Другари мислевте толку а, не работи овој повеќе на колата

Ве држам малку во неизвесност само хахаха, шала на страна се работи на колата но со намален интензитет, т.е. до пред една недела. Сега работите се мрднати од мртва точка. Морав да набавам еден куп делови кои кај мене не беа во состојба да се искористат.
1. Цевки за гориво скапани
2. Цевки за кочници.. продупчени
3. Скапани држачи за резервар
4. Искинати кедери
5. Карданче за летвата
6. Еден тон мутери. штрафови и сл
Штом ги набавив, очистив и офарбав тоа што ми треба за колата проблемот кој се јави е дека немам канал ниту доволно ширина во гаражата за работа и нормално најлогично место е да се оди кај другарот Антонио каде што доста често до доцна во ноќта се работеше да се склопи и кецот. Пред да се качи на камион колата морав да ја вратам на тркала, да ги наместам стаклата, механизми на вратите итн.



И сега главната операција, двојката оди кај Антонио у гаража да се местат цевки за кочници и гориво, моторот и менувачот се исто кај него у гаража така да механички колата таму треба да застане на здрави нозе. За тоа време моментално грдото пајче на
@darko mk5 оди на чување кај мене под видео надзор

. Даре дај смени си никот во даре тигуан немаш мк5 повеќе.

Дечкото у последен момент ги полира бандажите



И одма акција, заштита со восок, фарбање на балансштангли, летви, рукавци итн. Рукавците и главините се од Голф 3 бидејќи на нив можам да ставам други носачи за шапите и поголеми шапи со 280мм диск напред.












Нарачан е цел сет за репарација на шалтер и бирач, штом стаса ќе има слики и од тој процес. Во меѓувреме стасаа нови ГТИ полумесеци, се чекаат уште некои делчиња за сега и кое како затреба ќе се нарачува.