Додека има време за тепање да направиме еден апдејт на темата.
Со оглед на моменталната ситуација сите обврски се ставени речиси во мирување, освен некои делови што стасаа по пошта а беа нарачани од многу порано. Секако дека и времето со зимски услови во пролет не помага многу.
Да почнеме со ред, стасаа носачите за прозор кои ми фалеа за да можам да почнам со монтирање на предните тапацири од вратите.

Стаса и ново капаче за задниот браник кај куката за влечење, го имам оригиналното офарбано но за жал требаше да стои залепено со силикион бидејќи беа искршени жабиците и не сакам да правам таков компромис иако не е нешто видливо на око.

Следно стасаа таканаречените "вафли" или капачињата за бандажите и сега се комплетно спремни за фарбање бидејќи се комплетирани 90%.


@DARK MK1 GTI почна да ги гланца и вети дека ќе биле поубави од неговите, така да нека му се држи





И за крај, своевремено како додатоци на колите се додавале таканаречени turbo fans кои помагале за побрзо ладење на предните сопирачки како аеродинамични помагала. Долго размислував дали да бидат само украсни додатоци (нефункционални) колку за изложба да биде поинтересно кога ќе се представува колата или да бидат вистински функционални модели.
@darko mk5 ми ја разбра идејата и вложи доста време во дизајнот и изработката на 3Д дизајнот кој треба да биде изработен од алуминиум на ЦНЦ машина во скоро време.
