Автор Тема: VW Golf MK2 GTI 16V  (Прочитано 131127 пати)

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4220
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #465 на: 18 Јуни 2019, 13:05:57 pm »
Motorot e EFI, 1.8 16v 140hp + katalizator?
edit: vidov, k jet :)

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #466 на: 18 Јуни 2019, 18:30:11 pm »
@marmlad k-jet е, со тоа што петта дизна е електронска наместо на соленоид, издувната е подобрена во споредба со фабричката. Не очекувам да вади над 140кс некаде меѓу 130 и 140 е.

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #467 на: 03 Јули 2019, 02:54:21 am »
Колата регистрирана но главата уште не ми е мирна, се собираат уште делови, секогаш фалат ситници па се собираат полека полека.

Свежо од рерната на OEM Car stickers дојдоа фабричките стикери кои се на кола, дел ги добив претходно дел сега.



Штом е отворена хаубата значи дека се работи.



Најголем проблем ми беа полумесеците. Имав оригинални половни само за десната страна, нарачав цел сет за двете страни комплет репродукциски кои се изработени од ист материјал и имаат иста текстура, меѓутоа калапот им е за 3цм потесен така да никако не одговараа... следен чекор среќа во несреќа е што нови оригинал се наоѓаат само за левата страна напред и назад. Нарачани се оригиналните и ќе се репарираат десните половни за да се добие цел сет.

Пробно лева страна:



Уште чекам да стасаат нов сет предни трепкачи, шалтаблата оди кај @Deno за да се облече во кожа бидејќи половна здрава исто нема а мојата има 2 мали пукнатини кои бодат очи. Заедно со неа ќе се средува и плафончето.

Исто така додека се работи во гаража добив посета од стара љубов, новиот сопственик на двојката ГТИ со 4/5 врати дојде да ме посети да се запознаеме и да споделиме ист ентузијазам за колите. Среќен сум што колата е кај вистински љубител и е вложено дополнително во неа.



Секако не е се така розево, алансерот иако носен кај електричар да се провери и среди прави проблем на палење, во меѓувреме снемав предно светло така да барам да го лоцирам проблемот.

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #468 на: 03 Септември 2019, 01:23:58 am »
Еден апдејт другари, се заборавивме малку :D

Ентериерот е во финална фаза, плафончето е веќе готово уште шалтаблата да ја заврши @Deno и може финално да се собира.

Мислам дека спомнав дека шалтаблата не беше во најдобра состојба, испукана од годините и сонцето и на места извитоперена така да Дено извини брат ама знам дека стакло ќе биде кај тебе.



И плафонот финално завршен веќе, наместен провизорно на кола но немам сликано, викендов што иде ќе се работи ќе сликнам нешто.




Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #469 на: 13 Септември 2019, 17:23:37 pm »
Почнав да местам полумесеци, вадење браници, местење на полумесеци, малку ваму малку и таму и изгледа вака:







Една фотка и од ентериерот, плафонот наместен, пластиките на стубовите се чистат средуваат за да се намести се:


Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #470 на: 15 Јануари 2020, 01:06:07 am »
Другари, полека кога ја отварате темава да не кренете премногу прашина па да ми кивате после јас да сум ви крив  ;D

Се работеше и на двојката, со помал интензитет но секогаш ситниците се тие што одземаат време и енергија. Фалат уште некои работи  па ако има некој делови за двојка, посебно стари врати без растурени механизми и слично пишете во пп би ви бил благодарен.

Последно @Deno работеше на шалтаблата која испадна нешто вака:





Исто така на овој модел ретровизорите, т.е. капачињата од ретровизорите треба да бидат во боја на шасијата. Ми фалеше лев ретровизор на штелување, пред некое време налетав на здрав и сега комплетно се спремаат за вапцање.



Предниот десен полумесец го имав оригинал половен, беше во доста лоша состојба бидејќи со бушење директ преку пластика и крило се местат чисто да знаете ако ви треба и тоа саморезни од најевтините да си купите.



Нарачани се веци за ББС-от 2x2 и 2x1.5 цол и би дошле 7.5 со 8 цола финално, исто чекам да стигнат и нови штрафови за венците и вентили за пумпање.



Во меѓувреме ја поместив колата во просторот од гаражата каде што имам повеќе место за работа и се спрема за редење на шалтабла и други пропратни работи.


Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #471 на: 15 Јануари 2020, 11:11:37 am »
Браво бе дечки, браво!

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #472 на: 15 Јануари 2020, 11:45:52 am »
Свака част!

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3600
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #473 на: 15 Јануари 2020, 12:32:19 pm »
dobri lipovite :)

a za saltablata....porno! svaka cast @Deno

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #474 на: 22 Јануари 2020, 01:36:52 am »
@darko mk5 ептен добри, сега уште еден чичо да среди транспорт до Скопје  ;D

Инаку еден мал апдејт, најдов оригинална вакум пумпа за совозачка врата за централното, треба да најдам за возачка врата и за багажник ако успеам.

Плус ова:



Итс Волфсбург едишн  8)

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #475 на: 07 Февруари 2020, 00:13:27 am »
Стасаа некои пакетчиња по пошта. Ги добив венците за бандажите конечно како и штрафовите кои одат на бандажите за да бидат склопени.



Дополнително монтирав уште некои нови делови кои беа набавени од порано но сега им дојде ред.





Па продолжив со местење на шалтаблата.












Отсутен МулевР

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1393
  • Велешанче
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #476 на: 07 Февруари 2020, 00:49:11 am »
Убавини. Само напред
Project car: Opel Kadett C
Daily 1: Opel Corsa E
Daily 2: Yugo Koral 1.1i

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #477 на: 07 Февруари 2020, 11:36:10 am »
Зошто таква боја на штрафови?

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #478 на: 07 Февруари 2020, 18:54:46 pm »
Чика Златен бидејќи ми се допаѓа ефект на горен Титаниум, сакав нешто различно и нешто што додава мој печат на целокупниот изглед на колата.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #479 на: 07 Февруари 2020, 19:36:48 pm »
Ај да не судам пред време, ќе почекам краен резултат. Може како целина и добро ќе дојде, па и да не дојде... голем ташак, вас нека ви е убаво ;D