна напред и назад. Нарачани се оригиналните и ќе се репарираат десните половни за да се добие цел сет.
Пробно лева страна:

Уште чекам да стасаат нов сет предни трепкачи, шалтаблата оди кај
@Deno за да се облече во кожа бидејќи половна здрава исто нема а мојата има 2 мали пукнатини кои бодат очи. Заедно со неа ќе се средува и плафончето.
Исто така додека се работи во гаража добив посета од стара љубов, новиот сопственик на двојката ГТИ со 4/5 врати дојде да ме посети да се запознаеме и да споделиме ист ентузијазам за колите. Среќен сум што колата е кај вистински љубител и е вложено дополнително во неа.

Секако не е се така розево, алансерот иако носен кај електричар да се провери и среди прави проблем на палење, во меѓувреме снемав предно светло така да барам да го лоцирам проблемот.