Автор Тема: VW Golf MK2 GTI 16V  (Прочитано 131117 пати)

Отсутен martin_bt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2512
  • Дете Битолчанче
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #450 на: 29 Мај 2019, 00:36:05 am »
Секоја чест, браво!
Што вредат коњските сили ако зад воланот седи магаре ... ? ;D


Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #451 на: 29 Мај 2019, 00:53:27 am »
Фала ви другари за убавите зборови, секако значат охрабрување за секоја понатамошна работа. Убаво е да има нешто што нас овде не спојува во општество каде се бројат само разликите :)

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #452 на: 07 Јуни 2019, 17:48:14 pm »
Конечно колата спремна за транспорт и регистрација, старите таблици одјавени и вратени сега останува а-тест на моторот и да помине технички. Деновиве ќе биде транспортот до Струмица каде што ќе се довршат некои детали околу ентериерот и екстериерот.

Бидејќи моите бандажи и гуми не се спремни за долги релации, @Lhasa Green ми ги позајми неговите, па сега колите изгледаат вака некако:








Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7231
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #453 на: 07 Јуни 2019, 22:16:57 pm »
Мене ми се допаѓа рокадата.

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #454 на: 10 Јуни 2019, 17:46:14 pm »
Саботата и денес се вршат последни подготовки пред А-тест и регистрација.

Ги најдов сите делчиња и ја врзав рачната и ја наштелував. Страничните лајсни се средени и наместени со нови жабици, останува да ги средам полумесеците и праговите.





Конечно најдов друг механизам за затварање на хаубата и сега и тоа е поправено. Ставени се страничните држачи на крило за предниот браник и се е наместено, останува финално да го наместам предниот спојлер на браникот после регистрација бидејќи ќе фати.









Од сабајле денес го поднесов барањето за А-тест, утре треба да го подигнам од МВР и штом завршам со појасите и седиштата утре да се упатам на технички. Држте палци другари  ;D

Отсутен godofspeed

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2851
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #455 на: 10 Јуни 2019, 22:08:39 pm »
Прекрасно
Неколку пати ја имам исчитано темава од почеток до крај.Така од мерак :D

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #456 на: 11 Јуни 2019, 14:24:42 pm »
@godofspeed ти благодарам  :)

Денес успеав со нервози да земам упатница од МВР за А-тест, можело и за десет минути да се заврши работа ама порадо ќе те вратат неколку пати со изговор дојди подоцна, нејсе тоа е завршено.

Денес од сабајле ги средив седиштата, сега лежат на шини како што треба, наместени се предни појаси за безбедност и спремен за регистрација. Бидејќи ги чекав доста документите ми закажаа регистрација утре во 8 утрински од рано со убаво да почне денот.

Во меѓувреме:






Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #457 на: 12 Јуни 2019, 11:55:51 am »
Епа другари, добив табли конечно. На технички помина се во најдобар ред, беа изненадени од ниското ниво на издувни гасови. Кочници, рачна се под конец.

Присутен МулевР

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1393
  • Велешанче
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #458 на: 12 Јуни 2019, 14:28:42 pm »
Честитки. Да и се изнавозиш
Project car: Opel Kadett C
Daily 1: Opel Corsa E
Daily 2: Yugo Koral 1.1i

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #459 на: 12 Јуни 2019, 17:12:10 pm »
 Фала ти @МулевР па да се начекаме на некоја изложба сега.

Еве нешто и од денес:






Присутен МулевР

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1393
  • Велешанче
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #460 на: 12 Јуни 2019, 17:35:56 pm »
Немора да чекаме собир, можеме да си направиме и сами некоја викенд вожња-дружба, ако има екипа
« Последно менување: 12 Јуни 2019, 17:46:58 pm МулевР »
Project car: Opel Kadett C
Daily 1: Opel Corsa E
Daily 2: Yugo Koral 1.1i

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #461 на: 12 Јуни 2019, 18:32:06 pm »
Честито! :)

Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2615
  • Custom made interiors
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #462 на: 14 Јуни 2019, 11:20:05 am »
Е ова е остварување на сон. Секоја чест!

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #463 на: 14 Јуни 2019, 12:30:11 pm »
Епа другари, добив табли конечно. На технички помина се во најдобар ред, беа изненадени од ниското ниво на издувни гасови. Кочници, рачна се под конец.
Честитки.

Имаш податок за нивото на издувни гасови, чисто од радозналост ме интересира што сметаат они ниско ниво.

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #464 на: 18 Јуни 2019, 11:34:21 am »
@vlatko.klp реално очекуваа Еуро 0, бидејќи не нагласив дека имам катализатор плус влијание на издувните гасови има и како е наштелувано и палењето. Не ги паметам сите вредности, на ламбда сонда си даде очекувана вредност 1, моторот реминтиран и вратен на фабричка 0 извади долна граница на Еуро 1.